Прејди на содржината

Камено време

Од Википедија — слободната енциклопедија

Камено време или камена доба — најстариот период во праисторијата. Според основниот материјал од кој биле направени орудијата - каменот, овој период од праисторијата се нарекува по тоа. Каменото време, пак, од своја страна се дели на старо камено време или палеолит и ново камено време или неолит.

Трипериоден систем
Холоцен Железно време Протоисторија
Доцно бронзено време  
Средно бронзено време
Младо бронзено време
Бронзено време
Бакарно време (енеолит)    
Младо камено време (неолит) Праисторија
Мезолит / Епипалеолит
Плеистоцен Доцен палеолит  
Среден палеолит
Ран палеолит
Палеолит
Камено време
Глава на стрела од Обсидијан.

Палеолитот се одликува со користење на груби камени орудија од страна на човекот, а во неолитот тој изработувал поусовршени камени орудија со брусење и стругање. Освен употребата на поусовршени камени орудија, во неолитот луѓето започнале да се занимаваат и со разновидни дејности - од лов и риболов до земјоделство и сточарство.

Старо камено време (палеолит)

[уреди | уреди извор]

Во старото камено време луѓето ја ja започнале најраната борба за искористување на природата со употреба на готови или грубо или вештачки обработени камени орудија.

Со усовршувањето на орудијата, човекот полесно се снаоѓал во природата. Со орудието во својата рака, човекот можел полесно да го победи крволочникот или животното. А со стапот си ја издолжил раката, задавајќи силни удари.

Долго време луѓето не ја познавале употребата на огнот. Дури подоцна научиле да го добиваат со удирање камен од камен или со триење на две суви дрвца, а освен за приготвување храна, започнале да го употребуваат и за затоплување на отворен простор или во пештерите, за осветлување и гонење на животните во ловот.

Покрај огнот, значајна пресвртница во животот на луѓето во старото камено време претставувала и појавата на говорот. Тој се појавил како неопходност во меѓусебните "взаемни односи" за соопштување или пренесување на мислите.

Во периодов, луѓето започнале да се занимаваат и со риболов, а постепено дошло и до првата полово - возрасна поделба на трудот - жените и децата главно збирале храна од природните плодови, а мажите воглавно се занимавале со лов и риболов.

Ново камено време (неолит)

[уреди | уреди извор]

Луѓето постојано ги усовршувале своите орудија. Во неолитот, каменот и натаму останал главен материјал за изработка на орудија, но тој бил обработуван и со брусење, стругање и дупчење. Во својата разновидна дејност, луѓето започнале да изработуваат и дрвени садови, корпи од прачки и убиствени копја, а се појавила и употребата на лакот и стрелата, кои ќе останат главно оружје на човекот до пред околу 700 години.

Со копјето, лакот и стрелата, луѓето полесно ловеле од далечина и така ловот и риболовот им станале главни занимања. Ловот и риболовот ги навеле луѓето да се населуваат покрај реките и езерата. Додека мажите оделе на лов и риболов, жените и понатаму се занимавале со собирачка дејност на плодови во природата. Се претпоставува дека жените први го забележале никнењето на семето и започнале да се занимаваат со примитивно земјоделство. Тоа бил почетокот на човековата производствена дејност, со која подоцна ќе започнат да се занимаваат и мажите. Усовршените орудија за лов и занимавањето со земјоделство овозможувале поголемо изобилство на храна, па помалите животни ги чувале како залиха. Но, со текот на времето, тие се привикнувале едни на други и така започнало припитомувањето на дивите животни. Прво било припитомено кучето, а потоа и овцата, козата, кравата и коњот. Со тоа започнало времето на сточарството, како и употребата на домашните животни, во прв ред коњите и говедата за влеча.

Каменото време како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  • „Ромеовци од каменото време“ (Stoneage Romeos) - албум на австралиската рок-група „Худу Гурус“ (Hoodoo Gurus) од 1984 година.[1]