Владимир Назор
Владимир Назор (Постире, 30 мај 1876 - Загреб, 19 јуни 1949), хрватски писател. Пишувал епски песни, раскази, романи, есеи, критики и мемоари. Негови познати дела се „Словенски легенди“, „Вели Јоже“ и „Дневникот со партизаните“[1].
Животен пат
[уреди | уреди извор]Основно училиште завршилчл на островот Брач, a гимназија во Сплит. Студирал на природни науки, математички и физичкиu во Грац и во Загреб, а дипломирал во 1902 година. Предавал во хрватската гимназија во Задар, a од 1903 до 1918 година во Истра, каде го поминал поголем дел од својот живот. Во 1933 година се преселил во Загреб, каде работел како управник на дом за деца.
Творештво
[уреди | уреди извор]Првото дело ан Назор е Славенски легенди (1900). Во 1904 година, во Задар, го објавил делото Книга за хрватските кралеви, а во тоа време почнал да го пишува и делото Истарски приказни. Неколку години подоцна се појавило неговото успешно дело Вели Јоже (1908) кое тој самиот го сметал за неуспешно. Во 1916 година објавил неколку книги: Утва златокрила, Мечката Брундо и Стоимена. Во 1934 година го објавул „Списокот на Јевтиќ“, поради што некое време му биле затворени сите весници и издавачи. Неколку години подоцна, во 1939 година, ги објавил Овчарот Лода и Дедото Кајбумшчак.[2]
Значење и влијание
[уреди | уреди извор]Назор е главниот лик во расказот „Тајната на црвениот замок“ (српски: Tajna crvenog zamka)[3] и еден од двата главни лика во расказот „Ѓиласовиот број“ (српски: Đilasov broj) на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.[4]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Nazor, Vladimir
- ↑ Nazor, Vladimir
- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 33-62.
- ↑ Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 139-158.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|