Прејди на содржината

Гладијатор (филм од 2000)

Од Википедија — слободната енциклопедија

За други значења види Гладијатор (појаснување)

„Гладијатор“
Плакатот на македонски
РежисерРидли Скот
ПродуцентДаглас Вик
Дејвид Францони
Бранко Лустиг
СценаристДејвид Францони
Главни улогиРасел Кроу
Хоакин Финикс
Кони Нилсен
Оливер Рид
Ричард Харис
Дерек Јакоби
Џимон Хансу
МузикаХанс Цимер
Лиза Џерард
ДистрибутерDreamWorks“ (САД)
Universal Studios“ (меѓународно)
ПремиераАвстралија
4 мај 2000
САД
5 мај 2000
Времетраење154 мин.
(обично издание)
171 мин.
(продолжено издание)
Земја САД
 Обединето Кралство
Јазик
Буџет103.000.000 милиони долари[1][2]
Бруто заработка457.640.427 милиони долари
СледенГладијатор 2

„Гладијатор“ (англиски: Gladiator) — историски/епски филм на режисерот Ридли Скот (Ridley Scott) од 2000 година. Автори на сценариото се: Дејвид Франзони (David Franzoni), Џон Логан (John Logan) и Вилијам Николсон (William Nicholson). Главните улоги ги играат: Расел Кроу (Russell Crowe), Хоакин Финикс (Joaquin Phoenix), Кони Нилсен (Connie Nielsen), Ричард Харис (Richard Harris), Оливер Рид (Oliver Reed), Дерек Џејкоби(Derek Jacobi) и Џимон Хунсу (Djimon Hounsou). Инаку, за време на снимањето на филмот умрел Оливер Рид, па повеќето од сцените со неговиот лик се создадени со помош на компјутер. Директор на фотографијата е Џон Метјесон (John Mathieson), додека автор на музиката е Ханс Цимер (Hans Zimmer). Филмот имал дури 12 номинации за наградите „Оскар“, а победил во пет категории: најдобар филм, најдобар главен глумец, најдобра костимографија, најдобар звук и најдобри визуелни ефекти. За потребите на снимањето на филмот биле ангажирнаи дури четири илјади статисти.[3]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива кон крајот на II век. Генералот Максимус (го игра Кроу) е пријател на царот Марко Аурелиј (го игра Харис), кој води борба против варварските германски племиња. По победата, стариот цар сака да го постави Максимус за свој наследник. Меѓутоа, по смртта на царот, неговиот честољубив син Комод (го игра Финикс) им наредува на своите луѓе да го убијат Максимус, како и неговото семејство. Сепак, Максимус успева да преживее, но е заробен и претворен во роб во една од провинциите на Римското Царство. Така, Максимус станува гладијатор и станува наславниот борец на Проксимо (го игра Рид), но се заколнува дека ќе се освети за убиството на своето семејство...

  1. Martha Lair Sale & Paula Diane Parker (2005). „LOSING LIKE FORREST GUMP: WINNERS AND LOSERS IN THE FILM INDUSTRY“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-02-27. Посетено на 2007-02-19.
  2. Schwartz, Richard (2001). The Films of Ridley Scott. Westport, CT: Praeger. стр. 141. ISBN 0275969762.
  3. Gladijator, američko-britanski film (2000.) (пристапено на 31.3.2024)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

|group11 = 2020-ти |list11 = Земја на номадите (2020) • CODA (2021) • Сè насекаде одеднаш (2022) }} </noinclude>