Кикују
Agĩkũyũ / Gĩkũyũ | |
---|---|
Кикују жена во традиционален фустан со лицето обоено со бела и црвена боја, облечена во неколку ѓердани со мониста од школка. | |
Вкупен број | |
8,148,668 во Кенија (Според пописот во 2019 )[1] | |
Подрачја со значајно население | |
Кенија | |
Јазици | |
Кикују, Кисвахили Англиски јазик | |
Вероисповед | |
христијанство, традиционална религија, Ислам | |
Сродни народи | |
Ембу, Меру, Мбеере, Камба, Сонџо други Североисточни Банту народи |
Кикују (исто така наречени и Агикују/ Гикују) се етничка група Банту, која живее во Централна Кенија. Со население од 8.148.668 заклучно со 2019 година, тие учествуваат со 17,13% од вкупното население на Кенија што ги прави најголемата етничка група во Кенија.
Етимологија на името
[уреди | уреди извор]Името Кикују на свахили има значење "голем чинар (mũkũyũ)". Агикују на кикују јазикот се преведува како „децата на огромниот сикамор“. Алтернативното име Нијумба ја Мумби се преведува како Дом на грнчарот или творецот.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Потекло
[уреди | уреди извор]Кикују припаѓаат на североисточната гранка Банту. Нивниот јазик е најтесно поврзан со оној на Ембу и Мбеер. Географски, тие се сконцентрирани во околината на планината Кенија.
Точното место од кое се преселиле североисточните Банту е неизвесно. Некои сугерираат дека Кикују пристигнале во нивната сегашна област на живеење на планината Кенија од поранешните населби подалеку на север и исток[3] додека други тврдат дека Кикују, заедно со нивните тесно поврзани источни Банту соседи Ембу, Меру, Мбеер, и Камба се доселиле во Кенија од север.[4]
Од археолошките докази, нивното пристигнување на северната страна на планината. Кенија датира од 3 век, како дел од поголема група позната како Тагику. Кикују (Гикују/Агикују) се етаблирале во сегашната татковина на планината Кенија до 13 век.[5][6]
Пред 1888 година
[уреди | уреди извор]Пред воспоставувањето на Протекторат на Источна Африка во 1895 година, Кикују ја зачувале географската и политичката моќ од скоро целото надворешно влијание во тек на многу генерации и никогаш не биле покорени.[7] Пред пристигнувањето на Британците, Арапите кои биле вклучени во трговијата со робови и нивните каравани поминале на јужниот дел на регионот на Агикују. Ропството како институција не постоело меѓу Кикују, ниту пак направиле рации за фаќање робови.[7] Арапите кои се обиделе да навлезат на нивната територија, биле веднаш убивани.[8] Потпирајќи се на комбинација на набавки на земјиште, братство (партнерства), бракови со други луѓе и нивно усвојување и апсорпција, Кикују како народ биле во постојана територијална експанзија.[7]
Социјален и политички живот
[уреди | уреди извор]Кикују биле поделени на девет кланови. Секој клан потекнувал од истиот женски предок и ќерка на Мумби.[9] Клановите не биле ограничени на некоја конкретна географска област, тие живееле рамо до рамо. Некои кланови имале признат водач, други не.[7] Сепак, и во двата случаи, владеачкиот совет на старешини остварувал вистинска политичка моќ за секој поединечен клан. Генералниот совет на старешини што ги претставувале сите кланови, го воделе поглавар или гласник на нацијата.
