Жиронда (департман)
Жиронда Gironde Gironda | |||
---|---|---|---|
департман | |||
Зградата на префектурата на департманот Жиронда во Бордо | |||
Местоположба на Жиронда во Франција | |||
држава | Франција | ||
Регион | Нова Аквитанија | ||
префектура | Бордо | ||
потпрефектури | Аркашон Блај Лангон Леспар-Медок Либурн | ||
Управа | |||
• Претседател на советот на департманот | Жан-Лик Глез | ||
Површина1 | |||
• Вкупна | 10.000 км2 (4,000 ми2) | ||
Население (2013) | |||
• Вкупно | 1.505.517 | ||
• Ранг | 7-ми | ||
• Густина | 150/км2 (390/ми2) | ||
Час. појас | ЦЕВ (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | ЦЕЛВ (UTC+2) | ||
број на департманот | 33 | ||
Арондисмани | 6 | ||
Кантони | 33 | ||
Општини | 538 | ||
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 км2. |
Жиронда (француски: Gironde, окситански: Gironda) – департман во регионот Нова Аквитанија на југозапад од Франција. Името го добил според естуарот Жиронда, главен воден пат. Винскиот регион Бордо е во Жиронда.
Историја
[уреди | уреди извор]Жиронда е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година. Била создадена од делови од поранешните провинции Гијена и Гаскоња.
Од 1793 до 1795 година, името на департманот било сменето во Бек д’Амбес за да се избегне асоцијација со револуционерната партија на жирондистите.
Географија
[уреди | уреди извор]Жиронда е дел од сегашниот регионНова Аквитанија и граничи со департманите Ланд, Лот и Гарона, Дордоња и Приморска Шаранта, а со Атлантскиот Океан на запад. Со површина од 10.000 км2 Жиронда е најголемиот департман на метрополитенска Франција. Ако се вклучат и прекуморските департмани, тогаш Жиронда изгледа како џуџе во однос на Француска Гвајана чија површина изнесува 83.846 км2.
Жиронда е позната по најдолгата плажа во Европа „Сребрен Брег“, која привлекува многу сурфери. Исто така, во Жиронда е роден Жак Ив Кусто истражувач на морињата и сите форми на живот во вода.
Големата дина во Пила во Аркашонскиот Залив близу Бордо е највисоката песочна дина во Европа.[1]
Туризам
[уреди | уреди извор]-
Винарија во регионот Бордо
-
Шато де ла Бред, родно место на Монтескје
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ C.G. (14 August 2009). Les Adresses de Mathilde Seigner et Fabien Onteniente. Le Figaro Magazine. (француски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- (француски) General Council website Архивирано на 21 мај 2008 г.
- (француски) Prefecture website
- (англиски) Gironde на Curlie (англиски)
- (француски) Tourism Office website Архивирано на 31 октомври 2004 г.
|