Амазон (регион)
Амазон Amazonas | |
---|---|
регион | |
Местоположба во Перу | |
Координати: 6°13′S 77°51′W / 6.22° ЈГШ; 77.85° ЗГД | |
Држава | Перу |
Поделба | 7 покраини и 83 окрузи |
Главен град | Чачапојас |
Управа | |
• Претседател | Мигел С. Рејес |
Површина | |
• Вкупна | 39.249,13 км2 (1,515,417 ми2) |
Надм. вис.(гл. град) | 2.334 м |
Население (2004 проц.) | |
• Вкупно | 443.025 |
• Густина | 0,11/км2 (0,29/ми2) |
UBIGEO | 01 |
Повикувачки број | 041 |
ISO 3166 | PE-AMA |
Главни ресурси | кафе, ориз, овошје, дрво |
Мреж. место | www.regionamazonas.gob.pe |
Амазон е регион во Перу. Регионот се наоѓа во северниот дел од земјата и граничи со Еквадор на север и запад, со Ла Либертад на југ и со Лорето и Сан Мартин на исток. Главен административен центар на регионот е Чачапојас.
Географија
[уреди | уреди извор]Регионот Амазон е воглавно покриен со прашуми и планински венци. Шумската зона доминира (72.93%) и се протега северно сè до границата со Еквадор. Планинскиот дел се наоѓа во јужниот дел од регионот и зазема само 27.07% од вкупната површина на регионот.
Долините и висорамнините во шумскиот дел му дале големо географско значење на регионот, но истото значење е зголемено со патните правци кои одат кон брегот, кои патем се пониски од остатокот на земјата. Така на пример, патниот правец Пасо де Поркулја е на надморска височина од 2.144 метри и тој е најнизок патен правец од сите перуански андски патни правци кои се поврзуваат со Пан-американскиот патен систем.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место Архивирано на 2 август 2003 г.
- Peru Info: Амазонски Регион Архивирано на 6 март 2005 г.
- Карта на Чачапојас Архивирано на 28 октомври 2004 г.
Оваа статија поврзани со Перу е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|