Ејуп Султан џамија
Ејуп Султан џамија | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Истанбул, Турција |
Координати | 41°02′52″N 28°56′01″E / 41.04778° СГШ; 28.93361° ИГД |
Припадност | ислам |
Осветен | 1458 |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | џамија |
Особености | |
Висина на минарето | 17,5 метри |
Ејуп Султан џамија — џамија која се наоѓа во Истанбул, Турција.
Историја
[уреди | уреди извор]По падот на Цариград во 1453 година[1], султанот Мехмед II издал наредба да бидат изградени голем број на џамии во градот. Првата џамија која била изградена во градот била Ејуп Султан џамија, која се наоѓа на местото каде се верува дека се наоѓа гробот на Абу Ајуб ал-Ансари, наследник на муслиманскиот пророк Мухамед. Ансари загинал за време на Опсадата на Цариград во 674 година.[2]. Турскиот патописец Евлија Челебија раскажал за отворањето на гробот.
Џамијата била изградена во 1458 година. За многу краток период, џамијата се претворила во свето место за муслиманите од новиот Истанбул.
Кон почетокот на 19 век, џамијата била целосно реставрирана од страна на отоманскиот султан Селим III.
Денеска комплексот е еден од најпристижните во муслимснкиот свет. Во текот на отоманскиот период се сметало за чест да се биде погребан во џамијата Ејуп.
Опис
[уреди | уреди извор]Џамијата има квадратна форма со една голема купола и осум помали кои се наоѓаат околу големата. Една од тие мали куполи го покрива и олтарот. На влезната порта од комплексот се наоѓа арка на победата и води до градината во џамијата. Минарињата биле изградени во времето на Ахмед III, а турбето во времето на Махмуд II. Едно од турбињата, кое припаѓа на Ајас Мехмед-паша било изградено од страна на Мимар Синан. Освен тоа, овде се наоѓа и турбе на Лала Кара Мустафа-паша, на Булак Мустафа кој бил адмирал во времето на Сулејман Величествениот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Sumner-Boyd & Freely 2010, стр. 363.
- ↑ Sumner-Boyd & Freely 2010, стр. 364.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Ејуп Султан џамија на Ризницата ?
- Слики од џамијата Архивирано на 4 август 2014 г.
- 360° панорама од џамијата Архивирано на 6 ноември 2009 г.