Прејди на содржината

Каролина Гочева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Каролина Гочева
Каролина Гочева.
Животописни податоци
Познат(а) и какоКаролина
Роден(а)28 април 1980
Македонија Битола, СР Македонија, СФРЈ
ЖанровиПоп
ЗанимањаПејачка
ИнструментиВокал
Период на активност1991—
ИздавачиАвалон продукција
Мреж. местоwww.karolinagoceva.net
Каролина Гочева на „Евровизија“ во Хелсинки.

Каролина Гочева (родена на 28 април 1980) — македонска поп-пејачка, родена во Битола. Честопати е позната и само по името Каролина. Ја започнала музичката кариера во 1991 година со настап на локалното детско шоу и продолжила да учествува во наредните години, добивајќи се со признание за нејзиниот талент. Во 1992, го издава својот прв детски албум насловен Мамо, пушти ме. Потпишува договор со издавачката куќа Авалон продукција во 2000.

Дискографијата на Гочева се состои о девет музички албуми коишто опфаќаат поп, R&B, рок, традиционални фолк и етно, џез и светски музички стилови. Кратко откако го потпишала договорот со Авалон продукција, Гочева го издала првиот студиски албум Јас Имам Песна, којшто ја вклучува песната „Немир“ снимена со Тоше Проески. Нејзиниот втор, трет и четврти студиски албум Зошто сонот има крај, Знаеш колку вредам и Во заборав биле издадени во 2002, 2003 и 2005, последователно. Додека нејзините први пет албуми се претежно во стилот на поп, R&B и рок, подоцнежните издадени дела Македонско девојче (2008), Македонско девојче 2 (2014) и Извор (2018) вклучувале елементи од македонската традиционална музика и џез. Оваа промена во звукот води до зголемена популарност, широка прифатеност од публиката и распродадени концерти во Северна Македонија, Србија и Бугарија. Нејзиниот деветти студиски албум, во сорапотка со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски, Песни за љубов и копнеж, е издаден на 24 декември 2022. Десеттиот очекуван студиски албум е најавен како поп проект којшто е најавен со синглот „Дај на сунце“ (македонски: „Дај на сонце“) и се очекува да биде издаден кон крајот на 2024.

Ја претставува Македонија на Изборот за песна на Евровизија во 2002 година во Талин, Естонија, со песната „Од нас зависи“ каде се пласира на 19-то место.[1][2] Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапува со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето. Гочева има освоено многу награди и признанија во Северна Македонија како и другите Балкански церемонии за награди. Широко е позната како најпознатата македонска поп пејачка за што ги добива називот „македонска поп принцеза/кралица“ и „поп дива“. Иако најголемиот број од нејзините песни се испеани на македонски, Гочева исто така има издадено албуми на српскохрватски и англиски што довело до зголемена популарност во Бугарија и екс-Југословенските држави како Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска. Покрај тоа, Гочева е позната по нејзиниот лежерен моден стил за којшто често соработува со Цаци Пакоска. Со нејзината музичка работа, Гочева придонесува во кампањи против злоупотреба на дрога и рак на грлото на матката.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал "Си-До" во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната "Мамо, пушти ме". На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера. Стана редовен учесник на фестивалот Скопје фест, дебитирајќи во 1994 со песната "Кој да ти каже". Во наредните години успешно настапуваше на Скопје фест каде што се избираше песна за Евровизија. Во 1996 учествуваше со песната "Ма, ајде кажи ми" и се пласира на деветто место. Во 1998 учествуваше со "Украдени ноќи" и имаше поголем успех стигнувајќи до четвртото место со 10,454 гласови. Во 2000 година Каролина стана дел од Авалон продукција и го издаде својот деби-албум "Јас имам песна". Од овој албум излегоа хитовите "Сакај ме", "Без оглед на се" и "Немир" која ја испеа во дует со Тоше Проески. Меѓу песните на нејзиниот прв албум беше и "За нас" која ја напиша Дарко Димитров, со која настапи на Скопје фест. На овој фестивал Каролина за малку не победи, заврши на второто место со 916 бода. Во 2000 година таа потпишува договор со Авалон Продукција и го издава нејзиниот прв албум „Јас имам песна“ и од тој албум произлегуваат хитовите : „Без оглед на се“, „Сакај ме“, „Срцево не ќе издржи“, „Милениум со тебе“ и други.