Религија
[уреди | уреди извор]Нгаи - Врховниот Творец
[уреди | уреди извор]Кикују биле - и сè уште се - монотеисти кои веруваат во семоќен Бог кого го нарекуваат Нгаи. Сите Кикују, Ембу и Камба го користат ова име. Нгаи бил познат и како Мурунгу кај племињата Меру и Ембу или Мулунгу (варијанта на зборот што значи Бог). Сите жртвувања за Нгаи се правеле под дрво сикамор и ако тоа не било достапно, би се користело дрво од смоква. Маслиновото дрво било свето дрво за жените.[10]
Мит за планината Кенија
[уреди | уреди извор]Нгаи или Мвен-Нијага бил врховен творец и давател на сите нешта. Тој ги создал првите заедници и им ги обезбедил на луѓето сите ресурси потребни за живот: земја, дожд, растенија и животни. Нгаи не можел да се види, но се прикажувал како сонце, месечина, ѕвезди, комети и метеори, грмотевици и молња, дожд, виножита и во големите смокви (мугумо). Овие дрвја служеле како места за богослужба и жртвување и го обележале местото каде најпрво се населиле Гикују и Мумби - предците на Кикују според усната легенда. Нгаи имал човечки одлики, и се сметало дека тој живее на небото или во облаците. Кикују исто така веруваат и дека Нгаи доаѓа на земјата од време на време за да ја провери, да дарува благослови и да измери казна. Кога ќе дојде, Нгаи седи на планината Кенија и Килимбамбого. Громот се толкува како движење на Нгаи а молњата е оружјето што го користи за да си го расчисти патот кога се движи од едно свето место на друго. Во една легенда, Нгаи ја направил планината Кенија свое место за одмор додека бил на проверка низ земјата. Нгаи тогаш со себе на врвот го земал и првиот човек, Гикују, за да ја истакне убавината на земјата што му ја давал.
Филозофија на традиционалната религија на Кикују
[уреди | уреди извор]Главните точки на традиционалната Кикују религија и на нивната филозофија се слични кај сите народи Банту:[11]
- Универзумот е составен од интерактивни и меѓусебно поврзани сили чија манифестација се физичките нешта што ги гледаме, вклучително и самите себе и оние што не ги гледаме.
- Сите тие сили (нешта) во универзумот потекнуваат од Бог кој, од почетокот на времето, во себе ја имал животната сила.
- Сè што е создадено од Бог, задржува врска со Бога (Создателот).
- Првите луѓе што биле создадени од Бог имаат најсилна животна сила затоа што ја добиле директно од Бог.
- Бидејќи овие први луѓе се веднаш после Бог според нивната моќ, тие се речиси исти како богови па дури и можат да бидат богови.
- Родителот на една личност е врската кон Бога преку непосредните мртви и преку предците.
- На Земјата, луѓето имаат најголема количина животна сила.
- Сите други работи (сили) на Земјата се создадени за да овозможат човечката животна сила (битие) да стане посилна.
- Сите нешта поседуваат животна сила, но некои предмети, растенија и животни имаат поголема животна сила од другите.
- Човекот може да користи животно за да го симболизира нивото на неговата животна сила во споредба со другите луѓе.
- Постои специфична точка во рамките на секоја физичка манифестација (работа) на животната сила, каде што повеќето се концентрирани на оваа сила.
- Човекот може лесно да ги манипулира нештата во своја полза или на нивна штета со идентификување на оваа точка на концентрација на животна сила. Постојат човечки суштества кои имаат поголемо знаење за овие сили и можат да ги манипулираат по своја волја обично повикувајќи повисоки сили да им помогнат.
- Повисоките сили ги повикуваат луѓето што користат послаби сили (животинска или растителна жртва) како посредници. Да се пристапи кон повисоки сили директно е таху (гнасотија што води до проклетство).
- Човечкото општество има неколку елитни луѓе многу вешти во уметноста да манипулираат со силите за да ја зајакне човечката (и) сила или да ја намалат, да ја зајакне секоја сила под човечката сила или да ја намали.
- Водачот на човечкото општество е оној што поседува највисока животна сила или онаа што е најблизу до Бога или и двете. Бидејќи водачот на ова човечко општество има највисока витална сила и оттука е поблиску до Бог од која било друга личност, тој треба да може да го храни остатокот од луѓето со тоа што ќе ги поврзе со крајниот Бог и со тоа што ќе може да им заповеда на пониските сили да дејствуваат на таков начин што ќе ги зајакне животните сили на другите луѓе.
- Животната сила на мртов предок може да се врати во живот преку чинот на раѓање на ново дете, особено кога детето е именувано по починатиот предок.
