Прејди на содржината

Кели Кларксон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кели Кларксон
Picture of Kelly Clarkson arriving at the 57th Presidential Inauguration
Кели Кларксон во 2018
Роден(а)Кели Бријан Кларксон
24 април 1982(1982-04-24)(42 г.)
Форт Ворт, Тексас, САД
Други имињаКели Бријан
Занимање
  • Пејачка
  • Текстописец
  • писателка
  • ТВ-водителка
Активен период2002–денес
СопружникБрендон Блексток (в. 2013; раз. 2022)
Деца2
Потпис

Кели Бријан (родена Кели Бријан Кларксон (англиски: Kelly Brianne Clarkson; 24 април 1982 година),[б 1] ― американска пејачка, текстописец, тв-водителка и писателка. Таа победила во првата сезона од Американски идол во 2002 година по што склучила рекорден договор со RCA Records. Нејзиниот прв сингл, „A Moment Like This“ станал најпродаван сингл во САД за 2002 година. Бил вклучен во нејзиниот прв студиски албум, Thankful (2003). Нејзиниот втор студиски албум, Breakaway (2004) бил продаден во над 12 милиони примероци ширум светот и за него Кларксон освоила две Греми награди.

Песната „My Life Would Suck Without You“ од нејзиниот четврти студиски албум, All I Ever Wanted (2009) го држи рекордот за најголем скок до прво место во историјата на Hot 100 топ-листата (скок од 96 места: од 97-мо до прво место). Со петтиот студиски албум Stronger (2011) Кларксон станала прв изведувач кој двапати освоил „Греми награда за најдобар поп вокален албум“. Песната „Stronger (What Doesn't Kill You)“ станала нејзин најпродаван сингл ширум светот. Wrapped in Red бил најпродаван божиќен албум за 2013. Нејзиниот сингл, „Underneath the Tree“, ASCAP го прогласила за најпопуларна божиќна песна објавена во 21 век.[2] Кларксон потоа објавила уште 4 студиски албуми: Piece by Piece (2015), Meaning of Life (2017), нејзиниот втор божиќен албум, When Christmas Comes Around... (2021) и нејзиниот десетти студиски албум, Chemistry (2023).

Кларксон била инструктор во Глас. Од 2019 година води сопственото ток-шоу, Шоуто на Кели Кларксон.[3] Кели Кларксон има добиено три МТВ видео музички награди, три Греми награди, четири Американски музички награди, две награди од Академијата за кантри музика, седум дневни Еми награди, а има и своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Кларксон продала над 25 милиони албуми и 45 милиони синглови ширум светот. Таа станала прв музичар со песна на прво место на сите топ-листи од Билборд од поп, радиски хитови, радиски поп-хитови, кантри и денс топ-листата. Билборд ја прогласил Кларксон за „една од најголемите пејачки на поп-музика“,[4] и ѝ ја доделил наградата Powerhouse, а VH1 ја ставил на деветнаесеттото место на нивната листа од 100 најдобри жени во музиката.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Кели Бријан Кларксон е родена на 24 април 1982 година во Форт Ворт, Тексас.[5] Нејзините родители се развеле кога таа имала шест години.[6] Кларксон има англиско, велшко, ирско и грчко потекло.[7][8]

Кларксон детството го поминала во Барлсон во Тексас. Во 7-мо одделение, еден наставник случајно ја слушнал како пее во ходникот и ја повикал да се приклучи во училишниот хор. Вклучувањето на Кели во хорот ја поттикнало нејзината желба да продолжи со музичка кариера, а по завршувањето на средно училиште, благодарение на учеството во државниот хор на Тексас, добила школарина од неколку универзитети, меѓу кои и престижниот музички колеџ Беркли.[9][10] Но, Кларксон ги одбила понудите и решила сама да се пробие во музичкиот бизнис. Во 2001 година се преселила во Лос Анџелес.

2002–2003: Американски идол и прв албум

[уреди | уреди извор]
Кларксон кај меморијалниот споменик на Линколн во Вашингтон, на 11 септември 2002 година, по нејзината победа на Идол

По враќањето во Берлисон во мај 2002 година, нејзините пријатели ја убедиле да оди на аудиција за првата сезона од реалити тв-серијата Американски идол: Потрага по суперѕвезда. На 4 септември 2002 година Кларксон победила на натпреварувањето.[11]

Веднаш по победата на Американскиот идол, Кларксон потпишала договор со RCA Records, 19 Recordings и S Records, а музичкиот магнат Клајв Дејвис требало да биде извршен продуцент на нејзиниот прв албум. На 17 септември 2002 година, го објавила нејзиниот прв (двоен) сингл „Before Your Love"/"A Moment Like This“. Синглот дебитирал на 60-то место на Billboard Hot 100 топ-листата, а потоа се искачил на прво место. Соборил 38 години стар рекорд поставен од британскиот бенд Битлси за најголем скок до прво место.[12] Станал најпродаван сингл за 2002 година во САД.[13]

Првиот албум на Кели Кларксон, Thankful, бил издаден на 15 април 2003 година. Објавен за време на урбана R&B доминација, албумот бил добро прифатен од неколку критичари. Thankful дебитирал на прво место на Билборд 200 топ-листата и бил продаден во над 4,5 милиони примероци ширум светот.[14]

„Miss Independent“ бил првиот објавен сингл од албумот, а по него Кларксон ги објавила и „Low“ и „The Trouble with Love Is“. За „Miss Independent“ Кларксон била номинирана за Греми награда за „Најдобра женска поп вокална изведба“.

