Михаел Тарнат
Михаел Тарнат | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 27 октомври 1969 | ||
Роден во | Хилден, Германија | ||
Држава | Германија | ||
Висина | м[1] | 1,86||
Играчки податоци | |||
Позиција | лев бек, среден ред | ||
Повлекување | 2009 (39 г.) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1990-1994 | Дисбург | 134 | (12) |
1994-1997 | Карлсруе | 81 | (7) |
1997-2003 | Бајерн Минхен | 122 | (8) |
2003-2004 | Манчестер Сити | 32 | (3) |
2004-2009 | Хановер 96 | 95 | (16) |
Репрезентација ‡ | |||
1996-1998 | Германија | 19 | (0) |
* Ажурирано на: 25 април 2012 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Михаел Тарнат (роден на 27 октомври 1969 година, во Хилден) — поранешен германски фудбалер, кој во текот на својата кариера играл на неколку позиции.
Неговиот прекар е Ела.
Технички одлики
[уреди | уреди извор]Тој играл на неколку позиции, вообичаено по левата страна како лев бек или понекогаш и како винг-бек (бек-крило) во 3-5-2 формација, како на пример за време на периодот кога тренер на Бајерн Минхен бил Отмар Хицфелд. Исто така, Тарнат во својата кариера бил користен и како внатрешен играч од средниот ред. Се одликува со чести уфрлања во нападот, со добро нафрлување и со силен удар од далечина. Тој бил одличен изведувач на слободни удари.
Кариера
[уреди | уреди извор]Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Својата професионална кариера Тарнат ја започнал во екипата на Дисбург, за која дебитирал во сезоната 1990-1991. Следната сезона го направил своето деби во Бундеслигата на 2 август 1991, во натпреварот на домашен терен против Штутгарт. По четири сезони во Дисбург во летото 1994 потпишал за Карлсруе, каде израснал во една од ѕвездите на клубот заедно со Томас Хаслер и Торстен Финк.
Во 1997 година му се приклучил на Бајерн Минхен заедно со соиграчот од Карлсруе, Торстен Финк. Во шестте сезони во Бајерн, Тарнат ги остварил најголемите успеси во својата кариера освојувајќи четири национални првенства (1998-1999, 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003), три Купа на Германија (1997-1998, 1999-2000, 2002-2003), Лигата на шампионите во сезоната 2000-2001 и Интерконтиненталниот куп во 2001 година.
Во 2003 година го напуштил Бајерн и му се приклучил на англискиот Манчестер Сити за предизвикот наречен, Премиер лига. Во клубот од Манчестер останал само една сезона во која на 32 првенствени натпревари постигнал 3 гола, но навивачите на Сити сигурно ќе го паметат по оној од слободен удар против Блекбурн Роверс на 25 август 2003, во победата на гости со 3-2.[2][3]
Во 2004 година се вратил во Германија, потпишувајќи договор со екипата на Хановер каде останал до крајот на својата кариера, до мај 2009 година.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Тарнат го направил своето деби за германската репрезентација во квалификациите за Светското првенство 1998 против Ерменија на 9 октомври 1996. Тој бил избран од селекторот Берти Фогтс за Светското првенство 1998 во Франција, каде играл во четири од петте натпревари на репрезентацијата на турнирот пред да бидат изненадувачки елиминирани од Хрватска во четврт-финалето. Во натпреварот од групната фаза против Југославија, по неговиот шут од слободен удар Синиша Михајловиќ го сменил правецот на топката постигнувајќи си автогол.
Титули
[уреди | уреди извор]Бајерн Минхен
[уреди | уреди извор]- Бундеслига : 1998-1999, 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003.
- Куп на Германија : 1997-1998, 1999-2000, 2002-2003.
- Лига куп на Германија : 1997, 1998, 1999, 2000
- УЕФА Лига на шампиони : 2000–01
- Интерконтинентален куп : 2001
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Михаел Тарнат на transfermarkt
- Михаел Тарнат на soccerway
- Михаел Тарнат на espn
- Михаел Тарнат на 90minut
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Tarnat, Michael“ (германски). kicker.de. Посетено на 13 октомври 2011.
- ↑ Anelka fires City top пристапено: 23 март 2015
- ↑ Tarnat spectacular goal vs Blackburn Rovers пристапено: 23 март 2015