Прејди на содржината

Егле кралицата на змиите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Егле кралицата на змиите, статуа во паркот Глебе, Канбера.

Егле кралицата на змиите или алтернативно Егле кралицата на белоушките (литвански: Eglė žalčių karalienė) — литванска народна приказна.

Егле кралицата на змиите е една од најпознатите литвански бајки со многу наводи од балтичката митологија. Над сто различни верзии од приказната биле запишани. Постои голем интерс за нејзината митолошка позадина кај литванските и странските истражувачи на индоевропската митологија; Гинтарас Бересневичиус смета дека да е можно приказната да биде литвански теогонски мит. Приказната вклучува не само трансформирање на човек во влекач туку и неповратно трансформирање на човек во дрво.

Егле е и популарно женско име во Литванија, но исто така и именка со значење смрча (Picea). Змиите (жалтис) во приказната се барски змии, но бидејќи тие живеат во морето зборот може да значи и митска водна змија.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Приказната може да се подели на одреден број на делови од кои секој има паралели со мотиви од други народни приказни, сепак нивната комбинација е уникатна.

Прво, една млада девојка по име Егле открива змија во нејзината облека по капењето со нејзините две сестри. Говорејќи со човечки глас, змијата се согласува да си отиде откако Егле и ветува дека ќе се даде во брак ако змијата ја напушти нејзината облека, не реализирајќи ги можните последици. По три дена илјадници змии пристигнуваат за невестата, но се измамени од страна на нејзините роднини. Гуска, овца и крава се дадени наместо неа, но кукавицата предупредува за измамата. Разбеснетите змии се враќаат за последен пат и ја земаат Егле со себе до дното на морето кај нивниот господар.

Наместо да ја здогледа змијата, Егле го здогледува нејзиниот убав младоженец Жилвинас - принцот на змиите во форма на човек. Тие живеат заедно и среќно и имаат четири деца, сè додека Егле не одлучи да го посети својот домот и нејзиниот сопруг не и дозволува. За да и биде дозволено да го посети својот дом, Егле треба да исполни три невозможни задачи: да исплети бескараен кичер од свила, да износи еден пар на чевли од железо и да испече колач без кујнски прибор. Откако таа доби совети од вештерка и успева, Жилвинас и дозволува на Егле и децата да отидат.

По средбата со долго невидените членови на семејството, роднините на Егле не сакаат да ги пуштат да се вратат во морето и одлучиле да го убијат Жилвинас. Неговите синови се застрашени и претепани од нивните чичковци кои сакале да откријат како да го повикаат нивниот татко; сепак, тие молчат и не го предаваат. Конечно, исплашената ќерка открива:

"Жилвинас, драг Жилвинас,
Ако си жив – нека морската пена е млеко
Ако си мртов – нека морската пена е крв..."

Дванаесетте браќа го повикале Жилвинас и го убиле со коси.

Загрижената Егле го повикува нејзиниот сопруг, но за жал само пена од крв се враќа како одговор. Кога Егле открива дека нејзиниот сакан е мртов, како казна за предавство таа ги претвори нејзините деца и себеси во дрвја - синовите во даб, бел јасен и бреза, додека нејзината ќерка беше претворена во јасика. На крај, Егле се претвори себеси во смрча. [1]

Во културата и уметноста

[уреди | уреди извор]
Егле и змијата во Паланга.

Приказната беше за првпат објавена од страна на М. Јасевич во 1837 година.

Саломеја Нерис, литвански поет, напиша песна наречена Eglė žalčių karalienė (1940) која е заснована врз мотивите од приказната.

Бронзена скулптура од Робертас Антинис која ги прикажува Егле и змијата била конструирана во ботаничката градина во Паланга, Литванија, во 1960 година.

Еден балет наречен Eglė žalčių karalienė од Едвардас Балсис и бројни драми биле изведени во различни литвански театри, за првпат во 1946 година во режија на Јозас Густајтис.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]