Животно осигурување
Животното осигурување е еден од двата главни облика на осигурување, покрај неживотното осигурување. Овој тип на осигурување опфаќа осигурување во случај на доживување, осигурување во случај на смрт, мешано осигурување на живот, рентно осигурување и осигурување на живот со поврат на премии.[1]
Животно осигурување во светот
[уреди | уреди извор]Животното осигурување е во голема мерка застапено во светот, а особено во Западните развиени земји, каде оваа традиција трае уште од средината на 19. век. Според истражувањатата од 2007 на Swissre[2], водечки држави во животно осигурување се:
Држава | Вкупно премии за сите видови осигурувања (по глава на жител во US $) | Од тоа во Животно Осигурување (по глава на жител во US $) | Процент од сите видови осигурувања кој отпаѓа на Животно Осигурување |
---|---|---|---|
Ирска | 7171 |
5734 |
79,96 |
Велика Британија | 7114 |
5731 |
80,56 |
Холандија | 6263 |
2192 |
35,00 |
Швајцарија | 5741 |
3159 |
55,03 |
Данска | 5103 |
3381 |
66,26 |
Франција | 4178 |
2928 |
70,08 |
Белгија | 4132 |
2973 |
71,95 |
САД | 4086 |
1922 |
47,03 |
Финска | 3906 |
3093 |
79,19 |
Шведска | 3705 |
2640 |
71,26 |
Норвешка | 3370 |
2439 |
72,37 |
Јапонија | 3320 |
2584 |
77,83 |
Канада | 3054 |
1387 |
45,42 |
Австралија | 3002 |
1674 |
55,76 |
Германија | 2662 |
1234 |
46,36 |
Јужна Кореја | 2384 |
1657 |
69,51 |
Русија | 209 |
6,1 |
2,91 |
Бразил | 202 |
95 |
47,03 |
Кина | 69,6 |
44,2 |
63,50 |
Индија | 46,6 |
40,4 |
86,70 |
Извор: World Insurance in 2007 — Swissre.com
Животно осигурување во Македонија
[уреди | уреди извор]Осигурувањето на живот во Македонија е регулирано со Законот за облигационите односи, кој во членовите од 953 до 979 и од 998 до 10121 ги регулира правата на договарачот на осигурувањето и на друштвото за осигурување, како и општите и посебните услови на друштвата за осигурување. Договорот за животно осигурување се смета за склучен кога договорните страни ќе ја потпишат полисата за осигурување. Притоа, договорот е ништовен ако неточно е пријавена староста на осигуреникот. Ако осигуреникот не плати некоја премија, друштвото за осигурување нема право да бара наплата по судски пат, друштвото може да ја намали осигурената сума или да го раскине договорот. Животното осигурување може да се однесува на животот на осигуреникот или на трето лице, а истото важи и за осигурување од несреќен случај. Но, ако осигуреникот намерно го предизвикал несреќниот случај или корисникот на осигурената сума намерно ја предизвикал смртта на осигуреникот, тогаш друштвото нема обврска да ја исплати договорената сума. Исто така, договорената сума не се исплаќа ако смртта настапила во воени операции. По барање на договарачот, друштвото за осигурување може да му исплати аванс при што договарачот е должен да плаќа камата на сумата што е исплатена однапред. Карактеристично за животното осигурување е тоа што тој може да содржи и клаузула за учество во добивката на друштвото за осигурување.[3]
Овој вид на осигурување во Македонија правно е заснован и врз Законот за супервизија на осигурувања (Службен весник на РМ - 27/2002)[4], а главна регулаторна државна инстанца која го контролира овој вид на осигурување, како и целокупниот пазар на осигурување во Македонија е Агенцијата за Супервизија на Осигурувања (АСО).[5]
Заклучно мај 2019 година, пет друштва имале лиценца од АСО за работа со животно осигурување:[6]
- Кроациа осигурување - Живот (во Македонија од 2005) [7]
- Граве (во Македонија од 2007) [8]
- ВИНЕР Лајф - Виена Иншуренс Груп (во Македонија од 2011) [9]
- УНИКА Лајф (Во Македонија од 2011) [10]
- ТРИГЛАВ Живот (Во Македонија со лиценца за Животно осигурување од 2017) [11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ чл.5/точка 19 од Законот за Супервизија на Осигурувања, 27/2002[мртва врска]
- ↑ World Insurance in 2007 — Swissre.com
- ↑ Никола Главинче, „Законски решенија во врска со осигурувањето на живот“, Економија и бизнис, година 19, број 233, ноември 2017, стр. 60-62.
- ↑ Законот за Супервизија на Осигурувања, 27/2002[мртва врска]
- ↑ Мрежно место на Агенцијата за супервизија на осигурувања
- ↑ АСО - Регистер на Друштва за Осигурување
- ↑ „Официјална страница на: КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ - ЖИВОТ ад Скопје“. Архивирано од изворникот на 2011-01-08. Посетено на 2010-12-28.
- ↑ „Официјална страница на: ГРАВЕ ад Скопје“. Архивирано од изворникот на 2010-06-12. Посетено на 2010-12-28.
- ↑ Официјална страница на: ВИНЕР ЛАЈФ ад Скопје
- ↑ „Официјална страница на: УНИКА ЛАЈФ ад Скопје“. Архивирано од изворникот на 2013-12-16. Посетено на 2014-01-05.
- ↑ „Триглав Осигурување Живот“. www.triglavzivot.mk. Посетено на 2019-05-09.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Единствена Фејсбук страница со сите информации за Животното Осигурување во Македонија на едно место)
- Агенција за Супервизија на Осигурувања (АСО)
- Годишен извештај на АСО за 2009 за обемот на работата и премии на Осигурителните компании во Македонија Архивирано на 8 февруари 2012 г.
- Целиот текст на Законот за супервизија на осигурување[мртва врска]
- Официјална страница на: ГРАВЕ ад Скопје Архивирано на 12 јуни 2010 г.
- Официјална страница на: КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ - ЖИВОТ ад Скопје Архивирано на 8 јануари 2011 г.
- Официјална страница на: ВИНЕР ЛАЈФ ад Скопје
- Официјална страница на: УНИКА ЛАЈФ ад Скопје Архивирано на 16 декември 2013 г.
|