Жак Ширак
Жак Ширак Jacques Chirac | |
---|---|
Ширак во 1999 година | |
Претседател на Француската Република | |
На должноста 17 мај 1995 – 16 мај 2007 | |
Премиер | Ален Жипе Лионел Жоспен Жан-Пјер Рафарен Доминик де Вилпен |
Претходник | Франсоа Митеран |
Наследник | Никола Саркози |
Премиер на Франција | |
На должноста 20 март 1986 – 10 мај 1988 | |
Претседател | Франсоа Митеран |
Претходник | Лоран Фабиус |
Наследник | Мишел Рокар |
На должноста 27 мај 1974 – 26 август 1976 | |
Претседател | Валери Жискар д'Естен |
Претходник | Пјер Месмер |
Наследник | Рајмон Бар |
Градоначалник на Париз | |
На должноста 20 март 1977 – 16 мај 1995 | |
Претходник | повторно воспоставена |
Наследник | Жан Тибери |
Претседател на Рали за Републиката | |
На должноста 5 декември 1976 – 4 ноември 1994 | |
Претходник | воспоставена функција |
Наследник | Ален Жипе |
Министер за внатрешни работи | |
На должноста 27 февруари 1974 – 28 мај 1974 | |
Премиер | Пјер Месмер |
Претходник | Рајмон Марселен |
Наследник | Мишел Поњатовски |
Министер за земјоделство и рурален развој | |
На должноста 7 јули 1972 – 27 февруари 1974 | |
Премиер | Пјер Месмер |
Претходник | Мишел Коанта |
Наследник | Рајмон Марселен |
Министер за парламентарни односи | |
На должноста 7 јануари 1971 – 5 јули 1972 | |
Премиер | Жак Шабан-Делмас |
Претходник | Роже Фреј |
Наследник | Робер Булен |
Претседател на советот на Корез | |
На должноста 15 март 1970 – 25 март 1979 | |
Претходник | Ели Руби |
Наследник | Жорж Деба |
Лични податоци | |
Роден(а) | Жак Рене Ширак 29 ноември 1932 Париз, Трета Француска Република |
Починал(а) | 26 септември 2019 Париз, Франција | (возр. 86)
Националност | француска |
Партија | Комунистичка партија на Франција (пред1962) Унија за Новата Република (1962–1968) Демократска унија за Републиката (1968–1971) Рали за Републиката (1971–2002) Унија за Народно движење (2002–2007) |
Сопружник | Бернадет де Курсел (в. Грешка: погрешен формат за време) |
Деца | Лоранс Клод |
Установа | Политички науки Национална школа за администрација |
Потпис | |
Воена служба | |
Припадност | Франција |
Род | Француска армија |
Траење | 1954–1957 |
Жак Ширак (француски: Jacques Chirac), (роден на 29 ноември 1932 во Париз - починат на 26 септември 2019 во Париз) — поранешен француски политичар, премиер и претседател.
Животен пат
[уреди | уреди извор]Жак Ширак е роден на 29 ноември 1932 во Париз, Франција. Семеен човек со две деца. Завршил Политички науки на институтот за Политички науки во Париз, и докторат на Харвард. Жак Ширак бил банкар кој подоцна станал директор на авио команија. Во почетокот на 60-тите Жак Ширак ја лансираше својата кариера како супервизор во канцаларијата на Француската влада. Во 1962 тој му се приклучува на кабинетот на тогашкиот премиер, Жорж Помпиду. Под водството на Помпиду тој станува државен под секретар во министерството за социјала. Во 1967 Ширак бил избран во државниот парламент. Таму одигрува голема улога во преговорите помеѓу студентите и работниците кои стапуваат во генерален штрајк, со цел да се симне владата. Во моментот кога тогашниот француски претседател Шарл де Гол, дава оставка на својата функција, а Премиерот Помпиду станува Претседател, Ширак е назначен за државен секретар за финансии. Подоцна станува и министер за земјоделство и Градоначалник на Париз.
Политички погледи
[уреди | уреди извор]Неговата политичка ориентација отсекогаш била централно десничарска, и отсекогаш се залагал за помали државни даноци, поголеми казни за злострониците и приватизација на деловниот сектор. Ширак се кандидраше за Претседател за првпат во 1981 година но тогаш беше победен од неговиот контра кандидат – Франсоа Митеран. Неговата политичка кариера во моментов е под силната лупа на француските граѓани и меѓународната заедница, бидејќи не успеа да ги одржи своите ветувања за посеопфатни економски и структурни реформи. Исто така невработеноста е најголема во Франција, во поглед на земјите членки на Европската Унија.
