Прејди на содржината

Следете ја Википедија на македонски јазик на Facebook и на Instagram!

Во тек е гласање за доделување на статусот „избрана статија“ на статиите: „Фатимидски Калифат“, „Роберто Баџо“, „Антарктик“, „Кајперов Појас“ и „Кришна“.

Уредувачки викенд „Фудбалски клубови од Англија“
Уредувачки викенд „Фудбалски клубови од Англија“

Се известуваат сите заинтересирани уредници на Википедија на македонски јазик дека во периодот 11-12 јануари 2025 година ќе се одржи уредувачки викенд на тема „Фудбалски клубови од Англија“.

Верлте

Координати: 52°51′0″N 7°41′0″E / 52.85000°N 7.68333°E / 52.85000; 7.68333
Од Википедија — слободната енциклопедија
Верлте

Werlte

Католичката црква во Верлте
Католичката црква во Верлте
Католичката црква во Верлте
Грб на Верлте
Верлте во рамките на Германија
Верлте
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Емсланд
Општ. заед. Верлте
Градски единици 5
Градоначалник Даниел Теле (ДХС)
Основни податоци
Површина 63,75 км2
Надм. височина 32 м
Население 10.539 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 165 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. EL
Пошт. бр. 49757
Повик. бр. 0 59 51
Портал www.werlte.de
Местоположба на градот Верлте во рамките на округот Емсланд
Карта
Карта
Координати 52°51′0″N 7°41′0″E / 52.85000°N 7.68333°E / 52.85000; 7.68333

Верлте (германски: Werlte) — мал град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Верлте се наоѓа неколку километри источно од ридскиот масив Химлинг. Недалеку од градот се наоѓаат изворишните подрачја на Нордраде и Лорупер Беке на запад, додека на реките Мителраде и Марка на исток. Овие реки припаѓаат на сливното подрачје на Емс.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Покрај главното место Верлте припаѓаат и следниве места кон денешниот град:

  1. Бокхолте (со Гут Ајнхаус)
  2. Остевалде
  3. Вем (со Меншенберг)
  4. Висте
Градот Верлте во округот Емсланд
Градот Верлте во округот Емсланд

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Градот Верлте на север се граничи со општината Растдорф, на исток со општините Фрес и Линдерн (округот Клопенбург), на југоисток со градот Ленинген (округ Клопенбург), на југ со општините Лан и Леден (општинска заедница Херцлаке), на запад со општините Зегел и Шпанхаренштете во општинската заедница Зегел.

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]

Градскиот совет се состои од 25 избрани членови.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[3]

  • CDU – 19 места
  • SPD – 6 места

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Верлте е збратимен со следниве градови:

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
  3. Ergebnis der Kommunalwahl 2021 auf votemanager.kdo.de; abgerufen am 19. September 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]