Кларксон дебитирала на филм во музичката романтична комедија Од Џастин за Кели (англиски: From Justin to Kelly) во јуни 2003 година. Филмот бил слабо оценет од критичарите[15] а слабо поминал и на кино-благајните, при што Кларксон објаснила дека таа била „договорно обврзана“ да го снима филмот и дека не ѝ се допаѓа.[16][17] Во 2002 година, Кларксон, заедно со судиите од Американскиот идол, Пола Абдул и Ренди Џексон и водителите Брајан Данклеман и Рајан Сикрест, учествувале во првата епизода од осмата сезона од телевизиската хумористична серија MADtv. Таа исто така ја играла улогата на Бренда Ли во две епизоди од телевизиската драма Американски соништа (American Dreams) во 2003 и 2004 година. На 25 декември 2003 година, Кларксон учествувала на телевизискиот специјален натпревар Светски идол во Лондон, заедно со победниците од неколкуте телевизиски серии Идол ширум светот. Кларксон била договорно обврзана да учествува и таа ја изведе песната на Арета Френклин „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman“. Таа завршила како второпласирана со 97 поени.[18]

2004–2006: Нов менаџмент и втор албум

[уреди | уреди извор]
Кларксон за време на нејзината светска турнеја Breakaway на 15 ноември 2005 година, Канбера, Австралија

За да се дистанцира од нејзиниот имиџ на Американски идол, Кларксон решила да се раздели со Фулер и 19 Management и ги ангажирала услугите на менаџерот за таленти Џеф Кватинец од компанијата The Firm. Таа се насочила кон рок-ориентирана музика со нејзиниот втор студиски албум, Breakaway. Дејвис бил извршен продуцент за албумот, а Кларксон напишала шест песни заедно со поп и рок текстописци како што се поранешните членови на групата Evanescence Бен Муди и Дејвид Хоџс, Кара Диогуарди, д-р Лук и Макс Мартин. Breakaway добил пофалби од критиката.

Breakaway бил издаден на 30 ноември 2004 година и станал најпродаван албум на Кларксон. Албумот станал трет најпродаван албум во САД и седми најпродаван албум во светот во 2005 година. Бил продаден во дванаесет милиони примероци ширум светот.[19][20]

Од албумот биле објавени пет сингла. Насловната песна „Breakaway“ била објавена во јули 2004 година, како саундтрак за Дизниевиот филм Дневниците на принцезата 2 (англиски: The Princess Diaries 2: Royal Engagement) а во мај 2006 година бил повторно објавен како петти сингл од албумот. Другите синглови од албумот Breakaway: „Since U Been Gone", „Behind These Hazel Eyes", „Because of You" и "Walk Away" станале светски хитови. „Because of You“ станал најпопуларен сингл на Кларксон во светски рамки и се искачил на прво место на Европската топ100-листа за синглови и на топ-листите во Бразил, Холандија, Данска и Швајцарија.[21] Според Mediabase, Кларксон бил најчесто емитуван музичар во 2006 година во САД.[22]

Кели Кларксон добила многу награди и признанија за албумот Breakaway. Добила две Греми награди: за најдобра женска поп вокална изведба за „Since U Been Gone“ и награда за најдобар поп вокален албум.[23] Таа, исто така, на MTV Video музичките награди две години по ред ја освоила наградата за „Најдобар спот од пејачка„ за „Since U Been Gone“ и „Because of You“. Вториот видео албум на Кларксон, Behind Hazel Eyes, бил објавен на 29 март 2005 година.

2007–2009: My December и All I Ever Wanted

[уреди | уреди извор]

Третиот студиски албум на Кларксон, My December, бил издаден на 22 јуни 2007 година. На албумот се забележува посилното рок-влијание во споредба со претходниот албум на Кларксон.[17][24] Кларксон го заменила Дејвис како извршен продуцент и ко-автор на сите песни.[25] Таа одлучила да соработува со нејзините членови на групата, наместо со нејзините претходни продуценти и соработници.[17][26] Продуцирањето и издавањето на албумот станале предмет на спор со RCA, а особено со Дејвис. Тој забележал дека на албумот му недостига професионален продуцент и сакал Кели да ги пресними песните, но таа го одбила.[17] Кларксон се бранела: „Продадов повеќе од 15 милиони плочи ширум светот, а сè уште никој не слуша што имам да кажам“.[27] Албумот имал позитивни оценки, но недоволната промоција поради неподготвеноста на RCA ја натерало Кларксон да го отпушти Кватинец и да ја откаже турнејата за поддршка на албуммот, My December Tour.[17][28][29] Кларксон подоцна го ангажирала менаџерот Нарвел Блексток од Starstruck Management. Блексток бил сопруг на кантри-пејачката Риба Мекентајр, чија блиска пријателка била Кларксон. Кларксон подоцна му се извинила на Дејвис, и навела дека тој ѝ бил „клучен советник“ за нејзиниот успех.[30]

Кларксон и Риба Мекентајр за време на турнејата 2 Worlds 2 Voices во 2008 година
Kelly Clarkson, Women's World Awards 2009
Кели Кларксон на Светските награди за жени 2009 година во Виена, Австрија

