Битка на свиокот на Црна
| ||||||||||||||||||||||||||||||
|
Битката на свиокот на Црна е битка меѓу бугарската армија и армиите на Антантата, што се случила во текот на октомври-ноември 1916 година на Јужниот фронт за време на Првата светска војна.
Тек на битката
[уреди | уреди извор]Во август 1916 година бугарската армија ја спроведуваат офанзивната Леринска операција. По нејзиниот прекин силите на Антантата преземаат контраофанзива. Тие го заземаат Кајмакчалан на 2 октомври и продолжуваат кон Битола. На 18 истиот месец ја преминуваат реката Црна кај селото Брод и се укрепуваат на нејзиниот лев брег. Првата бугарска армија прави контра напад, но тој е неуспешен. На 23 октомври оганот на противникот достигнува огромни размери. Французите дејствуваат во полето при Кенали.[1] За една седмица противниците на бугарите ги напаѓаат неколкупати, но не постигнуваат успех. И српските напади на завојот на Црна биле одбиени. При секој неуспешен напад, артилерија на Антантата го засилува својот оган. Загубите се зголемуваат сè повеќе и повеќе, бидејќи батериите треба да ги штедат проектилите, што ги угнетувало бугарите и го убивало нивниот морал. На 7 ноември артилеријата на Антантата започнува најсилен оган против 3/8 бригада, која заземала позиции меѓу Крапе и Полог. По 3 дена загубите на бригадата постепено се зголемуваат и на 10 ноември без да биде нападната таа ги напушта своите позиции, кои веднаш се заземени од србите. После нови битки на 17 и 18 ноември бугарските војски на 19 ноември се принудени да ја напуштат Битола и заземаат позиции 5 км. Северно од градот на линијата Пелистер – кота 1248 – кота 1050.
Наводи
[уреди | уреди извор]- П. Недев, Бугарија во светската војна (1915-1918), Софија, 2001, Издателство Анико, ISBN 954-90700-3-4
- Ш. Атанасов и др. Бугарската воена способност за време на капитализмот, Софија, 1959, Државно воено издателство на МНО
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- ↑ Александар Ж. Петровић (2014) "Сан Црне реке", часопис "Зенит" бр. 14, Београд,