Евровизија 2002

[уреди | уреди извор]

Во 2002 година на Македонскиот национален избор Каролина настапува со песната Од нас зависи и победува. Меѓутоа набргу се јавува контроверзија меѓу МТВ и Каролина. Имено Каролина има желба да ја пее песната на англиски јазик, бидејќи според нејзиното мислење на претходните учества на Евровизија Македонија се претставувала на македонски и немала некој добар пласман. За разлика од неа, во МТВ биле убедени дека треба да се пее на македонски, и биле подготвени ако Каролина не сака да ја изведе песната на македонски, на Евровизија 2002 да настапи второпласираната Андријана Јаневска. На крајот, Каролина сепак прифаќа да пее на македонски. Во Талин Каролина се пласира на 19 место, недоволно за Македонија да оди во учество наредната година. Таа година Каролина е избрана за мис Евровизија.

Во 2003 година, Каролина го издала албумот „Зошто сонот има крај“, на кој се јавуваат повеќе композиции, од кои најпознати се „Ти можеш“, „Јамајка“ како и „Кажи ми“, со која настапила на „Будва фест 2003“. Притоа, на албумот, овие три песни се испеани и на англиски јазик.

Во 2010 година, Каролина го издала својот деветти албум „Капка под небото“, што донел нов хит „Не се вракаш“, на кого учествувал Влатко Стефановски.

На 13 декември 2014 година, во салата „Борис Трајковски“, Каролина одржала концерт во рамките на проектот „Македонско девојче“, организиран од „Авалон продукција“.[3]

2023-сега: Претстоен десетти студиски албум

[уреди | уреди извор]

Во март 2023, Гочева дава интервју за емисијата Жилет на Македонската Радио Телевизија.[4] На 13 декември 2023, Гочева ја издава песната „Дај на сунце“ напишана од Дино Мухаремовиќ и аранжирана од Дино Шукало заедно со црнобело музичко видео режирано од Миомир Милиќ.[5] Песната ја има својата премиера на српската радио станица Накси каде што пејачката кратко изјавила дека насловот е повик за женскиот протагонист да го покаже нејзиното убаво лице на сонце.[6] Ја снима песната два месеци пред да биде издадена. Клипот е снимен во ноември, на ладни температури од -5 °C на две локации на македонската планина Бистра, вклучувајќи ги Галичник и Маврово.[7]

Како промоција на песната, се појавува на шоуто Među Nama на српскиот телевизиски канал Nova S во Белград на 21 декември 2023 каде што дава интервју.[8] На 22 декември, се појавува на српското шоу Kec na jedanaest во Белград каде што ја промовира песната, дава интервју и ги изведува своите српски песни „Srešćemo se Opet“, „Kad Voliš“ и „Više se ne Vraćaš“ како и македонската преработка на песната „Ако згрешам нека изгорам“. Пејачката исто така ги споделува своите планови за иден студиски албум на којшто има вклучено некои сопствени аранжирани песни, објавува нов сингл пред неговото издавање и споделува дека очекува да го издаде во септември или октомври таа година. Зборувајќи за идните планови за учество во Евровизиската Песна за Евровизија, таа открива дека последното учество во 2007 ѝ претставувало голема одговорност, дека не би сакала баш повторно да помени преку „толку стресно искуство“ знаејќи го прогресот на социјалните медиуми на полуфиналната и финалната вечер.[7]

На 1 и 2 март 2024, Гочева одржува два последователни концерти во ноќниот клуб Пјур во Скопје; нејзиниот настап добива многу добри критики од новинарите за ЦрноБело коишто ја нарекуваат „фантастична“.[9][10][11] Подоцна истиот месец, на 22 март, се појавува во Тирана, Албанија каде што настапува во Националниот театар на опера и балет на Албанија.[12] На 24 март 2024, Гочева го одржува првиот концерт во Крива Паланка каде што настапува со песни од Македонско девојче и Извор покрај нејзините постари песни.[13]

