Ејлат
Ејлат | |
Округ | Јужен |
Управа | Град (од 1959) |
хебрејски | אֵילַת |
Население | 50,724 (2017) |
Градоначалник | Мејл Јитцак Халеви |
Основан | 7000 BCE (најрана населба) 1951 (израелски град) |
Мреж. место | www.eilat.muni.il |
Ејлат (хебрејски: אֵילַת) е град во Израел. Ејлат е дел од Јужниот округ и пустината Негев и воедно е најјужен град во Израел. Ејлат е пристаништен град на брегот на Црвеното Море, поточно на Акапскиот Залив. Градот е популарно туристичко одредиште за домашни и странски туристи поради убавите плажи. коралните гребени, ноќниот живот и пустинскиот пејзаж.
Според податоците од 2017 година, градот имал население од 50,724 жители. Градот е скоро споен со египетското село Таба на југ, јорданскиот град Акаба на исток и има релативна видлива блискост со Саудиска Арабија. Околината на градот има пустинска клима, топло море и 360 сончеви денови во текот на годината.[1]
Име
[уреди | уреди извор]Името на Ејлат се спомнува и во Стариот завет, но потеклото не е јасно дефинирано. Тоа најверојатно потекнува од хебрејскиот корен A–Y–L (хебрејски: א. י. ל.), што исто така е корен на зборот Елах (хебрејски: אלה), што значи „ф'стак“.[2]
Демографија
[уреди | уреди извор]Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1955 | 500 | — |
1961 | 5.300 | +960.0% |
1972 | 13.100 | +147.2% |
1983 | 18.900 | +44.3% |
1995 | 32.500 | +72.0% |
2008 | 47.300 | +45.5% |
2017 | 50.724 | +7.2% |
Извор: CBS[3] |
Огромно мнозинство од населението се Евреи. Арапите се само 4% од населението.[4] Населението на Ејлат вклучува и голем број странски жители, и нивната бројка се проценува на околу 10.000 жители. Во 2007 година во градот пристигнале околу 200 судански бегалци во Ејлат кои биле прифатени и добиле дозвола за престој.[5][6][7]
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Ејлат е збратимен со:
- Акапулко, Мексико[8]
- Антиб, Франција[9][10]
- Арика, Чиле[9][11]
- Бенидорм, Шпанија[12]
- Дурбан, ЈАР[9][13]
- Жик Лепин, Франција[10]
- Камен, Германија[14]
- Кампен, Холандија[9]
- Карлови Вари, Чехија
- Лос Анџелес, САД[9][15]
- Натал, Бразил
- Пјештани, Словачка[16]
- Сер, Грција
- Смољан, Бугарија[9][17]
- Шопрон, Унгарија[18]
- Торонто, Канада[10]
- Ушуаја, Аргентина[10]
- Јалта, Украина
- Јинчуан, Кина
Панорамски поглед
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Discovering the World of the Bible, LaMar C. Berrett, (Cedar Fort 1996), page 204
- ↑ Grinzweig, Michael (1993). Cohen, Meir; Schiller, Eli (уред.). „From the Items of the Name Eilat“. Ariel (хебрејски). Ariel Publishing (93–94: Eilat – Human, Sea and Desert): 110.
- ↑ „Locality File“. Israel Central Bureau of Statistics. 2012. Архивирано од изворникот (XLS) на 2013-11-03. Посетено на November 3, 2013.
- ↑ http://jiis-jerusalem-eng.blogspot.com/2013/11/mixed-cities-in-israel.html
- ↑ Jonathan Saul, Elana Ringler for Reuters (2007). „Sudanese refugees in Israel face uncertainty“. Boston Globe. Архивирано од изворникот на December 8, 2008. Посетено на October 29, 2007.
- ↑ Joshua Mitnick (2006). „Sudan's "Genocide" Lands at Israel's Door“. The Christian Science Monitor. Посетено на October 29, 2007.
- ↑ Neta Sela (2007). „Israel must reject Darfur refugees, rabbi says“. Ynet News – Jewish World. Посетено на October 29, 2007.
- ↑ „Twinning Ceremony between Acapulco and Eilat“. Keren Kayemeth LeIsrael. 30 July 2017. Посетено на 2 August 2017.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 „Sister Cities“. Union of Local Authorities in Israel (ULAI). Архивирано од изворникот на October 4, 2013. Посетено на August 23, 2012.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 10,3 „Eilat Sister Cities“. Israel-Times.com. November 7, 2007. Посетено на December 16, 2007.[мртва врска]
- ↑ „What we do: Humanitarian Aid“. Israel MFA. Архивирано од изворникот на May 31, 2010. Посетено на December 16, 2007.
- ↑ Diez, Julián (27 August 2011). „La ventana israelí al mar Rojo“. El País (шпански). Посетено на 3 August 2017.
- ↑ „Facts about Durban“. September 7, 2003. Посетено на December 16, 2007.
- ↑ „Weiterführende Informationen: Städtepartnerschaften“. Israel MFA. Посетено на December 16, 2007.
- ↑ „Eilat, Israel – Sister Cities of Los Angeles“. Архивирано од изворникот на 2011-10-27. Посетено на October 16, 2011.
- ↑ „The anniversary of our sister city, Eilat“. Посетено на October 16, 2011.
- ↑ „Municipal Smolyan“. Посетено на December 16, 2007.
- ↑ „Sopron, Hungary, One Of Eilats Twin Cities“. Eilat Today. Архивирано од изворникот на September 14, 2012. Посетено на August 23, 2012.