Традиционално верување
[уреди | уреди извор]Кикују верувале во поврзаност на сè во универзумот. За нив, сè што гледаме има внатрешна духовна сила.[11] Оваа духовна витална сила потекнува од Бог, кој имал моќ да ја создаде или уништи таа животна сила. За Кикују, Бог е врховно суштество во универзумот и давател (Мугаи/ Нгаи) на оваа животна сила на сè што постои. Тие исто така верувале дека сè што создал Бог има внатрешна животна сила и врска со него со самото тоа што тој го создал и му ја дал таа внатрешна сила што го прави да биде и да се манифестира физички. Бог ја имал оваа животна сила во себе и затоа бил крајниот сопственик и владетел на сè во универзумот. Оние што ја поседуваат најголемата животна сила, оние кои се најблиски до Бог биле првите родители создадени од Бога затоа што Бог директно им ја дал виталната животна сила. Овие први родители биле почитувани скоро како самиот Бог. По нив следувале предците на луѓето кои ја наследиле животната сила од првите родители, а потоа следеле непосредните мртви и конечно најстариот во заедницата. Оттука кога луѓето сакале да принесат жртви, најстариот во заедницата ги извршувал обредите. Децата во заедницата имаат врска со Бог преку нивните родители и тој ланец ќе се пресели нагоре кон родителите, предците, првосоздадените родители сè додека не стигне до самиот Бог. Кикују верувале дека починатите духови на предците можат повторно да се родат во овој свет кога децата се раѓаат, и затоа изведувале посебни церемониите за именувањето на деца. Кикују верувале дека виталната животна сила или душата на една личност може да се зголеми или намали, а со тоа да влијае на здравјето на лицето. Тие исто така верувале дека некои луѓе поседуваат моќ да манипулираат со внатрешната сила во сите нешта. Оние луѓе кои ја зголемувале благосостојбата на духот на лицето, се нарекувале муго (луѓе-лекови), додека оние кои ја намалувале животната сила на лицето, се нарекувале муроги (вештерки). Тие верувале и дека обичните предмети можат да ги зголемат своите духовни моќи така што ги штитат лицата од намалување на виталната животна сила.[12] Филозофијата на кикују религијата општо земено била заснована врз сфаќањето дека сè во универзумот има внатрешна испреплетена сила којашто не ја гледаме. Бог меѓу народите Кикију се сфаќал како сопственик и давател (мугаи) на оваа внатрешна животна сила во сите нешта и тој бил обожаван и фален за да се зголеми животната сила на сите нешта (земјоделски производи, добиток, деца). Водачот на народите бил оној за кој се сметало дека поседува најголема животна сила кај народот или лицето кое покажа најголема животна сила во грижата за луѓето, нивните семејства, нивните земјоделски производи, нивниот добиток и нивната земја. Оттука, се сметало дека оваа личност е поблизу до Бог од сите што живеат во тој народ. Таа личност морала да ги демонстрира и практикува највисоките нивоа на вистината (маа) и правдата (кихото), исто како што тоа би го правел Врховниот Бог на Кикију. Повеќето припадници на Кикују денес се христијани.
Култура
[уреди | уреди извор]Јазик
[уреди | уреди извор]Кикују како мајчин јазик го зборуваат јазикот кикују кој е дел од Банту јазиците од семејството нигер-конгоански јазици . Покрај тоа, многумина зборуваат на свахили и на англиски како лингва франка, двата официјални јазика на Кенија.
Литература
[уреди | уреди извор]До 1888 година, литературата била чисто изразена во фолклорот.[7] Кога европските мисионери пристигнале во земјата во 1888 година, го научиле кикују јазик и почнале да го пишуваат со изменета римска азбука. Најпознат роман напишан на кикују јазикот е Волшебникот од враната, преведен на повеќе од триесет јазици.[13]
Музика
[уреди | уреди извор]Музиката и танцот се силни компоненти на културата Кикују. До 1888 година и во 20-тите години на минатиот век, музиката во Кикују вклучувала кибаата, ндкумо и мутунгучи. Културната загуба се зголемила бидејќи урбанизацијата и модернизацијата влијале врз домородното знаење, вклучително и можноста да се свири мутуриру - вид закосена флејта од кора.[14]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „2019 Kenya Population and Housing Census Volume IV: Distribution of Population by Socio-Economic Characteristics“. Kenya National Bureau of Statistics. Посетено на 24 March 2020.
- ↑ „Gikuyu Origins | Gikuyu Architecture“. Mukuyu.wordpress.com. 2008-11-13. Посетено на 2015-11-13.
- ↑ Joseph Bindloss, Tom Parkinson, Matt Fletcher, Lonely Planet Kenya, (Lonely Planet: 2003), p.35.
