Прејди на содржината

Карлсхаген

Координати: 54°07′N 13°49′E / 54.117° СГШ; 13.817° ИГД / 54.117; 13.817
Од Википедија — слободната енциклопедија
Карлсхаген
Куќи со карактеристички сламени покриви во Карлсхаген
Куќи со карактеристички сламени покриви во Карлсхаген
Куќи со карактеристички сламени покриви во Карлсхаген
Грб на Карлсхаген
Карлсхаген во рамките на Германија
Карлсхаген
Управа
Земја Германија
Покраина Мекленбург-Западна Померанија
Округ Западна Померанија-Грајфсвалд
Месна заед. Узедом-Север
Градоначалник Марлис Зајферт
Основни податоци
Површина 5,07 км2
Надм. височина 3 м
Население 3.218 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 635 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OVP
Пошт. бр. 17449
Повик. бр. 038371
Портал www.karlshagen.de
Местоположба на Карлсхаген во рамките на округот Западна Померанија-Грајфсвалд
Карта
Карта
Координати 54°07′N 13°49′E / 54.117° СГШ; 13.817° ИГД / 54.117; 13.817

Карлсхаген (германски: Karlshagen) — општина и одморалиште на Балтичкото Море во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа во северниот дел на островот Узедом, помеѓу Циновиц и Пенеминде.

Во 1885 била изградена крајбрежната патека. Денес е најважно пристаниште за јахти на Узедом. Помеѓу 1939 и 1945, Карлсхаген се наоѓа во ограничената областа на Полигонот Пенеминде.

Карлсхаген исто така бил место за сместување на персоналот и научниците во блиските лаборатории. Иако градбите биле во голем дел уништени во воздушните напади во 1943/1944, некои делови се зачувани. Од 1949 до 1989, Карлсхаген припаѓал на Источна Германија. Во овој период, областа северно од Карлсхаген, вклучувајќи го селото Пенеминде, била строго ограничена област.

75-метри високите далноводни кули на трофазниот 110-киловолтен алтернативен вод кој води помеѓу Пенеминде и Карлсхаген е видлив од значителна далечина. Водот бил изграден во почетокот на 1950-тите со цел пренесување на електричната енергија произведена на островот до копното, откако повеќе не била потребна толкава потреба на Узедом по затворањето на лабораторијата. Подоцна, споредна линија била изградена до трансформаторот во Карлсхаген. Откако електраната во Пенеминде била затворена во 1990, споредната линија прекинала со работа, па така сега потстаницата во Карлсхаген е снабдувана од вод кој води преку Пене.

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Мекленбург-Западна Померанија на 31 декември 2022 г.“. Статистичка служба на Мекленбург-Западна Померанија. 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]