Четвртиот албум на Кларксон, All I Ever Wanted, бил објавен на 10 март 2009 година. По контроверзите со нејзиниот претходен студиски албум кој се сметал за многу помрачен од нејзините два претходни албуми, Кларксон со All I Ever Wanted се вратила на поп-ориентираната музика. За да го направи тоа, Кларксон ги ангажирала нејзините претходни соработници Д-р Лук, Мартин и Диогуарди, а исто така со песни за албумот придонеле: Хауард Бенсон, Клод Кели, Рајан Тедер, Глен Балард, Мет Тисен и Кети Пери. All I Ever Wanted добил позитивни оценки од музичките критичари.[31] За албумот Кели Кларксон била номинирана за најдобар поп вокален албум на 52-то доделување на Греми награди.[32][33]

Од албумот биле објавени три сингла ширум светот. „My Life Would Suck Without You“, бил водечки сингл, станал светски хит и станал втор сингл на Кларксон на прво место на Billboard Hot 100. Синглот дебитирал на Billboard Hot 100 на 97-то место и следната недела се искачил на првата позиција, соборувајќи го рекордот за најголем скок до прво место за една недела, кој претходно го држел синглот „Womanizer“ од Бритни Спирс.[34] Потоа ги објавила сингловите „I Do Not Hook Up“ и „Aready Gone“. По објавувањето на „Already Gone“ имало уште еден спор помеѓу Кларксон и RCA, откако таа ги увидела сличностите со песната „Halo“ од Бијонсе, а двете биле продуцирани од Тедер.[35]

2010–2012: Stronger, Duets и Greatest Hits – Chapter One

[уреди | уреди извор]

Кларксон снимила кантри дует со Џејсон Алдин, „Don't You Wanna Stay“, за неговиот албум од 2010 година My Kinda Party.[36] Тоа била нејзина прва песна на прво место на Билбордовата „Топ-листа за кантри-песни“ и била продадена во над 2,7 милиони примероци,[32] што ја прави најпродавана кантри-соработка во историјата.[37] Песната добила многу признанија поврзани со кантри-музиката, а била и номинирана за Греми награда за најдобра кантри-изведба од дует или група.[38] Во Stronger, петтиот студиски албум на Кларксон може да се забележи мало влијание на кантри-музиката, а исто така бил под влијание на Принц, Тина Тарнер, Шерил Кроу и Радиохед. На албумот работела со неколку продуценти, како: Грег Курстин, Естер Дин, Даркчајлд, Тоби Гад, Стив Џордан и Хауард Бенсон. Албумот бил објавен на 21 октомври 2011 година и дебитирал на второ место на Билборд 200.[39] Исто така, албумот добил пофалби од критиката и во 2013 година Кели Кларксон освоила Греми награда за најдобар поп вокален албум, со што станала прв музичар кој двапати ја освоил наградата.

Кларксон настапува во Садбери, Канада, во 2011 година

Водечкиот сингл од Stronger, „Mr. Know It All“, бил објавен во септември 2011 година. Стигнал до врвот на топ-листите во Австралија и во Јужна Кореја и во топ-10 во седум други земји. „Stronger (What Doesn't Kill You)“ бил објавен како втор сингл во јануари 2012 година и бил на врвот на шеснаесет листи од Билборд.[40] Исто така, се искачил на прво место во Полска и Словачка и се пласирал во топ-10 на многу други топ-листи ширум светот. Со 4,9 милиони продадени копии само во САД, тој и понатаму е најпродаван сингл на Кларксон.[32] Песната била номинирана за три Греми награди: Запис на годината, Песна на годината и Најдобра соло поп-изведба.[41] „Dark Side“ бил издаден како трет и последен сингл во јуни 2012 година и постигнал скромен успех. Станал нејзин единаесетти топ-10 хит на <i id="mwAv0">Билбордовата</i> топ-листа за радиски поп-песни, а со тоа Кели Кларксон ги надминала Шерил Кроу и Кети Пери како пејачка со најмногу топ-десет песни на таа листа.[42]

Издавањето на Stronger било придружено со две EP, The Smoakstack Sessions и <i id="mwAwU">iTunes Session</i>.[43] Кларксон е котекстописец на „Tell Me a Lie“, песна во изведба на британската група One Direction за нивниот прв албум Up All Night (2011). Кларксон го промовирала албумот Stronger со две концертни турнеи: турнејата Stronger и заедничката турнеја со рок-групата The Fray, Кели Кларксон / The Fray. Таа подоцна објавила промотивен сингл, „Get Up (A Cowboys Anthem)“, за рекламната кампања на Пепси за NFL.[44]

Кларксон, заедно со Џон Леџенд, Џенифер Нетлс и Робин Тик, била ментор и судија во телевизиското шоу Дуети на ABC, премиерно прикажано на 24 мај 2012 година.[45] Таа, исто така, станала гостин-ментор во втората сезона од The Voice.[45]

За да ја одбележи 10-годишнината музичката кариера, Кларксон на 19 ноември 2012 година го издала нејзиниот прв албум со најголеми хитови, Greatest Hits – Chapter One. Содржи материјал од првите пет студиски албуми на Кларксон и три нови песни: „Catch My Breath“, „Don't Rush“ и „People Like Us“. Во 2012 година Кларксон била номинирана за неколку кантри-награди: „Најдобрата изведба од кантри-дуо или група“ за „Don't Rush“ на 56-тото годишно доделување на Греми наградите и за „Пејачка на годината“ на музичките награди организирани од Здружението за кантри-музика.[46]

2013–2015: Wrapped in Red и Piece by Piece

[уреди | уреди извор]
Кларксон настапува на 12-тата годишна турнеја на Honda Civic во август 2013 година

