Гителде
Гителде | |
Место во Бад Грунд | |
Поглед на Гителде | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Долна Саксонија |
Округ | Остероде |
Општина | Бад Грунд |
Основни податоци | |
Површина | 12,55 км2 |
Надм. височина | 190 м |
Население | 1.926 (31 декември 2011) |
- Густина | 153 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OHA |
Пошт. бр. | 37534 |
Повик. бр. | 05327 |
Портал | www.gittelde.de |
Координати | 51°48′1″N 10°11′15″E / 51.80028° СГШ; 10.18750° ИГД |
Гителде (германски: Gittelde) — село и поранешна општина во округот Остероде, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 март 2013 година е дел од општината Бад Грунд.
Историја
[уреди | уреди извор]Гителде било создадено во X век. Во документ кој потекнува од 953 година, местото било запишано по првпат, а неколку години подоцна му биле доделени пазарни и ковачки права во 965 година.[1]
Знаменитости
[уреди | уреди извор]Постојат бројни добро зачувани куќи изградени во фахверк во средиштето на градот.
Црквата „Св. Маврициј“, која била изградена во средниот век, има неороманескнен наос кој потекнува од XIX век. Нејзината камбанарија била изградена во барокен стил околу 1700 година. Во црквата има готски олтар со дрвени резби.[2] Црквата „Св. Јован“ која веројатно била изградена во X век има камбанарија која потекнува од 1660 година.[3]
Железничката станица во Гителде на линијата Херцберг-Зезен е историска дрвена градба во југоисточниот дел на селото.
Урнатините на замокот Штауфенбург (Stauffenburg) се вредни за посета. Замокот бил основан кратко по 1050 година. Бил користен како затвор до 1778 година и како каменолом потоа.[4]
-
Црква „Св. Маврициј“
-
Црква „Св. Јован“
-
Фахверк-куќи долж улицата Брајте Штрасе
-
Фахверк-куќи долж улицата Ланге Штрасе
-
Железничка станица
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
Оваа статија за место во Долна Саксонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |