Неаполски Залив
Изглед
Неаполски Залив (италијански: Golfo di Napoli) — залив на југозападниот брег на Италија (покраина Неапол во регион отКампанија). Западно гледа кон Средоземното Море. На север се граничи со градовите Неапол и Поцуоли, на исток со планината Везув, а јужно со Сорентскиот Полуостров и неговиот главен град Соренто; Овој полуостров го двои Неаполскиот од Салернскиот Залив.
Во самиот залив се сместени островите Капри, Искја и Прочида. Оваа област е важно туристичко одредиште за Италија со римските рушевини во некогашните градови Помпеја и Херкуланеум (уништени во 79 год. со ерупцијата на вулканот на Везув).