  • "Мамо, пушти ме" - 1992 (детски албум)
  • "Јас имам песна" - 2000 (првиот студиски албум)
  • "Зошто сонот има крај" - 2001
  • "Знаеш колку вредам" - 2003
  • "Кад звезде нам се склопе... као некада" - 2003 (на српски)
  • "Во заборав" - 2005
  • "У забораву" - 2006 (на српски)
  • "Македонско девојче" - 2008
  • "Капка под небото" - 2010
  • "Најубави песни" - 2012
  • "Македонско девојче 2" - 2014
  • "Извор" - 2018
Спот Година Режисер
Без оглед на сè 2000
Милениум со тебе 2000 Videolab production
Немир 2000
И ќе биде сè во ред 2001
Од нас зависи 2002
Ти можеш 2003
Штом сакаш 2003
Знаеш колку вредам 2003 Чедо Поповски
Срешћемо се опет 2003
Хипокрит 2003
Љубов под облаците 2003
Се лажам себе 2005
Ова срце знае 2005
Умирам без тебе 2006
Мојот свет 2007
Ти и ја 2007
Бела песна 2007
Дафино вино црвено 2008
Ти златно сонце 2008 Tomato Production
Ај беше мај 2008 Tomato Production
За кого 2008 Tomato Production
Пролет,лето,есен,зима 2008 Tomato Production
Птицо малечка 2008 Tomato Production
Дојде време дојде 2008 Tomato Production
Скопска магла 2008 Tomato Production
Македонска партизанска 2008 Tomato Production
Јас сум несреќница 2008 Tomato Production
Крај 2009 Tomato Production
Ајде да летаме 2009
Заборави 2010
За година две 2010 Tomato Production
Не се враќаш 2011 Tomato Production
Тој 2012 Дарко Мораитов
Ѕвона 2017 Мелем продукција
Бели цветови 2018 Чедо Поповски
Идила 2021 Pirka avh
Од небо до дно 2022 Влатко Владимиров
Дај на сунце 2023 Миомир Илиќ
  1. Bohlman, Philip V. (2004). The music of European nationalism. Santa Barbara, Calif.: ABC-CLIO. стр. 2. ISBN 978-1-57607-270-7. Посетено на 6 February 2011.
  2. „Eurovision Song Contest 2002“. European Broadcasting Union. Посетено на 6 February 2011.
  3. Ѓорге Стојанов, „Се радувам на секој момент, ова го чекав цел живот“, Дневник, година XVIII, број 5642, понеделник, 15 декември 2014, стр. 21.
  4. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име zilet.
  5. Karolina Goceva - DAJ NA SUNCE (Official Video). Каролина Гочева. 13 декември 2023. https://www.youtube.com/watch?v=MXXHkwmH064&pp=ygUVa2Fyb2xpbmEgZGFqIG5hIHN1bmNl. 
  6. С., Ј. (13 декември 2023). „Видео: Каролина Гочева го промовираше видеоспотот за новата песна „Дај на сунце". Слободен печат. Посетено на 29 март 2024.
  7. 7,0 7,1 Karolina Gočeva: "Daj na sunce", Makedonija, novi album I Kec na Jedanaest. Kec na Jedanaest. 22 декември 2023. https://www.youtube.com/watch?v=nvNYVFMxZXg&t=433s&ab_channel=K1Televizija. 
  8. Karolina Gočeva: Slučajno sam napravila pauzu u pop muzici. NOVA S. 21 декември 2023. https://www.youtube.com/watch?v=9XhDh_iXTlg&pp=ygUqU2x1xI1ham5vIHNhbSBuYXByYXZpbGEgcGF1enUgdSBwb3AgbXV6aWNp. 
  9. С., К. (19 февруари 2024). „На 2 март: Каролина Гочева ќе одржи и втор концерт во скопскиот клуб „Пјур". Слободен Печат. Посетено на 29 март 2024.
  10. С., К. (6 февруари 2024). „На 1 март: Каролина Гочева ќе одржи концерт пред скопската публика“. Слободен Печат. Посетено на 29 март 2024.
  11. Список на настапи од концертите на 1 и 2 март 2024 во Скопје од Црно Бело:
  12. С., Ј. (22 март 2024). „Фото „Тирана на еден ден": Каролина Гочева како божица во елегантен фустан на настап во Албанија“. Слободен печат. Посетено на 29 март 2024.
  13. „Музика на кирилица - Со концерт на Каролина Гочева официјално отворена манифестацијата „Крива Паланка – Град на културата". 24muzika. 24 март 2024. Посетено на 30 март 2024.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]