Во јануари 2013 година, Кларксон ја испеала песната „My Country, 'Tis of Thee“ на втората инаугурација на американскиот претседател Барак Обама.[47] Во февруари 2013 година, настапила на 55-тото годишно доделување на Греми наградите.[48] Во јуни 2013 година издала неалбумски сингл, „Tie It Up“, наменет исклучиво музичките станици за кантри-музика.[49] Кларксон и Марун 5 одржале 24 концерти како дел од 12-тата годишна турнеја на Honda Civic. Кларксон, исто така, соработувала со пејачот Роби Вилијамс за песната „Little Green Apples“ за неговиот албум од 2013 година Swings Both Ways.[50]

Шестиот студиски албум на Кларксон и воедно нејзин прв божиќен албум, Wrapped in Red, бил продуциран од Грег Курстин. Таа ги напишала сите пет оригинални песни и снимила единаесет препеви на божиќни песни. Албумот бил објавен на 25 октомври 2013 година.[51] Станал најпродаван божиќен албум за 2013 година.[52]

Во февруари 2015 година, Кларксон го издала Piece by Piece, нејзин седми и последен студиски албум со RCA Records.[53] Жанровски, тоа бил електропоп и денс-албум. За албумот соработувала со Карстин, Џеси Шаткин, Сија, Џон Леџенд и Шејн Меканали, меѓу другите. Piece by Piece бил позитивно оценет од музичките критичари [54] и станал нејзин трет албум кој дебитирал на врвот на Билборд 200.[55] За промоција на албумот, Кларксон се појавила во неколку тв-емисии и исто така во 2015 година ја одржала турнејата „Piece by Piece“.[56]

Од Piece by Piece биле издадени три сингла. Водечкиот сингл „Hartbeat Song“ се искачил на 21 место на Billboard Hot 100 топ-листата и бил топ-10 хит во ОК, Австрија, Полска и Јужна Африка. „Invincible“ бил издаден како втор сингл и забележал помал успех на топ-листите. Третиот и последен сингл, „Pece by Piece“, дебитирал на осмо место на Billboard Hot 100 и станал нејзин единаесетти топ-десет сингл во САД.[57][58] На 58-те годишни Греми награди, албумот и песната „Heartbeat Song“ биле номинирани за „Најдобар поп вокален албум“ и „Најдобра соло поп-изведба“, соодветно. Следната година и синглот „Pece by Piece“ бил номиниран за „Најдобра соло поп-изведба“.[59]

2016–2018: Книги за деца, Meaning of Life и Глас

[уреди | уреди извор]

Во февруари 2016 година, било објавено дека Кларксон потпишала договор за издавање книга со HarperCollins. Нејзината прва книга за деца „Ривер Роуз и магичната приспивна песна“ била објавена на 4 октомври 2016 година. Книгата содржи оригинална приспивна песна напишана и во изведба од Кларксон.[60] Втората книга со Ривер Роуз, Ривер Роуз и волжебниот Божиќ , била објавена на 24 октомври 2017 година и содржела оригинална песна напишана и испеана од Кларксон.[61]

Кларксон настапува на церемонијата на отворањето на DoD Warrior Games 2018 година

На 15 март 2016 година, првата дама на САД, Мишел Обама ја објавила песната „This Is for My Girls“ во која пејат и: Кели Кларксон, Џенел Мона, Кели Роланд, Леа Микеле, Зендеја и Миси Елиот за да ја промовира нејзината иницијатива „Нека учат девојчињата (Let Girls Learn) [62] Кларксон снимила соло-верзија на песната „It's Quiet Uptown“ за албумот The Hamilton Mixtape. Нејзината верзија била објавена на 3 ноември 2016 година, како промотивен сингл за албумот.[63] Таа, исто така, снимила дует под наслов „Love Goes On“ со Aloe Blacc за оригиналниот саундтрак од филмот Колиба (The Shack), кој бил објавен во САД на 3 март 2017 година.[64] На 11 мај 2017 година, било објавено дека Кларксон како ментор ќе се придружи на талент-шоуто Глас за неговатачетиринаесеттата сезона.[65]

На 24 јуни 2016 година, Кларксон објавила дека потпишала долгорочен светски договор со Atlantic Records, за да го објави осмиот студиски албум со соул-примеси во 2017 година.[66] Водечкиот сингл „Love So Soft“, бил објавен на 7 септември 2017 година, заедно со песната „Move You“.[67] Кларксон го отворила 45-тото доделување на Американските музички награди со Пинк, и заедно ја извеле песната „Everybody Hurts“ од R.E.M. „Love So Soft“ била номинирана за најдобра соло поп-изведба на 60-тото годишно доделување на Греми награди, со што поставила рекорд за најмногу номинации во таа категорија (4).[68] По објавувањето на Meaning of Life, Кларксон открила дека разговарала со Атлантик рекордс за стилот на следниот албум и изразила интерес подлабоко да се впушти во R&B и соул-поп-музиката.

