Василиј Баумгартен
Изглед
Василиј Баумгартен (руски: Василий Фёдорович Баумгартен; во македонските извори наведуван и како: Вилјем Баумгартнер и Вилијам Баумгартнер; Петроград, Русија, 1879 - 1941) бил руски архитект, кој во 1920 г. се доселил во Белград, Кралство Југославија.
Проектирал објекти за потребите на војската, во рамките на Министерството за војската. Автор е на Офицерскиот дом во Скопје, изграден во периодот од 1925 во 1929 г., којшто се одликувал со еклектички руски декоративизам, но бил разурнат од скопскиот земјотрес во 1963 година. Во 1930 г. ја напуштил војската и се занимавал со проектирање објекти од општествен карактер, како што се Хипотекарната банка и Рускиот дом во Белград.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Константиновски, Георги (2001). Градителите во Македонија XVIII - XX век. Скопје: Табернакул. стр. 34. ISBN 9989-647-88-7.