Бријан Кокар
Кокар на Тур де Франс 2015 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Бријан Кокар | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 25 април 1992 Сен Назер, Франција | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,69 м | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 58 кг | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Б&Б Хотелс п/б КТМ | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски и велодромски велосипедизам | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | спринтер | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Аматерски клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2010 2011–2012 | УС Понтшателен Вандеја У | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
2013–2017 2018- | Тим Јуропкар Витал Консепт | |||||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 24 мај 2018 |
Бријан Кокар (француски: Bryan Coquard; р. 25 април 1992) — француски професионален велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Б&Б Хотелс п/б КТМ.[1] Бил сребрен медалист на Летните олимписки игри 2012 во омниум.[2]
Кариера
[уреди | уреди извор]Младинска и аматерска
[уреди | уреди извор]Кокар започнал со велосипедизам во 1999 година на седумгодишна возраст, во клубот Поншато. Во септември 2008 година, на 16 години, се приклучил на клубот Бордо.
Во 2009 година, Кокар станал светски јуниорски првак во омниум, а ја освоил и скреч-трката на европското првенство. Ја одбранил титулата во омниум во 2010 година, освојувајќи четири од шест дисциплини, а исто така завршил и втор во скреч. Поради неговите велодромски успеси, во јуни 2011 година, Кокар потпишал договор со Тим Јуропкар за почеток како професионалец во 2013 година. Истиот месец, станал првак во омниум на Франција, освојувајќи пет од шест дисциплини. По ова, бил избран да ја претставува Франција во омниум на Летните олимписки игри. Го освоил сребрениот медал завршувајќи зад Ласе Норман Хансен од Данска.
Професионална
[уреди | уреди извор]Кокар потпишал договор за професионална кариера во друмскиот велосипедизам од сезоната 2013 година, потпишувајќи со UCI World Tour екипата Тим Јуропкар.[3] Неговата сезона во 2013 започнала добро, откако освоил две етапи на Етоал де Бесеже во јануари и февруари.[4] Во 2015 година, Кокар ја освоил првата етапа на Четири дена Динкерк. Етапата имала делови со калдрма, поради што главната група се поделила, а Кокар го освоил спринтот од тројца возачи.[5]
Бријан Кокар ја започнал сезоната 2016 со две победи на првата и втората етапа на Етоал де Бесеже. Меѓутоа, на 16 февруари, како подготовка за Трката околу Андалусија, го скршил десното рамо. Се вратил еден месец подоцна за време на класиците, пропуштајќи ја првата цел во годината, Париз-Ница. Започнал добро, завршувајќи втор зад Јенс Дебишер во мал групен спринт на [[Дварс дор Вландерен. По етапна победа на Сиркут де ла Сарт, неговата форма продолжила на ридските класици, Брабантсе Пејл и Амстел Голд Рејс, завршувајќи четврти на обете трки. Во мај, ја освоил својата прва професионална етапна трка, Четири дена Динкерк, освојувајќи и три етапи. Следниот месец, го освоил првиот хронометар, пролог на Букл де ла Мајен, остварувајќи победа и на следната етапа. Како подготовка за Тур де Франс, го победил Арно Демар на првите две етапи на Рут ди Сид.