Кларксон го позајмила глас во компјутерски анимираниот филм Ѕвезда, заедно со Опра Винфри, Стивен Јеун, Тајлер Пери и други. Филмот е базиран на Христовото Рождество. Ова бил прв филм во кој Кларксон имала гласовна улога.[69] Кларксон како гостин имала гласовна улога во анимираната серија од Нетфликс Home: Adventures with Tip &amp; Oh.[70]

2019–2022: Шоуто на Кели Кларксон и нов божиќен албум

[уреди | уреди извор]

Кларксон го позајмила гласот на Мокси и придонела со оригинални песни за анимираната музичка комедија UglyDolls, објавена на 3 мај 2019 година.[71] Кларксон, исто така, започнала да води свое ток-шоу, Шоуто на Кели Кларксон, премиерно изведено на 9 септември 2019 година.[72]

Во ноември 2019 година, Кларксон објавила шоу во Лас Вегас, под наслов, Кели Кларксон: Непобедлива. Требало да трае од април до септември 2020 година, но било одложено на неодредено време поради пандемијата на коронавирус.[73][74] Во февруари 2020 година, Кларксон станала бренд-амбасадор на Wayfair . На 16 април 2020 година, Кларксон го објавила самостојниот сингл „I Dare You“ на англиски јазик, но и во дует со пет други музичари кои пеат на нивниот мајчин јазик.[75] Во мај 2020 година, „Шоуто на Кели Кларксон“ заработило седум номинации, најмногу за едно ток-шоу,[76] а Кларксон ја добила наградата „Извонреден водител на забавно ток-шоу“.[77]

Кларксон со претседателот Џо Бајден и Џил Бајден во 2021 година

Во јуни 2020 година, било објавено дека Кели Кларксон ќе добие ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд во 2021 година.[78] Во мај 2021 година, NBC објавиле дека шоуто на Кларксон ќе се емитува во терминот од Шоуто на Елен Деџенерис откако тоа ќе заврши во 2022 година.[79] Во јуни 2021 година, Кларксон освоила две Еми награди за дневни емисии: „Извонредна ток-шоу забава“ и „Извонреден водител на забавно ток-шоу“.[80]

На 23 септември 2021 година, Кларксон го издала „Christmas Isn't Canceled (Just You)“, водечки сингл од нејзиниот деветти студиски и втор божиќен албум, When Christmas Comes Around...[81] Албумот бил издаден на 15 октомври 2021 година, а Кларксон била номинирана за Греми награда за најдобар традиционален поп вокален албум.[82][83]

Во февруари 2022 година, Кларксон и Снуп Дог биле именувани за водители на талент-шоу серијата, Избор на американска песна. Станува збор за адаптација на популарниот меѓународен натпревар за Песна на Евровизија. Премиерата на серијата била на 21 март 2022 година.[84]

На 9 јуни 2022 година, Кларксон го издала Kellyoke, EP составено од шест преработени песни.[85]

Во јуни 2022 година, Кларксон освоила две Еми награди за емисии во дневен термин: „Извонредна ток-шоу забава“ (втора година по ред) и „Извонреден водител на забавно ток-шоу“ (трета година по ред).[86] Кларксон добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд на 19 септември 2022 година.[87] Кларксон, заедно со Карли Пирс, пее во песната од Келси Балерини, „You're Drunk, Go Home“, која била објавена во септември 2022 година.[88]

2023 – денес: Chemistry

[уреди | уреди извор]

На 9 февруари 2023 година, Кларксон била водител на 12-тото годишно доделување на признанија во НФЛ лигата.[89] Откако не учествувала во дваесет и втората сезона од The Voice, во октомври 2022 година било објавено дека Кларксон ќе се врати за дваесет и третата сезона.[90]

На 26 март 2023 година, таа го најавила нејзиниот десетти студиски албум, Chemistry,[91][92][92] кој бил објавен на 23 јуни 2023 година.[3] Двојните водечки синглови од А-страната на албумот, „Mine“ и „Me“ биле објавени на 14 април 2023 година.[93] На 27 март 2023 година, Кларксон најавила десет концерти во Лас Вегас под наслов „Хемија: интимна вечер со Кели Кларксон“, кои се одржале од 28 јули до 19 август 2023 година. На 8 ноември 2023 година, Кларксон го лансирала нејзиниот тв-канал под капа на Sirius XM, Kelly Clarkson Connection. На 10 ноември 2023 година, Кларксон, за албумот Chemistry по шести пат била номинирана за Греми награда за најдобар поп вокален албум, што ја прави најноминиран музичар во оваа категорија.[94] На 15 декември 2023 година, таа освоила две Еми награди за емисии во дневен термин: „Извонредна ток-серија во дневен термин“ и „Извонреден водител на ток-серии во дневен термин“.[95]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • Thankful (2003)
  • Breakaway (2004)
  • My December (2007)
  • All I Ever Wanted (2009)
  • Stronger (2011)
  • Wrapped in Red (2013)
  • Piece by Piece (2015)
  • Meaning of Life (2017)
  • When Christmas Comes Around... (2021)
  • Chemistry (2023)

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Филмови
  • Од Џастин за Кели (2003)
  • Ѕвезда (2017)
  • UglyDolls (2019)
  • Светска турнеја на тролови (2020)
ТВ-серии
  • Американски идол (2002)
  • Дуети (2012)
  • Глас (2018–2021, 2023)
  • Шоуто на Кели Кларксон (2019–present)
  • Избор на американска песна (2022)

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Кларксон, Кели (2016). Ривер Роуз и магичната приспивна песна. Њујорк: HarperCollins. ISBN 978-0-0624-2756-4.
  • Кларксон, Кели (2017). Ривер Роуз и волжебниот Божиќ. Њујорк: HarperCollins. ISBN 978-0-0626-9764-6.

