Втора влада на Никола Груевски
Втора влада на Никола Груевски Груевски II | |
---|---|
26. влада на Македонија | |
2008-2011 | |
Груевски во 2009 | |
Конституирана | 26 јули 2008 |
Распуштена | 28 јули 2011 |
Организација | |
Претседател | Бранко Црвенковски (до мај 2009) Ѓорѓе Иванов (од мај 2009) |
Премиер | Никола Груевски |
Статус во собрание | Коалициска влада |
Историја | |
Избори | 2008 |
Претходен кабинет | Груевски I |
Следен кабинет | Груевски III |
26. влада на Македонија — орган на извршната власт во Република Македонија избран по парламентарните избори одржани на 1 јуни 2008 година. Мандат за создавање на нова влада од Претседателот Бранко Црвенковски доби водачот на ВМРО-ДПМНЕ и дотогашен премиер, Никола Груевски. Новата влада е изгласана во Собранието на Република Македонија на 26 јули. За новата влада гласаа пратениците од коалицијата „За подобра Македонија“, сочинета од ВМРО-ДПМНЕ, СПМ и останатите коалициони партнери. Албански партнер во власта беше ДУИ. Коалицијата СОНЦЕ, предводена од СДСМ, заедно со останатите опозициони партии и ДПА, ја бојкотираа седницата за избор на нова влада.[1]
Оваа влада беше реконструирана во јули 2009 година, а нејзиниот мандат траеше до одржувањето на парламентарните избори од 2011 година, на кои повторно победи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Состав на владата
[уреди | уреди извор]Министри во оваа влада се:[2]
- Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ) - претседател на владата
- Зоран Ставревски (ВМРО-ДПМНЕ) - потпретседател за економски прашања
- Абдилаќим Адеми (ДУИ) - потпретседател за спроведување на Рамковниот договор
- Ивица Боцевски (ВМРО-ДПМНЕ) - потпретседател за евроинтеграции
- Трајко Славевски (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за финансии
- Миле Јанакиевски (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за транспорт и врски
- Гордана Јанкуловска (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за внатрешни работи
- Антонио Милошовски (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за надворешни работи
- Фатмир Бесими (ДУИ) - министер за економија
- Зоран Коњановски (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за одбрана
- Иво Ивановски (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за информатика
- Џелал Бајрами (ДУИ) - министер за труд и социјална политика
- Михајло Маневски (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за правда
- Бујар Османи (ДУИ) - министер за здравство
- Аце Спасеновски (СПМ) - министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Муса Џафери (ДУИ) - министер за локална самоуправа
- Перо Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ) - образование и наука
- Елизабета Канчевска Милевска (ВМРО-ДПМНЕ) - култура
- Неџет Јакупи (ДУИ) - екологија
- Веле Самаковски - министер без ресор, задолжен за привлекување на странски инвестиции
- Хади Незир (ДПТМ) - министер без ресор
- Неждет Мустафа (ОПЕ) - министер без ресор
Реконструкција на владата од 2009
[уреди | уреди извор]Една година по изборот на Владата, на 11 јули 2009 година, е извршена нејзина реконструкција. При реконструкција на Владата, дотогашниот заменик премиер Зоран Ставрески ја презеде и функцијата министер за финансии на местото на Трајко Славевски. Владимир Пешевски е избран за нов потпретседател на Владата за економија, а Васко Наумовски е избран за нов потпретседател за евроинтеграции на местото на Ивица Боцевски. Љупчо Димовски е избран за нов министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, а Никола Тодоров за нов министер за образование и наука.[3][4]
- Владимир Пешевски (ВМРО-ДПМНЕ) - потпретседател за економски прашања
- Зоран Ставрески (ВМРО-ДПМНЕ) - министер за финансии
- Васко Наумовски (ВМРО-ДПМНЕ) - потпретседател за евроинтеграции
- Никола Тодоров (ВМРО-ДПМНЕ) - образование и наука
- Љупчо Димовски (СПМ) - министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Опозицијата со паралелен парламент ќе го бојкотира изборот на владата, Утрински весник[мртва врска]
- ↑ „Службен весник на РМ, 94/08, 2 стр“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-11-01. Посетено на 2017-05-20.
- ↑ „Владата со нови министри за образование, финансии и земјоделство“. Влада на Република Македонија. 8 јули 2006. Посетено на 2014-04-06.
- ↑ Службен весник на РМ, 86/09, 2 стр.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Влада на Република Македонија Архивирано на 11 април 2011 г.