Мозаик
Мозаикот претставува редење природен камен или мали, префабрикувани коцки од различен материјал (пр. стакло, керамика) во разни орнаменти или слики. Овие коцкички, во склад со претходно изработен нацрт, се втиснуваат во сѐ уште свеж малтер, а потоа површината се полира заради израмнување.
Историја
[уреди | уреди извор]Најстарите мозаици во боја, изработени од глинени топчиња, се пронајдени во Вавилон и потекнуваат од IV век п.н.е.[1] Во V век п.н.е. во Грција се изработувале мозаици од бели и црни измазнети речни камења. Мозаиците во боја, кои можеле да имитираат илузионизам и светлосни ефекти, се појавуваат во периодот на хеленизмот. Како значајно средство за изразување, мозаиците биле застапени и во римската уметност и тоа пред се, подните мозаици. Мозаиците имале значење и во ранохристијанската и во византиската уметност. Со употреба на златни плочки мозаиците добиле нови карактер и пред сè се користеле за украсување на таваните и ѕидовите.
Со надминувањето на Maniera greca во периодот на треченто, опаѓа и интересот за мозаиците. Дури т.н. југендстил донел привремено оживување на интересот.
Освен во сакралните простори во XX век, уметноста на мозаикот одиграла позначајна улога во социјалистичкиот реализам и мурализмот.
Техника на изведба
[уреди | уреди извор]Уште од античкиот период познати се два начина на изведба на мозаик:
- opus tesselatum - составен од камени коцкички (не се секогаш со исти димензии), а меѓу коцкичките е видлив поврзувачкиот материјал (т.н. фуги)
- opus vermiculatum - составен од поситни коцкички, меѓусебно тесно поврзани, така што одвај се гледаат рабовите и меѓупросторот меѓу нив. Коцкичките, главно се со иста големина, а изработени се од камен, стакло или глазирани парчиња керамика.
Освен “обичниот“ мозаик, постои и техника на микромозаик, која е многу посложена, со иста основа, но со многу повеќе впечатливи резултати. Таа е резервирана само за посебно упорните и стрпливи уметници, кои не жалат да изгубат повеќе време за да постигнат што повпечатлив резултат.
Мозаикот како тема во уметноста
[уреди | уреди извор]- „Византиски мозаик“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[2]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ДЛУМ - галерија на мозаици Архивирано на 4 јули 2009 г.
- Стоби - поден мозаик (360о)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Историја на мозаичната уметност Архивирано на 15 октомври 2017 г. (анг.)
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 106-108.
|
|