Прејди на содржината

Крма (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крма
лат. Puppis
КратенкаPup
ГенитивноPuppis
Ректасцензија7.5 ч.
Деклинација−30°
Површина673 (°)² (20th)
Главни ѕвезди9
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
76
Ѕвезди со планети6
Ѕвезди посјајни од 3,00m1
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)2
Најсјајна ѕвездаζ Pup (Наос) (2.25m)
Најблиска ѕвездаHD 69830
сг,  пс)
Месјеови објекти3
Метеорски дождовиПи Крма
Зета Крма
пупид-велиди
Соседни
соѕвездија
Еднорог
Компас
Едро
Кобилица
Сликар
Гулаб
Големо Куче
Водна Змија
Видливо на ширина од +40° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец февруари.

Крма (лат. Puppis, Pup) — соѕвездие на јужното небо. Неговото латинско име означува „крма на брод“, и првобитно било дел од поголемото соѕвездие, Брод Арго (Argo Navis), кое подоцна е поделено на три дела. Останатите соѕвездија се: Кобилица и Едро. Соѕвездието Крма е најголемото од трите.

Особености

[уреди | уреди извор]

Ѕвезди со имиња

[уреди | уреди извор]
Бајерово означување Име Потекло Значење
           ζ Наос грчки брод
           ξ Асмидиске грчки највисокиот дел од бродскиот труп

Планетарни системи

[уреди | уреди извор]

Пронајдени се неколку системи со вонсончеви планети околу ѕвездите во ова соѕвездие, меѓу кои:

  • На 1 јули 2003 година, пронајдена е планета која кружи околу ѕвездата HD 70642. Овој планетарен систем е налик на Јупитер со широка орбита и долг период на орбитирање.
  • На 17 мај 2006 година, откриено е дека HD 69830 (најблиската ѕвезда од ова соѕвездие) има три планети со големина на Нептун, што претставува првиот повеќеѕвезден систем во кој нема планета налик на Јупитер или на Сатурн. Таа ѕвезда исто така има и астероиден појас во реонот меѓу средната и надворешната.
  • На 21 јуни 2007 година, пронајдена е првата планета во ѕвезденото јато NGC 2423, околу ѕвездата која е црвен џин - NGC 2423-3. Планетата е најмалку 10,6 пати поголема од Јупитер и орбитира на растојание од 2,1 ае.
  • На 22 септември 2008 година, пронајдени се две планети налик на Јупитер околу HD 60532. HD 60532 b има минимална маса од 1,03 MJ, орбитира на 0,759 ае, а ѝ требаат 201,3 дена за да ја помине целата орбита. HD 60532 c има минимална маса од 2,46 MJ, орбитира на растојание од 1,58 ае, а ѝ требаат 604 дена за да ја помине целата орбита.
  • Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0007251209. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0691135564.
  • Richard Hinckley Allen, Star Names, Their Lore and Legend, New York , Dover.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]