Леоноре Гевеслер
Леоноре Гевеслер (германски: Leonore Gewessler) е австриска политичарка од партијата „Зелени - зелена алтернатива“ и поранешна еко-активистка. Од 2014 до 2019 година, таа била извршен директор на еколошката организација Глобал 2000. Од јануари 2020 година, таа е министерка за заштита на климата, животна средина, енергија, мобилност, иновации и технологија на Австрија (во втората влада на Себастијан Курц, владата на Александар Шаленберг и владата на Карл Нехамер).
Леоноре Гевеслер | |
---|---|
Министер за климатски активности, животна средина, енергија, мобилност, иновации и технологија | |
На должноста | |
Стапил 7 Јануари 2020 | |
Претседател | Александар Ван дер Белен |
Канцелар | |
Претходник | Андреас Рајхард |
Лични податоци | |
Роден(а) | 15 октомври 1977 Грац, Штаерска, Австрија |
Партија | Зелените – Зелената алтернатива |
Установа | Универзитетот во Виена |
Ран живот
[уреди | уреди извор]Родена е на 15 септември 1977 година во Грац, Австрија. Основното образование го завршила во училиштето Сент Мариен во близина на Грац и учела во Федералното средно економско училиште во Грац.
Образование
[уреди | уреди извор]Гевеслер се здобила со диплома за политички науки (БА) на Универзитетот во Виена.
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]Од 2014 до 2019 година, Гевеслер служела како шеф на најголемата австриска добротворна организација за заштита на животната средина и лобирање Глобал 2000. Во ова својство, таа се залагала за популарна кампања против проширувањето на старата Нуклеарната централа Мочовце во соседна Словачка, од советската ера, а само 100км од австриската граница.[1]
Во преговорите за коалициска влада по националните избори во 2019 година, Гевеслер била член на делегацијата на Партијата на зелените.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Sam Jones (March 2, 2020), Austrian Greens’ ‘super minister’ takes the reins Financial Times.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Леоноре Гевеслер на веб-страницата на австрискиот парламент