Забелешки

[уреди | уреди извор]
  1. Во февруари 2022, го отстранила презимето "Кларксон" од нејзиното име. Таа и понатаму го користи името Кели Кларксон во професионалната кариера.[1]
  1. Byrne, Suzy (March 22, 2022). „Kelly Clarkson sets the record straight on name change to Kelly Brianne“. Yahoo!. Архивирано од изворникот March 31, 2022. Посетено на March 30, 2022.
  2. Willman, Chris (December 9, 2021). „What Are the Biggest Christmas Songs Released This Century? ASCAP Has a List and Checked It Twice“. Variety. Архивирано од изворникот на January 25, 2022. Посетено на July 21, 2022.
  3. 3,0 3,1 Wagmeister, Elizabeth (September 7, 2022). „Can Kelly Clarkson Save Daytime? The Host on Taking Over Ellen's Spot, Touring Again and Broadway Dreams“. Variety. Variety Media, LLC. Архивирано од изворникот на June 28, 2023. Посетено на September 7, 2022.
  4. Празен навод (help)
  5. „Kelly Clarkson Biography“. Fox News. News Corporation. August 1, 2007. Архивирано од изворникот на June 18, 2013. Посетено на September 14, 2012.
  6. „Kelly Clarkson – Who Do You Think You Are (Complete)“. Youtube. July 24, 2013. Архивирано од изворникот на June 30, 2014. Посетено на February 8, 2014.
  7. „Kelly Clarkson Biography“. Fox News. August 1, 2007. Архивирано од изворникот на June 18, 2013. Посетено на September 14, 2012.
  8. Stated on Who Do You Think You Are?, July 23, 2012
  9. Nash, Alanna. „Single Minded“. Архивирано од изворникот на May 25, 2010. Посетено на December 16, 2022.
  10. „Kelly Clarkson – Artist International“. MTV Romania (романски). Viacom Media Networks. Архивирано од изворникот September 7, 2012. Посетено на September 14, 2012.
  11. „Kelly Clarkson Crowned 'American Idol'. MTV.com. Архивирано од изворникот на 2017-10-29. Посетено на February 26, 2022.
  12. Neal, Rome (August 16, 2004). „Kelly Clarkson: Breakaway“. CBS News. CBS Corporation. Архивирано од изворникот на October 9, 2013. Посетено на June 29, 2012.
  13. Green, Paul (May 6, 2011). „Chart Watch Extra: 20 Years Of Top Songs“. Chart Watch. Yahoo Music. Архивирано од изворникот на October 5, 2012. Посетено на June 29, 2012.
  14. Silverman, Stephen (April 23, 2003). „Kelly Clarkson's New CD 'Idol'-ize“. People. Time Inc. Архивирано од изворникот на March 29, 2011. Посетено на September 14, 2012.
  15. „From Justin to Kelly (2003)“. Rotten Tomatoes. Flixster. June 20, 2003. Архивирано од изворникот на August 26, 2012. Посетено на September 14, 2012.
  16. „Kelly Clarkson Didn't Like From Justin To Kelly' Either“. The Gadsden Times. New York: Halifax Media Group. February 3, 2006. Архивирано од изворникот на June 2, 2022. Посетено на September 14, 2012.
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 17,4 Празен навод (help)
  18. Silverman, Stephen (January 2, 2004). „Norway's Nilsen Wins 'World Idol' Title“. People. Time Inc. Архивирано од изворникот на August 11, 2011. Посетено на September 14, 2012.
  19. International Federation of the Phonographic Industry (March 31, 2006). „Coldplay had biggest selling album of 2005“. NME. Time, Inc. Архивирано од изворникот на April 21, 2014. Посетено на September 14, 2012.
  20. Suzman, Gary (November 21, 2011). „Kelly Clarkson and Bruno Mars on 'The X Factor'. TV by the Numbers. Tribune Media Services. Архивирано од изворникот на November 22, 2011. Посетено на September 14, 2012.
  21. Празен навод (help)
  22. Premiere Radio Networks, Inc (21 декември 2006). "Mediabase Announces 2006 Radio Airplay Leaders". Соопштение за печат.
  23. „Kelly Clarkson“. Grammy Award. Архивирано од изворникот на February 21, 2017. Посетено на May 2, 2017.
  24. Endelman, Michael (January 18, 2008). „Kelly Clarkson, 'My December' (RCA)“. Spin. Архивирано од изворникот на April 5, 2018. Посетено на October 8, 2018.
  25. „My December > Credits“. AllMusic. Архивирано од изворникот на October 8, 2018. Посетено на October 8, 2018.
  26. „Kelly Clarkson // Journal“. Архивирано од изворникот на June 10, 2007.
  27. „Kelly Clarkson - ELLE“. Архивирано од изворникот на June 9, 2007. Посетено на June 12, 2007.
  28. Празен навод (help)
  29. Jones, Alan (October 31, 2011). „UK Album Chart analysis: Coldplay's Mylo Xyloto smashes through 200k sales barrier“. Music Week. Intent Media. Архивирано од изворникот на October 19, 2015. Посетено на June 18, 2012.
  30. Faber, Judy (February 11, 2009). „Kelly Clarkson: Under New Management“. CBS News. CBS Corporation. Посетено на September 14, 2012.
  31. „Music: Kelly Clarkson's 'All I Ever Wanted'. Seattle Post-Intelligencer. Hearst Corporation. March 11, 2009. Архивирано од изворникот на September 8, 2014. Посетено на September 14, 2012.
  32. 32,0 32,1 32,2 Празен навод (help)
