Прејди на содржината

Арбен Џафери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Арбен Џафери
Arben Xhaferi
Претседател на ДПА
На должноста
1997–2007
Претходник нема
Наследник Мендух Тачи
Пратеник во Собранието
На должноста
1994–2012
Лични податоци
Роден(а) 24 јануари 1948
Тетово, НР Македонија, Предлошка:ФНРЈ
Починал(а) 15 август 2012 (возраст: 64)
Скопје, Македонија
Партија ДПА

Арбен Џафери (албански: Arben Xhaferi; 24 јануари 1948 во Тетово15 август 2012 во Скопје) — македонски политичар и новинар.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Џафери е роден во Тетово на 24 јануари 1948 година. Завршил Филозофски факултет. До 1990 година работел за радио и телевизиските станици во Приштина, Косово како главен уредник на Културната програма.

Бил претседател на Партијата за демократски просперитет (ПДП) во Македонија од 18 април 1995 година, а потоа водач на Демократската партија на Албанците (ДПА) до 2007 година.

На вторите парламентарни избори во Македонија бил избран како независен пратеник (1994), а потоа како пратеник на ДПА.[2] Познат е по своите контроверзни и радикални изјави за државното уредување и правата на Албанците во Македонија.[3][4]

Во 2001 година бил потписник на Охридскиот рамковен договор.

Од здравствени причини, во 2007 година се повлекол од активната политика. По претрпен мозочен удар, Џафери починал на 15 август 2012 година во Скопје.[5]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џамија“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1638. Text "series " ignored (help)
  2. „Арбен Џафери“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2009-11-02.
  3. „Арбен Џафери го спореди Груевски со Милошевиќ“. Дневник. Посетено на 2009-11-02.[мртва врска]
  4. Ќе го повлечам потписот од Рамковниот. Дневник, 12 април 2010.
  5. Динев, Александар (15 август 2012). „Попладнево почина Арбен Џафери“. Сител. Посетено на 2012-08-15.