Прејди на содржината

Крал (шах)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шаховски
фигури
Крал
Дама
Топ
Ловец
Коњ
Пион
Бел крал
Црн крал

Кралот (♔,♚) е најважната фигура во шахот. Целта на играта е да се вршат закани кон противничкиот крал на начин што тој нема да може да побегне (шах-мат). Ако кралот на играчот е под закана од туркање, тогаш се вели шах, и играчот мора да ја отстрани заканата со следниот потег. Ако тоа не може да се стори, тогаш се вели шах-мат, при што играчот губи. Играчот не може да направи ниту еден потег со кој ќе го постави својот крал во шах. Иако кралот е најважната фигура, често е и најслабата во подоцнежната фаза од играта, кога се останати само неколку фигури на шаховската табла.

Поставување и движење

[уреди | уреди извор]

Белиот крал стартува на првото поле што е десно од кралицата. Додека пак, црниот крал стартува директно спроти белиот крал. Поинаку кажано, почетната на белиот крал е на полето e1, а на црниот - полето е8.

Кралот може да се помести едно поле во секоја насока (хоризонтално, вертикално или дијагонално) сè додека на тоа поле не се наоѓа пријателска фигура или со самото движење ќе се постави во положба на шах. Како резултат на тоа, противничките кралеви може никогаш да не се наоѓаат на иста линија, ист ред или иста дијагонала и меѓу нив има само едно празно поле (види опозиција), но кралот може да врши директен напад (напад кога една фигура се движи кон друга) со отворање на ловецот, топот или кралицата. Кралот исто може да биде дел од посебниот потег, наречен рокада.

abcdefgh
8
e8 црн крал
e1 бел крал
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Почетна положба на кралевите
abcdefgh
8
d5 бел круг
e5 бел круг
f5 бел круг
d4 бел круг
e4 бел крал
f4 бел круг
d3 бел круг
e3 бел круг
f3 бел круг
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Можни движење на крал (кој не е под закана)
abcdefgh
8
f8 црн топ
h7 црн дама
g6 бел коњ
c5 црн крст
d5 црн крст
e5 црн крст
b4 бел пешак
c4 црн крст
d4 црн крал
e4 црн крст
c3 црн крст
d3 црн крст
e3 црн крст
f3 бел дама
a2 бел ловец
f2 бел круг
g2 бел круг
h2 црн крст
d1 бел топ
f1 бел круг
g1 бел крал
h1 црн крст
8
77
66
55
44
33
22
11
abcdefgh
Можни потези на кралот кога е спречен од останатите фигури. Црниот крал не може да се движи на полињата кои се под закана од белиот ловец, коњ, кралица или пион. Белиот крал не може да се движи на полињата кои се под закана на црната кралица.

При конјункцијата со топот, кралот може да направи посебен потег наречен рокада, во кој кралот се движи две полиња кон еден од топовите и топот е поставен на полето низ кое кралот поминал. Рокадата е дозволена само кога ниту кралот, ниту топот претходно биле поместувани, ниту едно поле помеѓу нив е зафатено, кралот не е во шах и со неговото поместување нема да се стави во положба шах.

Позиција во играта

[уреди | уреди извор]

„Шах“ и „шах-мат“

[уреди | уреди извор]

За кралот кој е под напад се вели дека е во шах, а играчот мора веднаш да ја поправи ситуацијата. Постојат ти начини на кои може да се направи тоа:

  • Кралот да се движи на поле каде што нема закана.
  • Да се помести фигура која ќе дојде помеѓу кралот и фигурата која го става во позиција на шах.
  • Да се „турне“ фигурата што го става кралот во позиција на шах.

Ако ниту една од овие можности не може да се направи, кралот е во позиција на шах-мат и тој ја губи играта.

Пат е позиција во шахот кога не постои веќе можност за изведување на каков било потег.

Ако тоа се случи, играта завршува нерешено. Играчот којшто има многу мала шанса да победи или пак никаква, со цел да ја избегне победата, пробува да ја доведе играта во оваа ситуација.

Улога во играта

[уреди | уреди извор]

На почетокот и средината од играта, кралот ретко игра улога во поставување на напаѓачка или дефанзивна позиција. Всушност, играчот ќе проба да го заштити својот крал. Меѓутоа, на крајот од играта, кралот игра активна улога во развојот на понатамошната игра.

Не е значајно да му се додели вредност на кралот во однос на останатите фигурни, поради тоа што не може да биде турнат или разменет, но мора да се штити по секоја цена. Па затоа, неговата вредност е бесконечна.

Уникод дефинирал два кода за кралот:

U+2654 Бел крал (HTML ♔)

U+265A Црн крал (HTML ♚)

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • Barden, Leonard (1980), Play better chess with Leonard Barden, Octopus Books Limited, стр. 9, 11, 12, ISBN 0-7064-0967-1
  • Brace, Edward R. (1977), An Illustrated Dictionary of Chess, Hamlyn Publishing Group, стр. 151, ISBN 1-55521-394-4
  • Hooper, David; Whyld, Kenneth (1996) [First pub. 1992], „king“, The Oxford Companion to Chess (2. изд.), Oxford University Press, стр. 200–01, ISBN 0-19-280049-3
  • Lasker, Emanuel (1934), Lasker's Chess Primer, Billings (1988 reprint), ISBN 0-7134-6241-8
  • Ward, Chris (1996), Endgame Play, Batsford, ISBN 0-7134-7920-5

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]