Дијабетична ретинопатија
Дијабетична ретинопатија | |
---|---|
Слика од очното дно на која е прикажана ласер хирургија на дијабетична ретинопатија | |
Специјалност | Дијабетологија, Офталмологија |
Дијабетична ретинопатија ([ˌrɛtnˈɑpəθi]), исто така позната како дијабетична болест на окото, е состојба во која настанува оштетување на ретина како резултат на дијабет. Во некои случаи доведува до слепило.[1]
Ова е окуларна манифестација на дијабет, системска болест, која афектира и до 80 проценти од пациентите кои имаат дијабет 10 години и повеќе.[2] Покрај овие застрашувачки статистики,истражувањата кажуваат дека околу 90 проценти од ново дијагностицираните случаи можат да бидат превенирани ако пациентите се редовно контролирани и третирани. [3] Колку подолго пациентот има дијабет толку се поголеми шансите да развие дијабетична ретинопатија.[4]
Знаци и симптоми
[уреди | уреди извор]Дијабетичната ретинопатија многу често нема рани симптоми. Дури и макуларен едем, кој може да предзивика брзо губење на видот може да нема предупредувачки знаци. Генерално пациент со макуларен едем најверојатно ќе има заматен вид поради што ќе му биде тешко да вози или да чита.Кај некои случаи,видот се подобрува и се влошува во текот на денот.
Во текот на првата фаза-непролиферативна дијабетична ретинопатија пациентот нема симптоми и единствениот начин да се дијагностицира болеста во оваа фаза е преку фундус офталмоскопија.На прегледот ќе се видат микроаневризми (микроскопски проширувања на артерискиот ѕид). Доколку постои намалување на видот, индицирана е флуоресцеин ангиографија за да се види задниот пол на окото.Доколку се забележи стеснување или блокада на ретиналните крвни садови ова се нарекува ретинална исхемија (недостаток на крвен проток).
Во текот на првата фаза може да се развие ексудација(пропуштање на крвните садови) во макуларниот регион и да настане макуларен едем. Симптомите се замаглување,затемнување на видот.10 проценти од дијабетичните пациенти ќе го загубат видот како последица на макуларен едем. Оптичка кохерентна томографија може да покаже региони на акумулацијана течност со макуларен едем.[5]
Втората фаза поради формирањето на абнормални нови крвни садови (неоваскуларизација)во задниот пол од окото е наречена пролиферативна дијабетична ретинопатија. Овие садови можат да прокрварат во стакленото тело (витрална хеморагија) и да предзивикаат заматување на видот.Првиот пат кога ова ќе се случи најчесто не остава сериозни последици.Во повеќето случаи ќе останат точки крв, кои пациентот ги визуелизира како лебдечки мушички кои исчезнуваат од видното поле после неколку часа.
Овие точки често се проследени со поголемо крварење во наредните денови кое што предизвикува поголемо заматување на видот.Во екстремни случаи пациентот ќе може да детектира само светлина.На поголемите количества крв им треба повеќе време(недели,месеци) да се ресорбираат а во некои случаи крвта останува во витреалното тело.Овие видови на големи хеморагии имаат тенденција на повторување најчесто во тек на спиење.
На фундоскопско испитување, докторот ќе забележи беличести преципитати, хеморагии во вид на пламен и точкести хеморагии.
Патогенеза
[уреди | уреди извор]Дијабетичната ретинопатија е резултат на микроваскуларни ретинални промени.Хипергликемија-индуцирана интрамурална смрт на перицити и стеснување на базална мембрана водат до инкомпетенција на васкуларните ѕидови.Овие оштетувања ја менуваат формацијата на крвно-ретиналната бариера и ги прават крвните садови повеќе пермеабилни.[6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Diabetic retinopathy“. Diabetes.co.uk. Посетено на 25 November 2012.
- ↑ Kertes PJ, Johnson TM, уред. (2007). Evidence Based Eye Care. Philadelphia, PA: Lippincott Williams & Wilkins. ISBN 0-7817-6964-7.[се бара страница]
- ↑ Tapp RJ; Shaw JE; Harper CA; и др. (June 2003). „The prevalence of and factors associated with diabetic retinopathy in the Australian population“. Diabetes Care. 26 (6): 1731–7. doi:10.2337/diacare.26.6.1731. PMID 12766102.
- ↑ Dr Caroline MacEwen. „diabetic retinopathy“. Архивирано од изворникот на 2015-09-10. Посетено на August 2, 2011.
- ↑ „Nonproliferative Diabetic Retinopathy (Includes Macular Edema)“. Архивирано од изворникот на 2013-02-13. Посетено на August 17, 2013.
- ↑ Pardianto G; и др. (2005). „Understanding diabetic retinopathy“. Mimbar Ilmiah Oftalmologi Indonesia. 2: 65–6.
|
|