Прејди на содржината

Кристина Арнаудова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кристина Арнаудова
Кристина Арнаудова
Животописни податоци
Роден(а)21 септември 1979
Неготино, Македонија
ЖанровиПоп, рок
Период на активност1996-сега
Мреж. местоwww.kristinaarnaudova.com

Кристина Арнаудова (родена на 21 септември 1979 во Неготино, Македонија) — пејачка, музичар, изведувач, продуцент, композитор, текстописец, хуманитарец и филантроп од Република Македонија.

Таа е претседател и основач на здружението за деца во социјален ризик „Проект Среќа“.[1]

Промоцијата на нејзиниот деби-албум Возови беше во кафулето "Mr. Jack Cafe'" во Скопје. Албумот се состои од 11 песни кои се компонирани од повеќе композитори вклучувајќи ја и самата Кристина. Песни кои ги вклучува овој албум се: Знаеш кој е тој, Подај ми рака, Возови и популарната Прашина која стана голем хит на македонските радија.

Прашина беше првиот албум во кариерата на Кристина. Заедно со главната песна, има уште 6 други песни во албумот, кои таа ги сними со нејзиниот поранешен бенд Big Bang, исто така и хитот Знаеш кој е тој кој беше голем хит на радио и телевизија во летото 2001. На 14 февруари 2008 во дискотеката Hard Rock, Кристина го промовираше новиот материјал, албумот 2007 со 12 песни.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Првиот контакт со микрофонот го има на четири годишна возраст во градинка кога настапувала на претстави. Пресудна улога во нејзината љубов кон музиката има нејзиниот вујко (тапанар) и пробите кои тој ги има со својот бенд под покривот на нивниот дом. Со изразен талент за пишување песни, од мала почнала да пишува песнички.

Пораснала во мултиетничко семејство со дедо Турчин и баба Влаинка, порасната од нејзината мајка.

Средно образование завршува во родното Неготино, во гимназијата Св. Кирил и Методиј - насока општа гимназија.

Во 1996 година, со 16 години сама се пријавува на фестивалот „Тин Фест“. Резултатот е прво место помеѓу 150 кандидати од цела Македонија. Ја снима својата прва песна која нема поголема медиумска популарност. На 16 години, основа бенд кој има локални настапи и свири поп-рок, звук по кој станува препознатлива.

Во 1997 година станува дел од рок-бендот „Сага“ со кого снимаат само една песна и тоа претставува нејзин најголем успех дотогаш.

Во 1998 година, на покана на Давор Јордановски, станува член на Биг Бенг, група со која останува до 2000 година. Со Биг Бен снимаат неколку песни кои добро поминуваат кај публиката.

Истата година завршува средно образование, и се запишува на правниот факултет, отсек новинарство и се преселува во Скопје, каде живее до денес.

Соло кариера

[уреди | уреди извор]

Во 2000 година започнува соло кариера со песната Сонце, дело на Александар Ристевски - Принц.

Во 2003 година го издава албумот „Возови“ на кој се наоѓаат 14 песни, од најпознатите македонски автори, а 8 од нив добиваат третман на хитови, завршувајќи на првите места на сите макеоднски топ листи, меѓу кои „Подај ми рака“, „Судено ти е“, „Дали мислиш на нас“, „Возови“, „Твоја до крај“.

Албумот „Возови“ е сопственик на наградата „Најдобар албум на 2003“ а на годишните манифестации доби повеќе од 10 номинации, меѓу кои за хит на годината, пејачка на годината, текст на годината, најдобар видео запис и сл.

Во 2004 година се запишува на Бизнис колеџ „London University“ каде во 2007 година дипломира како Бизнис Администратор. Студиите по новинарство никогаш не ги завршува.

Во 2006 стапува во брак со нејзината долгогодишна љубов, ракометарот Александар Петровски, кој потоа стана тренер, а во 2017 година генерален директор на Спортскиот Центар Борис Трајковски.

