Прејди на содржината

Ана Стојаноска

Од Википедија — слободната енциклопедија
д-р Ана Стојаноска
Роден(а)22 ноември 1977(1977-11-22)(47 г.)
Прилеп, Република Македонија

Ана Стојаноска (22 ноември 1977, Прилеп) - македонска писателка, есеистка и професорка.

Образование

[уреди | уреди извор]

Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје,[1] на Катедрата за општа и компаративна книжевност (2001г.). Магистрирала (2003) и докторирала (2007) театрологија на 'Факултетот за драмски уметности – Скопје.[2]

Од март 2002 г. работи како хонорарен соработник - истражувач во Институтот за театрологија, при Факултетот за драмски уметности – Скопје. Подоцна станува координатор – истражувач во истиот институт. Во септември 2003 година била на студиски престој/специјалистичка активност во Музејот на театарската уметност на Србија во Белград (област театарска музеологија).

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

За помлад асистент по предметот македонска драма и театар на Факултетот за драмски уметности – Скопје — избрана во април 2004г., а реизбрана како асистент по истиот предмет во февруари 2007г. Од април 2010 година е избрана за доцент по истиот предмет, а во 2011 и за предметот компаративна книжевност. Од учебната 2012/2013 година го предава и предметот историја на светска драма и театар. Овие предмети ги слушаат студентите од сите студиски групи на Факултетот за драмски уметности – Скопје. Ангажирана е со свои предмети и на мастер/постдипломските и во тек е постапка за акредитација на докторските студии на факултетот, каде што има три предмети (ставена и исто така за лиценцирање/акредитирање за ментор на истите студии).

Член е на Здружението за компаративна книжевност на Македонија и член на Програмскиот одбор на Македонскиот ИТИ – УНЕСКО.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Објавува поезија, проза и есеистичко-научни трудови од областа на театарот, родовите студии и книжевно-критичката теорија во македонската и странската книжевна периодика. Активно соработува во редица настани од театарската музеологија во земјата и надвор.

Пишувала и рецензии за театарски претстави во дневниот весник „Дневник Архивирано на 2 јули 2017 г.“ (2004г.). Приредувач на книгата "Драми" од Дејан Дуковски, Скопје: ПроАртс (2002). Избор, преговор и редакција на книгата Македонска современа драма Архивирано на 9 март 2014 г., 101 том, од прокетот 130 Тома македонска книжевност, Битола: Микена (2008). Автор е на книгата Македонски постмодерен театар,[3] Скопје: ФДУ (2006). Еден од авторите на Поимникот на книжевна теорија, Скопје: МАНУ Архивирано на 31 март 2014 г. (2007). Приредувач на делoвите Факти и еден од соавторите на монографиите Илија Милчин Архивирано на 17 март 2014 г., (прир.Јелена Лужина), (2003); Прилеп: МТФ „Војдан Чернодрински Архивирано на 21 август 2013 г.“ и Петре Прличко Архивирано на 17 март 2014 г., (прир.Јелена Лужина), (2004); Скопје: Магор Архивирано на 20 март 2014 г..

Автор на монодрамата Стаклен лампион Архивирано на 18 март 2014 г., праизведена Театра,[4] 16 јуни 2013 г. Автор е на книгата "Македонски постмодерен театар Архивирано на 16 март 2014 г.", Скопје, ФДУ, (2006).

Иницијатор, координатор и еден од главните уредници на списанието „Ars Academica“ - во процес на подготовка, научно списание со меѓународна редакција што заеднички го подготвуваат и ќе го објавуваат Факултетот за драмски уметности – Скопје и Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Учествувала во работата на повеќе научни симпозиуми и работилници од областа на театролошката наука. Идеја, концепт и реализација на обележувањето на јубилејот Шеесет години од смртта на Војдан Чернодрински на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2011, како и водител на повеќе научни трибини и промоции на истиот фестивал (Водител на две трибини, учесник во четири), водител на меѓународна работилница посветена на Стриндберг, ФДУ – Скопје, Фестивал „Скомрахи“, 2012г. , водител на дебата на Фестивалот „Слободна зона Архивирано на 16 март 2014 г.“, Виница, 2013.

Соработувала во многу научно-истражувачки проекти од областа на театрологијата.

  • 2017 - Награда „Рациново признание“ за „Јас и Лин, отпосле“[5]
  1. „Филолошки факултет "Блаже Конески" Скопје“.
  2. „Faculty of Dramatic Arts“.
  3. „Македонски постмодерен театар“. Архивирано од изворникот на 2014-03-16. Посетено на 2014-03-15.
  4. „Theatra - Независен театар“.
  5. „Добитник на „Рациновото признание" за 2017 Ана Стојаноска за романот „Јас и Лин, отпосле". Посетено на 8 јуни 2020.