Политичка кариера
[уреди | уреди извор]По долгиот период од 18 години кој ги служел како градоначалник на Париз, конечно доаѓа на Претседателската позиција во мај 1995 година. Краткиот период на затишје по неговиот избор е нарушен со масивните протести на антиглобалистите и зелените, кои инстистираа на целосно стопирање на јадрените проби во Француска Полинезија. Реагирајќи на критиката Ширак во една прилика ќе рече: „Доволно е да погледнете во 1935, постоеја луѓе кои беа против Франција да се вооружува себеси, и погледнете денес што се случува“. Меѓутоа кратко потоа на 1 февруари 1996 Ширак изјавува дека јадрените проби завршуваат за секогаш, и со тоа става крај на Јадрената програма на Франција. Неговата платформа на кратење на даноците и отворање на нови работни места, не направи многу да се намалат работничките протести со кои тој се соочи повтоно на почетокот на неговиот мандат. На домашен фронт, неолибералната економска ориентација, се судира со идеологијата на Премиерот кој го назначува Ширак – Ален Жипе. Ова ќе резултира во големи кратења на буџетот кои во јавноста ќе создадат големи проблеми. Ширак е често мета на јавни потсмевања и анализи. На пример во една прилика Францускиот дневен весник – Ла Монде ќе го нарече Ширак – Камелеон Бонапара, алудирајќи на големите политички смени и пазарења кои му се препишуваат со цел тој да остане на власт.
Едно од овие пазарења, ќе го доведе во позиција во 1997 година да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори. Но неговата стратегија се оценува како целосно неуспешна. Имено распуштањето на Парламентот предизвикува спојување на Социјалистите и на Либералите на вонредните избори, што ќе му донесе главоболки околу именувањето на нов премиер – Лионел Јоспин, кој не припаѓа на неговата партија. Според Францускиот устав, позицијата на Претседателот е сведена на контрола на воената и надворешната политика. Во недостаток на Премиер и разрешен Парламент, Пирак е во недостаток на кадри кои ќе се справат со големите проблеми во деловниот, социјалниот и воениот сектор во Франција. Ова повторно ќе резултира во немири, протести и незадоволство кај Француските граѓани.
Втор мандат како Претседател на Франција
[уреди | уреди извор]На 69 годишна возрас, Ширак се соочува со повторна кампања за Претседател на Републиката во 2002 година. Статистиката од првиот круг на изборите вели дека помалку од еден гласач на пет гласачи, гласале за него. Се очекуваше дека во вториот круг, тогашниот Премиер Лионел Жоспен ќе му се спротивстави во вториот круг на избори. Но аналитичарите погрешија. Против кандидатот на Ширак во вториот круг на изборите беше десничарот со сомителни тези – Жан Мари ле Пен. Човек кој отворено се спротивстави на политиката за имигранти, јавно нарекувајќи ги доселениците паразити. До денес се вели дека Францускиот народ бил ставен пред “свршен чин”морајќи да одбере помало од двете зла. Ширак на овие избори едвај го доби Претседателскиот мандат со само 2% разлика од неговиот противник.
Неколку месеци по неговиот избор на 14 јули 2002 година, Ширак преживеа атентат за време на прославата по повод денот на Баскија. Осамен човек, со пиштол пукаше врз Претседателот, скриен во гутрола за гитара. Човекот подоцна е идентификуван како Максим Брунери, долготрајно лечен психопат, кои и припаѓал на десничарска партија.
Меѓународни активности
[уреди | уреди извор]Претседателот ширак е оценет како еден од најактивните француски претседатели кога станува збор за меѓународната политика. Тој беше еден од главните противници и предводник на коалицијата против Соединетите Американски Држави, кои во тој момент се подготвуваа да го нападнат Ирак. И покрај постојаниот притисок од страна на САД, Ширак се закани со вето на секоја резолуција која ќе биде донесена во советот за безбедност на Обединетите Нации, која би дозволила каква било акција против суверенитето на Ирак. За време на неговата посета на Кина, на 21 април 2005, Ширак го потврдува цврстиот француски став против признавање на Тајван, и почитување на островот како составен дел од Кина. Улогата која тој ја одигра заедно со неговиот кабинет во однос на припојувањето на Еврото како национална валута е огромна. Нему му се препишува речиси самоубиствена политичка одлука да го воведе еврото без референдум, нешто на што многу француски граѓани се спротивставија. Но исто така и му се препишува благодарност за реорганизацијата и стимулот кој го доби Францускиот економски систем со воведувањето на еврото, како национална валута.
Последните чекори на Ширак се однесуваат на Европскиот устав, моменталниот „жежок компир” на Европската Унија. Имено една година пред Претседателските избори Ширак одлучи да спроведе референдум за Европскиот Устав, нешто за што знаше дека нема да биде одобрено од Французите. На 29 мај 2005 на референдум со големо мнозинство Уставот беше одбиен. Како реакција да ги смири своите Европски колеги, првиот потег беше да го отпушти премиерот и министерот за надворешни работи, и во очите на меѓународната заедница да го претстави како нивен неуспех да ги убедат Француските гласачи во потребноста и позитивниот исход на Уставот. Од друга страна пред Француските гласачи е оправдан преку спроведување на референдум а не донесување Претседателски декрет. Токму заради овие политички манипулации и способности за префрлање на вината тој го носи епитетот – Камелеон Бонапарта.
|
- Родени во 1932 година
- Луѓе од Париз
- Починати во 2019 година
- Починати во Париз
- Француски политичари
- Претседатели на Франција
- Носители на Големиот крст на Легијата на честа
- Добитници на Државната награда на Руската Федерација
- Носители на Орденот за заслуги пред татковината од I степен
- Погребани на гробиштата „Монпарнас“