Боинг 727
Изглед
Боинг 727 (Boeing 727) | |
---|---|
| |
Намена | патнички авион |
Производител | Боинг |
Прв лет | 9 февруари 1963 |
Во редовна употреба од | 1 февруари 1964 |
Период на производство | 1963-1984 |
Број на произведени летала | 1.832 |
Боинг 727 (англиски: Boeing 727) е патнички тримоторен млазен авион со краток до среден долет.
Првиот 727 полетал во 1963 година и во текот на една деценија бил најпроизведуваниот авион во светот. Вкупно биле испорачани 1.831 единици до 1984., кога го заменил неговиот наследник Боинг 737. Во август 2008. сѐ уште летале вкупно 500 од нив.[1]
727 собира од 149-189 патници и има долет од 4.450-5.000км, зависно од верзијата. Најголемиот недостиг на 727 било високото ниво на бучава, тој е еден од најбучните млазни авиони, и потребно е да се инсталираат пригушувачи на моторите за да ги задоволи денешните еколошки стандарди.[2] [3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "World Airliner Census", Flight International, 19-25 август 2008.
- ↑ Fedex Hushkit webpage
- ↑ Fedex Hushkit Customer List
|