2008 година го издава албумот „2007“, на кој се наоѓаат 12 песни, од најдобрите македонски автори, а таа овде се јавува за прв пат и како комплетен извршен и музички продуцент на истиот.

На овој албум се наоѓаат песни како „Немам срце за друг“ „Голи во срцата“ „Прв и последен“ „Зошто“, кои завршија на првите места на македонските топ листи, а песната „Не ме оставај“ остана запаметена по тоа што се задржа 7 недели на првото место на најпознатиот интернационален музички канал МТВ, на списокот на изведувачи од целиот Балкан, а на интернационалната музичка листа стигна до 3то место, заедно со сите светски изведувачи.

Во 2010 година Кристина се реализира како мајка,и го раѓа нејзиното прво дете, Максим, по што следува мала медиумска пауза, кога таа се посвети на семејството и детето.

Во 2012 ја снима„Само еднаш“ нејзина авторска песна, а потоа ја прави и химната за РК Металург „Металург е шампион“.

Во меѓувреме работи заедно со Васил Хаџиманов, ја преработуваат култната „Да си мерак песна“, и ја промовираат„во јуни 2012 година.

2013 ја објавува „Земи ме“ песна која е нејзина авторска. „Земи ме“ е сопственик на наградата за најдобар поп рок хит на „Радискиот фестивал 2014“.

На Скопскиот фестивал 2013 ја исполнува песната „Нема Нема“.

Мај 2014 година го објавува албумот „Земи ме“ насловен по најпознатата песна на него, и песните од тој албум вклучувајќи ја и дуетската со групата „Eye Cue“ стануваат хитови на радиостаниците.

На „Скопски фестивал“ 2015 се јави како автор на две композиции, од кои едната, „Убава“ која потоа стана и најголем хит а беше изведена од групата „Eye Cue“ го освои првото место на фестивалот.

Во 2015 година, Кристина го основаше здружението „Проект Среќа“, здружение кое се занимава со подобрување на квалитетот на живеење на децата во социјален ризик, и децата со помалку можности.

Кристина во склоп на здружението го отвори и првото бесплатно училиште за музика и уметности за деца во социјален ризик „Гитари Дирки и Свирки“ кое се наоѓа во Скопје, а исто така го отвори и Детското Драмско Студио „Неверленд“ за деца во социјален ризик, кое е исто така бесплатно.

Во 2016 се реализира вторпат како мајка, и се раѓа нејзиниот втор син Матео.

  • 2017-„филантроп на годината во Македонија, награда од здужението Хорус со поддршка на Европската Унија
  • 2018- награда на Story award за јавна личност со најголема општествена одговорност во Македонија
  • 2019- Жена со најголемо општестествено влијание – награда од „Жени претприемачи на годината“
  • „Возови“-Албум на годината 2003
  • Хит на годината„за 2014 година „Земи ме“
  • Хит на годината за 2018 година „Љубена“
  • Прво место на Скопски Фестивал 2015 -музика и текст „Убава“
Кристина Арнаудова 2017г. Градски плоштад Куманово

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Кристина Арнаудова е мажена со сопругот Александар и со него ги има синовите Максим и Матео.[2] Таа е ќерка на пејачот Гоце Арнаудов.

Спот Година Режисер
Прашина - -
Знаеш кој е тој - -
Подај ми рака - -
Виновна за се 2005 -
Возови - -
Судено ти е - -
Голи во срцата - -
Немам срце за друг 2007 -
Дали мислиш на нас - -
Твоја до крај - -
Зошто 2009 -
Само еднаш 2012 -
Земи ме 2013 -
Сега ми требаш ти 2014 -
Розев дожд 2015 -
Љубена 2017 -
  1. „Тим – Проект среќа“. Посетено на 2020-11-26.[мртва врска]
  2. „(ФОТО) СЕМЕЈНА ИДИЛА: Кристина Арнаудова со сопругот и со децата во празнични џемпери“. Женски Магазин (англиски). Посетено на 2020-09-30.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]