Дејвид Бекам
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Фактографската точност на оваа статија или поднаслов може да е доведена во прашање поради застарени информации. Можете да ја подобрите статијата подновувајќи ја. Можно е да има информации на разговорната страница. |
Дејвид Бекам | |||
---|---|---|---|
Бекам на Вимблдон во 2014 година | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Дејвид Роберт Јосеф Бекам | ||
Роден на | 2 мај 1975 | ||
Роден во | Лејтонстоун, Лондон, Англија | ||
Висина | 6 ст 0 ин (1.83 м)[1] | ||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | ФК Лос Анџелес Галакси | ||
Број | 23 | ||
Младинска кариера | |||
ФК Бримсдаун Роверс | |||
1987–1991 | ФК Тотенхем Хотспар | ||
1991–1993 | ФК Манчестер Јунајтед | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1993–2003 | ФК Манчестер Јунајтед | 265 | (62) |
1995 | → ФК Престон (п) | 5 | (2) |
2003–2007 | ФК Реал Мадрид | 116 | (13) |
2007–2012 | ФК Лос Анџелес Галакси | 69 | (11) |
2009 | → ФК Милан (п) | 18 | (2) |
2010 | → ФК Пари Сен-Жермен (п) | 11 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1992–1993 | Англија под 21 | 3 | (0) |
1994–1996 | Англија под 21 | 9 | (0) |
1996–2009 | Англија | 115 | (17) |
* Ажурирано на: 5 септември , 2011 ** Ажурирано на: 3 ноември 2009 |
Дејвид Роберт Џозеф Бекам — поранешен англиски фудбалер, роден е во квартот Лејтонстоун во Лондон. Настапувал како десен или централен играч од средината на теренот и поминува голем дел од својата кариера како играч на Манчестер Јунајтед, но играл и за Реал Мадрид и ЛА Галакси. Во 2003 излезе неговата автобиографија наречена „Мојата вистина“.
Кариера
[уреди | уреди извор]Како капитен на Англија, има одиграно 58 натпревари, од вкупно 100. Неговата кариера започна во 1992 година (17) кога потпиша професионален договор со Манчестер Јунајтед. Клубот го напушти во 2003 година, кога потпиша за шпанскиот Реал Мадрид, каде играше 4 сезони. Во јануари 2007 Бекам потпиша петгодишен договор со Лос Анџелес Галакси.Од ЛА Галакси на два наврати настапува во Милан како позајмен играч во време на пауза на американската МЛС лига,при што повторно се враќа во ЛА Галакси.Тој беше прв британски фудбалер кој забележал 100 настапи во Лигата на шампионите.
Интернационална кариера
[уреди | уреди извор]Во меѓународниот фудбал, Бекам го направи своето деби за фудбалската репрезентација на Англија, на 1 септември 1996 година на возраст од 21 година. Тој беше капитен на репрезентацијата шест години, заработувајќи 58 настапи за време на неговиот мандат.[2][3] Вкупно тој забележал 115 настапи за Гордиот Албион, настапувајќи на три Светски првенства и тоа: Франција 1998, Кореја и Јапонија 2002 и Германија 2006 година, како и на две европски првенства во Белгија и Холандија 2000 година, и во Португалија 2004 година.
Бекам е постојано рангиран меѓу фудбалерите кој највисоко заработуваат во фудбалот, а во 2013 година тој беше на списокот на најплатените играчи во светот, кој заработуваат повеќе од 50 милиони евра во последните 12 месеци.[4] Тој е женет со Викторија Бекам од 1999 година и тие имаат 4 деца.[5] Тој е амбасадор на УНИЦЕФ од 2005 година, а од 2015 година ја лансира 7: The David Beckham UNICEF Fund фондацијата Дејвид Бекам.[6] Во 2014 година, МЛС објави Бекам и група на инвеститори ќе ја прошируваат американската лига со екипата на Мајами МЛС, што ќе започне во 2016 или 2017 година.[7]
Приватен живот
[уреди | уреди извор]Во 1997 година, Бекам започна да излегува со Викторија Адамс (сега Викторија Бекам) (Пош Спајс од Спајс Г’рлс). На 24 јануари 1998 година, Бекам се ожени со Викторија. На 4 март 1999 година, се роди нивниот прв син син, Бруклин. Четири месеци потоа, Бекам и Викторија се венчаа во еден замок во Ирска, а кум на венчавката им беше тогашниот клупски другар Гери Невил. Нивниот втор син, Ромео, се роди на 1 септември 2002 во Лондон, а третиот, Круз, на 20 февруари во Мадрид. Во 2011 ја добиваат и нивната прва ќерка Харпер Бекам. Кумови на Бруклин и Ромео e Елтон Џон.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „David Beckham“. Soccerbase. Архивирано од изворникот на 2009-02-09. Посетено на 9 September 2008.
- ↑ „Beckham's England dream realised“. BBC Sport. 10 November 2000. Посетено на 9 September 2008.
- ↑ „Beckham quits as England captain“. BBC Sport. 2 July 2006. Посетено на 9 September 2008.
- ↑ „The World's Best-Paid Soccer Players“. Forbes. 17 April 2013. Посетено на 12 September 2014.
- ↑ „David Beckham kids named most stylish celebrity children in the world - BelfastTelegraph.co.uk“. Belfast Telegraph. 9 April 2014. Посетено на 6 July 2014.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеUNICEF
. - ↑ Mazzei, Patricia (5 February 2014). „Soccer star David Beckham to bring MLS team to Miami“. Miami Herald.