Дојран (Егејска Македонија)
Дојран Δοϊράνη | |
---|---|
Британскиот споменик од I светска војна | |
Координати: 41°10.40′N 22°45.40′E / 41.17333° СГШ; 22.75667° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки округ |
Општина | Кукуш |
Општ. единица | Дојран |
Надм. вис. | 147 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 83 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 610 03 |
Повик. бр. | 23410-9 |
Рег. таб. | ΚΙ |
Дојран (грчки: Δοϊράνη, Дојрани) — село во северниот дел на централна Егејска Македонија, во рамките на Општина Кукуш. Има 83 жители (2011).
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во Дојранската Котлина, на неколку километри северно од градот Кукуш. Селото е сместено на јужниот брег на Дојранското Езеро, на местото на железничката станица на некогашниот град Дојран, разрушен во Првата светска војна. Денес Дојран е на самата граница со Република Македонија и има граничен премин. Над него има огромен споменик на загинатите британски војници во Првата светска војна.
Историја
[уреди | уреди извор]Со припојувањето на железничката станица Дојран кон Грција по Втората балканска војна, во пописот од 1913 година, Дојран е означено како село, но без жители. За време на Првата светска војна доаѓаат првите доселеници, претежно од градот Дојран, кој останал во Вардарска Македонија (тогаш дел од Кралството Србија).
Демографија
[уреди | уреди извор]Во почетокот кога била изградена населбата, во неа живееле македонски семејства под Цариградската патријаршија од градот Дојран, додека подоцна се населиле и грчки бегалци. Така, според пописот од 1920 година, во селото живееле 108 жители, додека според пописот од 1928 година живееле 202 жители од кои 73 лица (15 семејства) грчки доселеници од Турција и Бугарија.[2].
Во 1940 година селото броело 229 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 244 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 237 жители, во 1971 година имало 179 жители, во 1981 година имало 150 жители, додека во 1991 година имало 151 жител. Денеска, населението на селото е 183 жители.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 229 | 244 | 237 | 179 | 150 | 151 | 183 | 83 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Денес жителите на селото се занимаваат претежно со туризам и рибарство.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Дојран (Егејска Македонија)“ на Ризницата ? |
- Портал на округот Кукуш (грчки)
|