Дваесетгодишна анархија
Византиско Царство Βασιλεία Ῥωμαίων
| |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
695–717 | |||||||||
Главен град | Цариград | ||||||||
Говорени јазици | грчки | ||||||||
Уредување | автократија | ||||||||
Византиски цар | |||||||||
Историја | |||||||||
• убиството на Јустинијан II | 695 | ||||||||
• стапување на престолот на Лав III Исавријанин | 717 | ||||||||
|
Дваесетгодишната анархија претставува период на внатрешна нестабилност и немири, и како период од историјата на Византија траел од крајот на владеењето на Јустинијан II Ринотмет во 695 година до качувањето на престолот на Лав III Исавријанин во 717 година, кој го означил почетокот на Сириската династија[1][2][3].
685-711
[уреди | уреди извор]Јустинијан II (685-711) стапил на престолот во 685 година. Карактеристично за него била големата суровост и деспотизам кои наскоро го направиле објект на омраза од страна на населението. Омразата на народот се зголемила особено поради злоупотребите и уцените на јустинијановите омилени луѓе - Теодот и Стефан, од кои првиот бил министер за финансии (ό γενικός λογοθέτης), а Стефан сакелариј на царот[4]. Непопуларноста на Јустинијан II била искористена од војсководецот Леонтиј[5]. Во 695 година, тој успеал да побегне од затвор, каде бил чуван по наредба на Јустинијан, по кое успеал да го зароби на Јустинијан и наредил да му го преселат носот и јазикот, поради кое Јустинијан подоцна бил наречен Ринотмет. Соборениот император бил испратен на заточение во Крим.[4]. Стефан и Теодот биле погубени. Така започнал периодот на нестабилност и анархија, кој траел 22 години и за кој период биле сменети седум императори[3].
Краткото управување на Леонтиј било запаметено со лоша борба против надворешните непријатели. Во 697 година Леонтиј ја испратил византиската флота да помогне на опколената од Арапите Картагина. Но овие акции на напаѓање преку копно и море се покажале како неуспешни. Како резултат на тоа, во 698 година Византија ја изубила Картагена[6], последната територија во Африка. По поразот, византискиот флота се повлекла кон островот Крит со цел да се прегрупира[7]. Таму дел од командантите плашејќи се од царскиот гнев, решиле да го соборат Леонтиј. Откако го отстраниле патрициј Јован, тие го назначиле Тибериј, управителот на тема Кивириотон за император[5]. Благодарение на поддршката од страна на партијата на "зелените"[8], тој лесно успеал да влезе во Цариград. Тогаш Јустинијан Ринотмет успеал да побегне од заточение, прво кај Хазарите, потоа кај Бугарите, за да во 705 година застане пред портите на Цариград, заедно со 15,000 војска составена од Словени и Бугари, на чело со хан Тервел[9]. Јустинијан и неговите приврзаници тајно успеале да влезат во главниот град преку еден неискористен аквадукт и успеале да направат преврат.
Откако Јустинијан II Ринотмет го освоил главниот град и повторно го зазел престолот, тој се одмаздил на суров начин на своите противници, и тоа поранешните цареви Тибериј и Леонтиј, кои биле обезглавени јавно на хиподромот, а патријархот Калиник бил ослепен и прогонет. Второто владеење на Јустинијан (од 705 до 711 година) се покажало како уште поголем неуспех за разлика од првото управување. Војната со Арапите повторно тргнала на лошо: Византијците ја загубиле Мопсуеста и Тијана, во 709 година Арапите влегле дури во Тракија. Поразите на Византија довече до делумна загуба на Кападокија и Киликија[10]. Барајќи реванш против Бугарите, Јустинијан II заминал во североисточна Тракија во 708 година, но бил поразен и опколен во Анхиало. Императорот се повлекол по море и наскоро го обновил мирот со Бугарија. Во 711 година Јустинијан II испратил во Крим флота и војска, која требало да го казни на Керсон бидејќи не го поддржал на царот за време на неговите походи, но војниците се побуниле и го прогласуваат за император Филипик Вардан. Додека Јустинијан собирал армија во Мала Азија, Филипик го освоил Цариград и го убил Тибериј, малолетниот син на Јустинијан. Самиот Јустинијан бил напуштен од повеќето армии и бил заробен и обезглавен во декември 711 година, недалеку од главниот град.
