Дојрански амам
Дојрански амам | |
---|---|
Амамот по реставрацијата во 2023 г. | |
Општи податоци | |
Статус | обновена |
Вид | амам |
Стил | османлиски |
Град | с. Стар Дојран |
Земја | Македонија |
Координати | 41°11′10″N 22°43′8″E / 41.18611° СГШ; 22.71889° ИГД |
Надм. височина | 180 м. |
Обновена | 5 ноември 2021 |
Уништена | 1916 г. |
Дојрански амам — поранешен амам во селото Стар Дојран. Прогласен е за значајно културно наследство на Македонија.[1][2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Амамот се наоѓа на рид над Дојранското Езеро, каде што некогаш се наоѓала горната Турска чаршија, во близина на саат-кулата. Денес, до нејзе води улицата „Никола Карев“ и е сместен меѓу куќи.[3]
Градба
[уреди | уреди извор]Бањата е поделена на два дела — машки и женски. Се снабдувал со вода преку керамички цевки од место на 2 километри западно од Дојран. Се греела во посебна просторија и оттаму течела во чешмите.[4]
Историја
[уреди | уреди извор]Амамот не се знае кога е подигнат, но се говори дека работела секој ден до 1916 година кога била разрушена.[3]
Срушена е заедно со поголемиот дел од стариот град Дојран во 1916 година за време на Првата светска војна.[4] Денес, останал само дел од неа.
Конзервација
[уреди | уреди извор]Во 2020 година, Општина Дојран го најавила проектот за реконструкција на стариот амам и Саат-кулата, финансиран од Европската Унија. Изградбата започнала во 2021 година и на 5 Ноември, денот на ослободувањето на Дојран, амамот бил пуштен во употреба.[5]
Амамот бил вратен во првобитната состојба и бил поврзан со патеки со самата саат-кула.[6]
Сепак, состојбата од 2023 година покажува неуреден терен околу самиот амам.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Влезот
-
Поглед на амамот
-
Куполата
-
Амамот во 2021 г.
-
Амамот во 2021 г.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Список на заштитени добра. Состојба до 31.12.2012. Скопје: Управа за заштита на културното наследство.
- ↑ „Градска Бања - Амам“. Општина Дојран. Архивирано од изворникот на 2017-08-23. Посетено на 23 август 2017.
- ↑ 3,0 3,1 „Градски амам – Дојран“. МАРХ. Посетено на 2024-05-02.
- ↑ 4,0 4,1 „Градски амам, Дојран“. Дигитална култура за регионална кохезиjа. Архивирано од изворникот на 2022-01-28. Посетено на 22 август 2017.
- ↑ „Саат кула – Дојран / 1372, 2021 год“. МАРХ. Посетено на 2024-05-02.
- ↑ „РЕСТАВРИРАНИ И ОТВОРЕНИ ЗА ПОСЕТА ТУРСКАТА БАЊА И СААТ КУЛАТА ВО ДОЈРАН СРУШЕНИ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА“. Сакам Да Кажам. 2021-11-14. Посетено на 2024-05-02.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Дојрански амам на Ризницата ?