Прејди на содржината

Ахемениди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Златниот ахеменидски сокол

Ахемениди (грчки: Ἀχαιμενίδαι, персиски: هخامنشی) — династија именувана по Ахемен, нејзиниот родоначалник и основач на Ахеменидското Царство — првото Персиско Царство. Царевите од династијата владееле од 559 до 330 пр. н. е.[1] Во својот врв, државата на Ахеменидите опфаќала околу 7,5 милиони квадратни километри и била најголемата држава во антиката. Го вклучувала и најголемиот дел од светското население до која дошла една империја во светската историја.

Ахеменидските владетели на Персија имале територии што денес се под Иран, Ирак, Ерменија, Авганистан, Турција, Бугарија, Грција, Егејска Македонија, Египет, Сирија, Индија/Пакистан, Јордан, Израел/Палестина, Либан, Арабија и Либија. Династијата била соборена од Александар III Македонски во 331 г. пр. н. е., а згаснала во 330 г. пр. н. е. со Дариј III.

Потекло[уреди | уреди извор]

Историјата на династијата Ахемениди е главно позната преку грчките историчари како Херодот, Ктезиј и Ксенофонт и подоцнежните ирански извори, како и Танахот и други еврејски верски текстови.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Achaemenian Dynasty | Definition, Achievements, & Facts | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2024-06-22.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]