- ↑ Arnold Curtis, Kenya: a visitor's guide, (Evans Brothers: 1985), p.7.
- ↑ Peak Revision K.C.S.E. History & Government. East African Publishers. ISBN 9789966254603 – преку Google Books.
- ↑ „Iron Working In The Upper Tana pg 3, July 2013“ (PDF). /humanities.ku.ac.ke.[мртва врска]
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Routledge & Routledge 1910
- ↑ Boyes
- ↑ „Agikuyu Clans“. Посетено на 18 November 2018.
- ↑ John & Mbiti 1990
- ↑ 11,0 11,1 Placide & Tempels 1959
- ↑ Charles William & Hobley 1922
- ↑ „Ngugi Wa Thiong'o: A Profile of a Literary and Social Activist“. Ngugiwathiongo.com. Архивирано од изворникот на 29 March 2009. Посетено на 2015-11-13.
- ↑ LaRue, Jennifer (2016). „Preservation and revitalisation of the endangered GĨKŨYŨ flute“. African Music. 10 (2): 126–139. doi:10.21504/amj.v10i2.2041.
Извори
[уреди | уреди извор]- Boyes, John. How I Became King of the Wa-Kikuyu (PDF). Nairobi: W. Boyd. Посетено на 2013-03-22.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Hobley, Charles William (1922). Bantu Beliefs and Magic: With particular reference to the Kikuyu and Kamba tribes of Kenya colony; together with some reflections on East Africa after the war. London: H. F. & G. Witherby.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Kabetũ, Mathew Njoroge (1966). Kikuyu: Customs and Tradition of the Kikuyu People. Nairobi: East African Literature Bureau.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Kenyatta, Jomo (1938). Facing Mount Kenya: The Tribal Life of the Gikuyu. London: Secker and Warburg.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Lambert, Harold E. (1956). Kikuyu Social and Political Institutions. London: Oxford University Press.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Mbiti, John (1990). African Religions and Philosophy (2. изд.). Oxford: Heinemann.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Muriuki, Godfrey (1974). A History of the Kikuyu, 1500-1900. Nairobi: Oxford University Press.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Routledge, William Scoresby; Routledge, Katherine Pease (1910). With a Prehistoric People: The Akikûyu of British East Africa, Being some account of the method of life and mode of thought found existent amongst a nation on its first contact with European civilisation. London: Edward Arnold.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Tempels, Placide (1959). Bantu Philosophy. Paris: Présence africaine.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Wanjau, Gakaara wa (1967). Mihiriga ya Agikuyu. Nairobi: Equatorial Publishers.CS1-одржување: ref=harv (link)
Литература
[уреди | уреди извор]- Branch, Daniel (2009). Defeating Mau Mau, Creating Kenya: Counterinsurgency, Civil War, and Decolonization. New York: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-13090-5.
- Elkins, Caroline, 2005. Imperial Reckoning: The Untold Story of Britain's Gulag in Kenya. (Henry Holt)
- Huxley, Elspeth. 2006. Red Strangers. (Penguin)
- Kanogo, Tabitha.1987. Squatters and the Roots of Mau Mau. (J Currey Press)
- Lonsdale, John, and Berman, Bruce. 1992. Unhappy Valley: Conflict in Kenya and Africa. (J Currey Press)
- Lonsdale, John, and Atieno Odhiambo, E. S. (eds.) 2003. Mau Mau and Nationhood: Arms, Authority and Narration. (J. Currey Press)
- Muhindi, Samuel, Author [Ngucanio 1 & 2] 2009, A Gĩkũyũ Christian movie] - The first Gĩkũyũ author to write and shoot a Christian Gĩkũyũ movie
- Mwakikagile, Godfrey, Kenya: Identity of A Nation. Pretoria, South Africa: New Africa Press, 2008.
- Mwakikagile, Godfrey. Ethnic Politics in Kenya and Nigeria. Huntington, New York: Nova Science Publishers, 2001.
- Wanjaũ, Gakaara Wa, 1988. Mau Mau Author in Detention. Translated by Paul Ngigi Njoroge. (Heinemann Kenya Limited)
- Emmanuel Kariũki, Kikuyu People Secrets of the migration from Egypt to Mount Kenya at hubpages.com, 2012