Карипци
Карипци Χλωρονομή | |
---|---|
Координати: 40°46.0′N 23°1.0′E / 40.7667° СГШ; 23.0167° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Даутбал |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Карипци (грчки: Χλωρονομή, Хлорономи; до 1927 г. Καρίπτσια, Карипција[1]) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во северозападниот дел на Лагадинското Поле, северозападно од Лагадина. Местото се наоѓа крај денешнит автопат Солун — Драготин (А25). Најблиски населени места се Ракли на југоисток и Ајватово на југозапад.
Историја
[уреди | уреди извор]Во 1797 г. се спомнува потурчувањето на Македонецот Јане Митрев (Јано Митре) од селото Карипци, Лагадинско.[2][3]
Оваа населба порано била турски чифлик, за првпат попишан во 1920 г. со 354 жители.[4]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На ова место дошле грчки доселеници што основале нова населба. Во 1927 г. местото е преименувано во Хлорономи. Во 1928 г. во селото се попишани 212 жители.[4]
Поради неповолните услови за живот населбата почнала постепено да се распаѓа. Карипци за последен пат е попишано во 1940 г. со 48 жители. Селото е наполно напуштено некаде во 1940-тите бидејќи отсуствува од повоените пописи.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Нарекувајќи го „Бугарин“
- ↑ Македония : Сборник от документи и материали. София: Българска академия на науките. Институт за история. Институт за български език, Издателство на Българската академия на науките. 1978. стр. 132.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 326. ISBN 9989-9819-6-5.
|