Прејди на содржината

Микротубула

Од Википедија — слободната енциклопедија
Структура на микротубула. Прстенестата форма прикажува напречен пресек на микротубула со 13 протофиламенти кои го опкружуваат шупливиот центар.

Микротубулите (од грчки micros - мал, tubulus - цевче) се цевковидни органели изградени од 13 надолжни редови од глобуларната белковина наречен тубулин, чиишто молекули се димери составени од α и β белковина. Микротубулите се наоѓаат во сите клетки, бидејќи го градат клеточниот скелет кој ја одржува формата на клетката. Тие на светлински микроскоп се видливи само во сноп, додека на електронски микроскоп се гледаат и поединечно. Микротубуларниот лумен има пречник од 25 nm.

Микротубулите настануваат спонтано, односно со полимеризација на тубулинските димери, кои, инаку се присутни во цитоплазмата.

Покрај во цитоскелетот, микротубулите учествуваат и во најразлични движења на клеточните органели. На пример, тие ги придвижуваат хромозомите при кариокинезата, потоа играат улога во движењето на трепките и камшичињата, како и во движењето на различни органели што можат да го менуваат местото (митохондрии и сл.).