Прејди на содржината

Како и се останато

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Како и сè останато“ (англиски: Anything else) — филм на режисерот Вуди Ален од 2003 година. Ален е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Вуди Ален (Woody Allen), Дени Девито (Danny DeVito), Дајан Крал (Diane Krall), Џејсон Бигс (Jason Biggs), Кристина Ричи (Christina Ricci), Стокард Ченинг (Stockard Channing) и Кади Стрикленд (KaDee Strickland).[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Џери Фолк (го игра Бигс) е млад писател на досетки за стенд-ап комедии од Њујорк. Неговата љубовна врска со Аманда (ја игра Ричи) е во длабока криза, а неговите проблеми се зголемуваат кога во станот се доселува мајка ѝ на Аманда. Џери се спријателува со параноичниот професор Дејвид Добел (го игра Ален) чии совети само ја забрзуваат пропаста на Џери. Најпосле, според советот на Дејвид, Џери го напушта градот со намера да започне нова кариера во Калифорнија.