  33. „The 52nd Grammy Award Nominees List“. Grammy.com. 2009. Архивирано од изворникот на December 6, 2010. Посетено на August 6, 2011.
  34. Martens, Todd (January 28, 2009). „Kelly Clarkson's 'My Life' makes history“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на January 7, 2013. Посетено на September 14, 2012.
  35. Montgomery, James (July 27, 2009). „Think Kelly Clarkson's 'Already Gone' Sounds Like Beyonce's 'Halo?' So Does Kelly ...“. MTV. Viacom Media Networks. Архивирано од изворникот на November 3, 2012. Посетено на September 14, 2012.
  36. „Jason Aldean To Release 'My Kinda Party' November 2 – Country Music Is Love“. Countrymusicislove.com. Архивирано од изворникот на July 8, 2011. Посетено на August 6, 2011.
  37. Grein, Paul (July 20, 2011). „Week Ending July 17, 2011. Songs: Demi's Breakthrough“. Yahoo. Архивирано од изворникот на February 1, 2013. Посетено на February 6, 2013.
  38. „The 54th Grammy Award Nominees List“. Grammy.com. 2011. Архивирано од изворникот на July 27, 2013. Посетено на August 6, 2011.
  39. „RIAA — Searchable Database: Clarkson, Kelly“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на October 19, 2015. Посетено на June 18, 2012.
  40. Bronson, Fred (March 9, 2013). 'American Idol' on the Charts: Fantasia Looks for Another 'Win'. The Hollywood Reporter. Prometheus Global Media. Архивирано од изворникот на March 13, 2013. Посетено на March 10, 2013.
  41. Rosen, Christopher (February 4, 2013). „Best Pop Vocal Album – Kelly Clarkson“. Huffington Post. Архивирано од изворникот на February 13, 2013. Посетено на February 13, 2013.
  42. Празен навод (help)
  43. „Kelly Clarkson's Official Website Store“. Myplaydirect.com. Архивирано од изворникот на July 11, 2011. Посетено на August 6, 2011.
  44. „McCoy (Giants) ribs Clarkson (Cowboys)“. ESPN. September 5, 2012. Архивирано од изворникот на February 28, 2014. Посетено на September 14, 2012.
  45. 45,0 45,1 Празен навод (help)
  46. Празен навод (help)
  47. „Beyonce, Kelly Clarkson To Perform At President Obama's Second Inauguration“. MTV. Viacom Media Networks. Архивирано од изворникот на January 12, 2013. Посетено на January 9, 2013.
  48. „Kelly Clarkson's Natural Woman and Tennessee Waltz in Tribute to Carole King and Patti Page“. Zap2it. Tribune Media Services. Архивирано од изворникот на February 12, 2013. Посетено на February 13, 2013.
  49. Празен навод (help)
  50. „Robbie Williams announces new album 'Swings Both Ways'-video“. Digital Spy. September 11, 2013. Архивирано од изворникот на September 13, 2013. Посетено на September 11, 2013.
  51. „Kelly Clarkson's 'Wrapped In Red' Debuts At Number 3 On Billboard Top 200“. Contact Music. December 2013. Архивирано од изворникот на November 10, 2013. Посетено на January 7, 2014.
  52. „Kelly's Clarkson's Wrapped In Red Certified Platinum By The RIAA“. RCA Records. December 5, 2013. Архивирано од изворникот на December 13, 2013. Посетено на December 6, 2013.
  53. Празен навод (help)
  54. 'Piece By Piece' reviews“. Metacritic. CBS Interactive. Архивирано од изворникот на March 6, 2015. Посетено на March 6, 2015.
  55. Празен навод (help)
  56. Bliss, Karen (September 26, 2015). „Kelly Clarkson's Canadian & U.K. Tour Dates Canceled“. Billboard.com. Billboard. Архивирано од изворникот на September 29, 2015. Посетено на September 26, 2015.
  57. „Radio & Records: Going For Adds: Hot AC“. Radio & Records. May 18, 2015. Архивирано од изворникот на May 7, 2015. Посетено на May 7, 2015.
  58. „Hot/Modern/AC Future Releases“. All Access Media Group. Архивирано од изворникот на October 29, 2015. Посетено на October 29, 2015.
  59. Gage, Jeff (December 7, 2015). „Dallas Gets Grammy Nods with Leon Bridges, Kelly Clarkson and More“. Dallas Observer. Архивирано од изворникот на December 9, 2015. Посетено на December 7, 2015.
  60. „Kelly Announces New Children's Book“. Sony Music Entertainment. February 9, 2016. Архивирано од изворникот на February 10, 2016.
  61. Clarkson, Kelly. „River Rose and the Magical Christmas – Kelly Clarkson – Hardcover“. HarperCollins US. Архивирано од изворникот на August 11, 2017. Посетено на October 28, 2017.
  62. Lindner, Emilee (March 15, 2016). „Michelle Obama Teams with Missy Elliott, Janelle Monae, Zendaya & More for New Song“. Fuse. Архивирано од изворникот на August 25, 2017. Посетено на March 15, 2016.
  63. Празен навод (help)
  64. „Tim McGraw, Kelly Clarkson, Lady Antebellum, Skillet and More Contribute New Songs to 'The Shack' Soundtrack: Listen“. Billboard.com. January 27, 2017. Архивирано од изворникот на October 23, 2017. Посетено на October 28, 2017.
  65. Holloway, Daniel (May 11, 2017). „Kelly Clarkson Joins The Voice Season 14 as Coach (EXCLUSIVE)“. Variety. United States: Penske Media Corporation. Архивирано од изворникот на May 11, 2017. Посетено на May 12, 2017.