Витал Консепт
[уреди | уреди извор]Во август 2017 година било потврдено дека Кокар потпишал за новосоздадената екипа Витал Консепт како предводник за екипата за сезоната 2018,[6] кратко откако Кокар бил исклучен од составот на Тим ТоталЕнержи за Тур де Франс.[7] Кокар добил понуда и од екипата Судал Квик-Степ, но ја одбил откако не сакал да биде втор спринтер зад Фернандо Гавирија[8]
Кокар својот прв настап со новата екипа го имал во јануари 2018 година на Трката Шарџа. Првата победа ја остварил во февруари на првата етапа на Трката околу Оман, каде ја освоил спринтерската завршница пред Марк Кевендиш.[9] Претходно за малку пропуштил победа на Етоал де Бесеже, кога Кристоф Лапорт го претекнал на целта, додека Кокар ја прославувал победата што мислел ја обезбедил.[10]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]Велодромски
[уреди | уреди извор]- 2009
- 1. Светско јуниорско првенство во омниум
- 2010
- 1. Светско јуниорско првенство во омниум
- 2011
- Национални првенства
- 1. Екипна потера
- 1. Скреч
- 2. Медисон (со Морган Ламоасон)
- 2. Европско првенство во омниум
- 2012
- Национални првенства
- 1. Омниум
- 1. Медисон (со Морган Ламоасон)
- 3. Скреч
- 2. Олимписки омниум
- 2. Шест дена Гренобл (со Морган Кнајски)
- 2013
- Европски првенства под 23 години
- 1. Медисон
- 2. Екипна потера
- 2. Бодовна трка
- 2015
- 1. Светско првенство во медисон (со Морган Кнајски)
- 1. Европско првенство во елиминациска трка
друмски
[уреди | уреди извор]- 2012
- 2. Светски друмски првенства под 23 години
- 2013
- 1. Шатору Класик
- 1. ГП Челинџ Спринт Про
- Етоал де Бесеже
- Тур де Лангкави
- 1. Етапа 8
- 1. Етапа 9
- 2. Краен пласман Француски друмски куп
- 1. Пласман за млад возач
- 2. Краен пласман Тур де Пикарди
- 1. Етапа 2
- 2. Гран при де Денен
- 2. Вал д’Ил У Класик 35
- 3. Гран при де Фурмие
- 5. Париз-Камемберт
- 5. Буклс де л’Олн
- 6. Тур де Вандеја
- 8. Гран при д’Исберг
- 2014
- 1. Рут Адели
- 1. Париз-Камемберт
- Етоал де Бесеже
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 4
- 3. Краен пласман Тур де Пикарди
- 1. Етапа 1
- 2015
- Рут ди Сид
- 1. Етапа 3 Етоал де Бесеже
- 5. Трофео Плаја де Палма
- 9. Трофео Сантањи-СесСалинес-Кампос
- 2. Краен пласман Четири дена Динкерк
- 4. Краен пласман Тур де Пикарди
- 4. Велосипедски класик Брисел
- 5. Трофео Плаја де Палма
- 9. Трофео Сантањи-СесСалинес-Кампос
- 10. Гран при де Денен
- 2016
- 1. Краен пласман Четири дена Динкерк
- 1. Краен пласман Букл де ла Мајен
- Етоал де Бесеже
- Рут ди Сид
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 2а Сиркут де ла Сарт
- 1. Рут Адели де Витре
- 2. Дварс дор Вландерен
- 3. Гран при де Фурмје
- 3. Тур де Вандеја
- 4. Брабантсе Пејл
- 4. Класика де Алмерија
- 4. Амстел Голд Рејс
- 5. Париз-Тур
- 6. Гран при д’Изберг
- 2017
- Сиркут де ла Сарт
- 1. Етапа 4 Вуелта а Андалусија
- 1. Етапа 5 Волта а ла Комунитат Валенсијана
- 1. Етапа 1 Трка околу Белгија
- 2018
- 1. Етапа 1 Трка околу Оман
- 1. Етапа 4 Четири дена Динкерк
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2014 | 2015 | 2016 |
---|---|---|---|
Џиро | — | — | — |
Тур | 104 | 110 | 113 |
Вуелта | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Vital Concept Club unveil 2018 team kit“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 23 декември 2017. Посетено на 22 јануари 2018.
- ↑ „Златен успех за Хансен“. Лондон 2012. 5 август 2012. Архивирано од изворникот на 2012-08-06. Посетено на 6 август 2012.
- ↑ Вајсло, Лора (6 август 2012). „Сребрениот медалист во омниум Кокар во Јуропкар“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 6 август 2012.
- ↑ „Бријан Кокар ја освои втората етапа на Етоал де Бесеже 2013; Михаел ван Стејен го држи водството“. VeloNews. Competitor Group, Inc. 31 јануари 2013. Посетено на 31 јануари 2013.
- ↑ Емил Акселгард (6 мај 2015). „In-form Coquard conquers the cobbles in Dunkerque opener“. Cycling Quotes. CyclingQuotes.com 2013. Посетено на 6 мај 2015.
- ↑ „New Vital Concept team confirms Coquard as leader“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 17 август 2017. Посетено на 14 февруари 2018.
- ↑ Флечер, Патрик (27 јуни 2017). „Coquard excluded from Tour de France team“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 14 февруари 2018.
- ↑ „Coquard chooses Vital Concept over Quickstep Floors“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 18 август 2017. Посетено на 14 февруари 2018.
- ↑ http://www.cyclingnews.com/races/tour-of-oman-2018/stage-1/results/
- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/coquard-puts-laporte-defeat-behind-him-to-win-in-oman/
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Бријан Кокар“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Бријан Кокар“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Бријан Кокар“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Бријан Кокар“. ProCycling.