Моч
Моч (или урина, од лат. urina) е отпаден производ на организмот, создаден во бубрезите при филтрацијата на крвта.
Настанување
[уреди | уреди извор]Кај клеточниот метаболизам се создаваат мноштво отпадни материи богати со азот и други материи што се раствроливи во вода, кои треба да се исфрлат од крвта. Тој процес се врши во бубрезите, а создадената течност се нарекува моч. Од бубрзите, преку мочоводите, таа се спушта во мочниот меур, каде останува неколку часа, а потоа со исфрлање, односно уринирање, преку уретрата организмот се ослободува од мочта. Кај повеќето животни мочта содржи и феромони, поради што мокрењето на определени места е поврзано со маркирање на територијата.
Човечка моч
[уреди | уреди извор]Количеството моч што се создава за одреден временски период се нарекува диуреза. Во нефролошката практика, при мерењето на волуменот на исфрлена моч најчесто се зема период од 24 часа. Во нормални околности, дневното количество моч изнесува 800-1500 см³.
Мочта има кисела реакција и нејзината pH вредност изнесува помеѓу 5 и 6.
Хемиската и микроскопската анализа на мочта има големо дијагностичка важност. На пример, при дијабетес во мочта се регистрира шеќер, а при нефритис - белковини. Секое отстапување од нормалниот состав на урината укажува дека метаболизмот на телото не е во ред.
Боја
[уреди | уреди извор]Мочта во нормални околности има жолта боја и во зависност од внесените хранливи материи во организмот таа може да варира од светложолта до темножолта боја. Врз промената на бојата на мочта може да влијае покачената телесна температура, како и губењето телесни течности преку потење, повраќање или пролив.[1]
-
Темна урина поради низок внес на течности.
-
Темноцрвена урина поради присуство на крв (хематурија).
-
Темноцрвена урина поради холурија.
-
Розовкаста урина поради исхрана со цвекло.
-
Зелена урина за време на долготрајна инфузија со седативот пропофол.
Состав
[уреди | уреди извор]Составот на урината зависи од факторите на животната средина (температура и влажност), како и од човековата активност, полот, возраста, тежината и здравјето. Кај човекот 95% од урината се состои од вода. Таа содржи и низа органски и неоргански соединенија:
Органски соединенија
[уреди | уреди извор]- Карбамид (20 - 35 г)
- Кетонски тела (< 3 г)
- Аминокиселини (1 - 3 г)
- Креатинин (1 - 1,5 г)
- Мочна киселина (0,3 - 2 г)
- Гликоза (< 0,16 г)
- Белковини (< 0,15 г)
- Хипурна киселина (0,15 г)
- Креатин (0,05 - 0,1 г)
Неоргански соединенија
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]„Моч“ на Ризницата ? |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Што може да ни покаже лабораториската анализа на урината?“. Архивирано од изворникот на 2014-07-20. Посетено на 2011-03-29.
|