Прејди на содржината

Златко Гоцевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златко Гоцевски
ПозицијаЦентар
Висина2,05 м
Тежинакг
Број11
Роден9 април 1982(1982-04-09)(42 г.)
ШтипСР МакедонијаСФРЈ
НационалностМакедонец
Проф. кариера2000–2017
Клубови
1997-2000Деликатес
2000-2003МЗТ Аеродром
2003-2004Вардар
2004-2005Поло Трејд
2005Кевлавик
2006Пеја
2006-2007Струмица 2005
2007-2009Фени Индустри
2009-2010Јамбол
2010Работнички
2010-2011МЗТ Аеродром
2011Јамбол
2012Фени Индустри
2012-2013Струмица
2013-2015Кожув
2015-2016Струмица
2016Кожув
2017Блокотехна
2017Радовиш (позајмица)
Репрезентација
Инфо од: 15.08.2018.

Златко Гоцевски (роден на 9 април 1982 во Штип) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец.

Професионалната кариера му започнала во Деликатес во сезоната 1997/98.[1] Таму играл до сезоната 1999/2000. Следна етапа му била при преминувањето во МЗТ Аеродром, каде што се задржал до 2003 година. Следната негова станица му била Вардар, играјќи една сезона за него. Во сезоната 2004/05 играл за Струмица 2005, а сезонaтa 2005/2006 ја започнал во првенството на Исланд за Кавлавик, но на полусезоната се вратил на Балканот во првенството на Косово во екипата на Пеја. Во 2006/2007 потпишал повторно за Струмица 2005, каде што го освоил првенството и бил избран за МВП на сезоната. Од 2007 до 2009г. е во екипата на Фени Индустри од Кавадарци. Со Фени во 2008 година ја освоил двојната титула, односно Првенството и Купот. Со Фени се натпреварувал и во Балканската лига стигнувајќи до полуфиналето во 2009 година. Сезоната 2009/2010 ја играл во бугарското првенство во кошаркарскиот клуб Јамбол.[2] Сезоната 2010/11 ја започнал во Работнички,[3] но таму останал кратко бидејќи во декември потпишал за МЗТ Аеродром и таму играл до крајот на сезоната.[4][5] Во 2011 година повторно играл за бугарски Јамбол, играјќи таму сè до полусезоната,[6] преминувајќи повторно во Фени Индустри кога станале вицепрваци во Првенството и Купот.[7][8] Во 2012 година, потпишал за Струмица, таму играл сè до март 2013 година, откако Струмица не успеала да обезбеди пласман во Супер лигата, Гоцевски се префрлил во Кожув, каде станал вицешампион со клубот во Првенството.[9][10] Со Кожув се натпреварувал и во Балканската лига. Со Кожув стигнал до финалето во Купот на Македонија, губејќи од екипата на Работнички.[11] На почетокот на октомври 2015 година, Гоцевски ја прекинал соработката со Кожув.[12][13][14] Веднаш потоа Гоцевски потпишал за КК Струмица.[15][16] За сезоната 2016/17, тој повторно потпишал со Кожув.[17] На почетокот на 2017 година, Гоцевски се преселил во новиот кошаркарски клуб Блокотехна, клуб кој го пратил на позајмица во второлигашот Радовиш.[18][19] Откако обезбедил пласман со Радовиш во Првата лига и откако клубот го отстапил своето место на Блокотехна, Гоцевски бил вратен во новиот гевгелиски клуб.[20][21] На крајот на декември 2017 година, Блокотехна ја прекинала соработката со Гоцевски.[22] Тогаш било последен пат Гоцевски да игра професионална кошарка,

Македонија Струмица 2005

[уреди | уреди извор]

Македонија Фени Индустри

[уреди | уреди извор]

Признанија

[уреди | уреди извор]

  1. МТВ 1 (22 март 2020). „KOCANI DELIKATES - ORKA SPORT“. канал Stari Natprevari на Youtube. Посетено на 7 април 2020.
  2. Златко Гоцевски е новото попълнение на Ямбол Архивирано на 6 март 2016 г. (бугарски) 19 септември 2009
  3. „Работнички потпиша и со Димитровски“. gladijatori.com преку web.archive.org. 24 септември 2010. Архивирано од изворникот на 2020-04-03. Посетено на 3 април 2020.
  4. „ГОЦЕВСКИ СЕ ПРЕСЕЛИ ВО МЗТ“. vest.mk. 28 декември 2010. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2015-02-06.
  5. „ГОЦЕВСКИ ОД ГРАДСКИ ПАРК ВО МЗТ“. utrinski.mk. 28 декември 2010.[мртва врска]
  6. „Гоцевски се врати во Јамбол“. ekipa.mk. 16 септември 2011. Архивирано од изворникот на 2014-08-15. Посетено на 2015-02-06.
  7. „Гоцевски потпиша за Фени индустри“. mkd.mk. 9 јануари 2012. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-02-06.
  8. „Гоцевски го засили шампионот Фени“. novamakedonija.com.mk. 11 јануари 2012.[мртва врска]
  9. „Гоцевски во Кожув, Марковски во Фени“. derbi.mk. 19 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-10-25. Посетено на 2015-02-06.
  10. „Марковски во Фени, Гоцевски во Кожув“. kurir.mk. 20 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-23. Посетено на 2015-02-06.
  11. Во Кожув задоволни: Ова беше добар викенд Архивирано на 24 февруари 2015 г. ekipa.mk 22 февруари 2015
  12. Гоцевски си замина од Кожув Архивирано на 3 октомври 2015 г. ekipa.mk 1 октомври 2015
  13. Гоцевски го „плати“ цехот за лошиот настап на Кожув во Суперкупот! sportmedia.mk 1 октомври 2015
  14. Гоцевски ја прекина соработката со Кожув Архивирано на 4 март 2016 г. sport365.mk 1 октомври 2015
  15. Подновен ростерот на Струмица со две нови засилувања Архивирано на 6 октомври 2015 г. ekipa.mk 5 октомври 2015
  16. Струмица се засилува: Тасовски и Гоцевски доаѓаат Архивирано на 6 октомври 2015 г. sport365.mk 5 октомври 2015
  17. Гоцевски е новото засилување на Кожув[мртва врска] sport365.mk 8 септември 2016
  18. „Замина Гоцевски, следни на ред, Главчев, Цветковски...“. sportmedia.mk. 9 јануари 2017. Посетено на 18 јануари 2017.
  19. „„Пола" Кожув (ќе) се пресели во Радовиш“. sport.com.mk преку vesti.mk. 10 јануари 2017. Посетено на 18 јануари 2017.[мртва врска]
  20. „Блокотехна – нов кошаркарски прволигаш“. ekipa.mk. 3 јули 2017. Посетено на 4 јули 2017.
  21. „Блокотехна би играла во втората АБА лига“. sportmedia.mk. 3 јули 2017. Посетено на 4 јули 2017.
  22. „Блокотехна се раздели од Дујковиќ и од Гоцевски“. ekipa.mk. 1 јануари 2018. Посетено на 11 јануари 2018.
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 23,4 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2006-07“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.
  24. Прва титула за Струмица 2005 Архивирано на 4 март 2016 г. vest.com.mk 21 мај 2007
  25. „Гоцевски и Колариќ играчи на годината“. vecer.mk. 23 декември 2007. Архивирано од изворникот на 2015-02-19. Посетено на 26 февруари 2018.
  26. 26,0 26,1 „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2007-08“. eurobasket.com. Посетено на 15 ноември 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]