Ова го означило крајот на Ираклиевата династија.
711-713
[уреди | уреди извор]Филипик Вардан седнал на престолот по смртта на Јустинијан. Меѓу првите негови дејствија биле соборувањето на Кир Цариградски и негова замена со Јован VI Цариградски, член на неговата секта и повикувањето кон conciliabulum на источните епископи. Филипик ги поништил каноните на Шестиот вселенски собор како убеден монотелист.
Во меѓувреме, бугарскиот хан Тервел пристигнал пред ѕидините на Цариград во 712 година. Кога Филипик ја префрлил армијата за да го контролира Балканот, Омејадскиот калифат на чело со Ал-Валид I започнал напади против слабата заштита во Мала Азија. На крајот на мај 713 година Опсикијските војници се побуниле во Тракија. Некои од нивните офицери успеале да влезат во царската палата и да го ослепат Филипик на 3 јуни 713 година. Тој бил наследен за кратко од својот главен секретар Артемиј, кој бил прогласен за император под името Анастасиј II.
713-715
[уреди | уреди извор]Анастасиј II ја поддржувал православната фракција и го симанл од престолот на Јован VI Цариградски кој бил поставен од неговиот претходник. Откако не успеал да го врати мирот со Арапите, тие започнале со напади против Византија по море и копно. Анастасиј започнал подготовка на воен поход за заштита на Галатија.
Иако се обидел да ја стабилизира империјата, Анастасиј II наметнал строга дисциплина, тој управувал по волјата на армиските делови на империјата и по двегодишна власт бил соборен од нив во корист на Теодосиј III, избран за император повторно во Опсикион. Анастасиј бил принуден да абдицира и да стане монах по кое бил прогонет во манастир во Тесалија. Во 719 или 720/1 година се обидел безуспешно да го собори од престолот на император Лав III Исавријанин и побарал помош на Бугарите, но бил предаден, заробен и обезглавен по наредба на царот Лав.
715-717
[уреди | уреди извор]Теодосиј III како император бил признаен од страна на четири стратези, вклучувајќи го и Лав III Исавријанин, командант на војниците во Анадолија. Теодосиј требало да се занимава со арапските војници во Анадолија и со арапската флота која напредувала. За таа цел, тој потпишал мировен договор со хан Кормесиј, во корист на Бугарите, за да си обезбеди заштита против арапската инвазија. Оваа политика се покажала како оправдана, кога малку подоцна Бугарите ги разбиле арапските армии и помогнале во спасувањето на Цариград. По победата над арапите, Лав кренал бунт во Анадолија и без тешкотии го принудил на Теодосиј да се повлече од престолот. Тој бил изолиран во манастир во Ефес, каде водел строг аскетски живот.
Со доаѓањето на Лав III Исавријанин бил ставен крај на периодот на немири и нестабилност во земјата, а самиот Лав го дал почетокот на Сириската династија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Kaegi (1994), pp. 186, 195
- ↑ Bellinger & Grierson (1992), p. 5
- ↑ 3,0 3,1 Jenkins, Romilly (1966). Byzantium The Imperial centuries AD 610-1071. p. 56
- ↑ 4,0 4,1 Ostrogorsky, pgs. 116–122
- ↑ 5,0 5,1 Bury, pg. 354
- ↑ Острогорски, Ѓорги, Историја на Византија, Прозорец, С., 1998, стр. 205-206
- ↑ Norwich, pg. 334
- ↑ Острогорски, Ѓорги, Историја на Византија, Прозорец, С., 1998, стр.206
- ↑ Norwich, pg. 336
- ↑ Norwich, pg. 339
Извори
[уреди | уреди извор]- Kaegi, Walter Emil (1992). Byzantium and the Early Islamic Conquests. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-41172-1.
- Bellinger, Alfred Raymond; Grierson, Philip, уред. (1992). Catalogue of the Byzantine Coins in the Dumbarton Oaks Collection and in the Whittemore Collection: Phocas to Theodosius III, 602-717. Part 1. Phocas and Heraclius (602-641). Dumbarton Oaks. ISBN 9780884020240.
- Jenkins, Romilly (1966). Byzantium The Imperial centuries AD 610-1071. Weidenfeld and Nicholson ISBN 0-8020-6667-4