  66. . United States. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  67. McIntyre, Hugh (September 7, 2017). „Kelly Clarkson Reappears With A Pair Of New Singles, 'Love So Soft' And 'Move You'. Архивирано од изворникот на May 3, 2023. Посетено на May 3, 2023.
  68. 60th GRAMMY Awards: Full Nominees List Архивирано на 28 јануари 2018 г. Grammy.com, November 28, 2017
  69. Masters, Kim (January 5, 2016). „Studios' 2017 Forecast: Big Bets, Franchise Fears and Executive Intrigue“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на January 6, 2017. Посетено на January 6, 2017.
  70. Boone, John (November 17, 2017). „Kelly Clarkson Gets Animated in 'DreamWorks Home For the Holidays' Christmas Special (Exclusive)“. Entertainment Tonight. Архивирано од изворникот на June 12, 2018. Посетено на December 1, 2017.
  71. Gregg Kilday (July 10, 2018). „Kelly Clarkson Joins 'UglyDolls' Voice Cast“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на July 11, 2018. Посетено на July 10, 2018.
  72. Празен навод (help)
  73. Seeman, Matthew (May 1, 2020). „Kelly Clarkson postpones Las Vegas residency to 2021“. KSNV. Архивирано од изворникот на May 21, 2020. Посетено на May 7, 2020.
  74. . United States. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  75. Seemayer, Zach (April 16, 2020). „Kelly Clarkson Talks About Recording New Single 'I Dare You' in 6 Languages“. ET. Архивирано од изворникот на April 24, 2020. Посетено на April 18, 2020.
  76. Ausiello, Michael (May 21, 2020). „Daytime Emmy Nominations: GH Tops Soaps, Kelly Clarkson Leads Talkers“. TVLine. Архивирано од изворникот на May 21, 2020. Посетено на May 22, 2020.
  77. „Daytime Emmys 2020: 'Jeopardy,' 'The View,' 'Ellen,' Alex Trebek, 'Young and the Restless' Among Top Winners“. June 26, 2020. Посетено на May 3, 2023.
  78. Dresdale, Andrea (June 18, 2020). „Kelly Clarkson to receive star on the Hollywood Walk of Fame“. ABC News Radio. Архивирано од изворникот на June 19, 2020. Посетено на June 18, 2020.
  79. „Kelly Clarkson to replace Ellen DeGeneres on US TV“. BBC. 28 May 2021. Архивирано од изворникот на May 27, 2021. Посетено на 28 May 2021.
  80. Pedersen, Erik (June 25, 2021). „Daytime Emmys Winners List – Updating Live“. Deadline. Архивирано од изворникот на June 28, 2021. Посетено на July 3, 2021.
  81. Празен навод (help)
  82. White, Jack (September 22, 2021). „Kelly Clarkson to release second festive album When Christmas Comes Around... on October 15“. Official Charts Company. Архивирано од изворникот на September 23, 2021. Посетено на September 22, 2021.
  83. Lee, Taila (November 15, 2022). „2023 GRAMMY Nominations: See The Complete Winners & Nominees List“. Архивирано од изворникот на November 15, 2022. Посетено на March 26, 2023.
  84. „Snoop Dogg & Kelly Clarkson To Host NBC's 'American Song Contest' Reality Series“. Deadline Hollywood. February 13, 2022. Архивирано од изворникот на February 14, 2022. Посетено на February 13, 2022.
  85. Празен навод (help)
  86. Mitovich, Matt Webb (June 24, 2022). „Daytime Emmy Awards 2022 Winners List“. Deadline. Архивирано од изворникот на November 9, 2022. Посетено на November 25, 2022.
  87. Празен навод (help)
  88. Norwin, Alyssa (September 12, 2022). „Carly Pearce Teases 'Super Fun' New Song With Kelsea Ballerini & Kelly Clarkson“. Hollywood Life. Архивирано од изворникот на November 10, 2022. Посетено на September 23, 2022.
  89. „Kelly Clarkson to host 12th annual NFL Honors“. NFL. NFL Enterprises LLC. December 16, 2022. Архивирано од изворникот на December 16, 2022. Посетено на December 16, 2022.
  90. Jean-Philippe, McKenzie (October 11, 2022). „The Voice Season 23 Coaches Have Been Revealed—See the Brand New Lineup“. NBC. Архивирано од изворникот на October 12, 2022. Посетено на October 12, 2022.
  91. Jones, Alexis (March 26, 2023). „Kelly Clarkson Details New Album Chemistry: 'The Arc of an Entire Relationship'. People. Архивирано од изворникот на April 12, 2023. Посетено на March 26, 2023.
  92. 92,0 92,1 . United States. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  93. „Kelly Clarkson Is Coming for What's Hers“. Vulture. April 14, 2023. Архивирано од изворникот на December 1, 2023. Посетено на May 3, 2023.
  94. McClellan, Jennifer; Ruggieri, Melissa (November 10, 2023). „SZA leads Grammy nominees, Miley could get 1st win and Taylor Swift is poised to make history“. USA Today. Архивирано од изворникот на November 10, 2023. Посетено на November 10, 2023.
  95. Rice, Lynette (December 15, 2023). „Daytime Emmy Awards: 'General Hospital' Wins Outstanding Drama – Full Winners List“. Deadline. Архивирано од изворникот на December 16, 2023. Посетено на December 15, 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]