Прејди на содржината

Австриско Царство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Австриско Царство
Kaisertum Österreich  (германски)
Знаме Imperial coat of arms
ХимнаGott erhalte Franz den Kaiser
"Боже, чувај го Цар Франц"

Местоположба на
Податотека:File:Austrian Empire (Johnston, 1861).jpg
Местоположбата на
Главен градВиена
Демоним Австријци
Уредување
Законодавство Imperial Council
Валута
1: Territories of Austria and Bohemia only.

Австрискo Царство (германски: Kaiserthum Oesterreich Kaisertum Österreich) било моќно царство во Средна и Источна Европа во периодот од 1804 до 1867 година. Австриското Царство било наследник на Светото Римско Царство на териториите од Хабсбуршката Монархија. За време на своето постоење, тоа била трета империја во Европа според бројот на население, по Руската Империја и Обединетото Кралство. Заедно со Прусија, било една од двете големи сили на Германската Конфедерација. Географски, било третата најголема империја во Европа по Руската и Првата Француска империја. Создадено како одговор на Првото Француско Царство, територијата на Австриското Царство речиси се совпаѓала со Светото Римско Царство по неговото распаѓање во 1806 година.

Кралството Унгарија - како Regnum Independens - беше управувано од сопствени институции одделно од остатокот од империјата. Откако Австрија беше поразена во Австро-пруската војна од 1866 година, беше усвоен Австроунгарскиот компромис од 1867 година, приклучувајќи им се на Кралството Унгарија и Империјата Австрија за да ја формираат Австроунгарија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Создавање

[уреди | уреди извор]

Со конференциите во Раштат (1797–1799) и Регенсбург (1801–1803) се променила природата на Светото Римско Царство. На 24 март 1803 година, била донесена резолуција (германски: Reichsdeputationshauptschluss), со која бројот на црковните ентитети во Светото Римско Царство се намалиле од дотогашните од 81 на само 3, а бројот на слободни царски градови од 51 на 6. Оваа мерка имала за цел да го замени стариот устав на Светото Римско Царство, но всушност придонела за крајот на империјата. светиот римски цар Франц II за себе и за неговите наследници ја создал титулата Цар на Австрија.

Во 1804 година, светиот римски цар Франц II, кој исто така владеел со земјите на Хабсбуршката Монархија, го основал Австриското Царство, кон кое биле приклучени сите негови владенија. Тој го направил тоа затоа што го предвидел крајот на Светото Римско Царство или евентуалното стапување на Наполеон како Свет римски император, кој претходно истата година ја усвоил титулата Француски Император.

Падот и распаѓањето на Светото Римско Царство било забрзано со француската интервенција во септември 1805 година. На 20 октомври 1805 година, австриската војска предводена од генералот Карл Мак фон Лајберих била поразена од француската армија во близина на градот Улм. Французите заробиле 20.000 австриски војници и многу топови. На 2 декември 1805 година Наполеоновата армија извојувала уште една победа кај Аустерлиц. Франц бил принуден на преговори со Французите (4 - 6 декември 1805 година) и на 6 декември 1805 година било склучено примирје.

Победите на французите ги поттикнале владетелите на некои царски територии да стапат во сојуз со Французите и да прогласат формална независност од Царството. На 10 декември 1805 година, Максимилијан IV Јосиф, изборниот кнез и војвода од Баварија, се самопрогласил за крал, а истото го направил и војводата на Виртемберг - Фредерик III на 11 декември. Со Договорот од Пожуна (денешна Братислава) од 26 декември помеѓу Франција и Австрија се проширила територијата на германските сојузници на Наполеон за сметка на поразената Австрија.

Франц II се согласил со понижувачкиот Пожунски договор (26 декември 1805 година), што во пракса значело распаѓање на Светото Римско Царство и реорганизација на германските територии. Одредени австриски поседи во Германија биле предадени на француските сојузници - Кралот на Баварија, Кралот на Виртемберг и Големиот војвода од Баден.

На 12 јули 1806 година била основан Рајнскиот Сојуз. Овој сојуз под француско влијание, ставил крај на Светото Римско Царство. На 6 август 1806 година, дури и Франц II ја признал новата држава и прогласил распаѓање на Светото Римско Царство. Со ова не се согласил Џорџ III од Обединетото Кралство, кој бил избирон кнез на Хановер и кому Наполеон му ги одзел териториите околу Хановер. Тоа подоцна се решило со создавањето на Кралството Хановер со кое владееле Џорџ IV и Вилијам IV како кралеви на Хановер.

Ерата на Метерних

[уреди | уреди извор]

Клеменс фон Метерних во 1809 година станал министер за надворешни работи. Исто така, од 1821 до 1848 година ја извршувал функцијата државен канцелар. Периодот од 1815 до 1848 година се нарекува и „Ерата на Метерних“.[2] Во овој период, Метерних ја контролирал надворешната политика на Хабсбуршката монархија. Тој имал големо влијание и во европската политика. Бил познат по своите конзервативни ставови. Неговите политики биле против револуцијата и либерализмот.[3] Според неговото мислење, либерализмот бил облик на легализирана револуција.[4] Метерних верувал дека апсолутната монархија е единствениот правилен систем на владеење.[2] Овој поим влијаел на неговата антиреволуционерна политика со која се обезбедил опстанокот на Хабсбуршката Монархија во Европа.[5] По Наполеоновите војни, Метерних бил главен архитект на Виенскиот конгрес во 1815 година.[5] Од Виенскиот конгрес најголема корист извлекло Австриското Царство и тоа склучило сојуз со Британија, Прусија и Русија со што се формирал Четирикратниот сојуз.[3] По Конгресот, Австриското Царство добило нови територии, а влијанието му се проширило (преку Германскиот Сојуз) на север, и во Италија.[3] Австрија станала водечка членка на Германскиот Сојуз.[6] Метерних како австриски министер за надворешни работи, помогнал при склучувањето и на други мировни договори: Екс-ла-Шапел (1818), Карлсбад (1819), Тропау (1820), Лајбах (1821) и Верона (1822).[2]

Метерних имал одврзани раце во водењето на надворешната политика за време на владеењето на Франц II. Франц починал во 1835 година. Негов наследник бил неговиот син Фердинанд I, но тој имал здравствени проблеми. Пристапувањето на Фердинанд го зачувало Хабсбуршкото династичко наследство, но тој не бил способен да владее [3] Раководењето со Австриското Царство го презел државен совет составен од Метерних, надвојводата Луј (братот на Франц II) и грофот Франц Антон Коловрат, кој подоцна станал првиот премиер на Австриското Царство. По револуциите од 1848 година во Австриското Царство, Метерних бил принуден да поднесе оставка. Метерних е запаметен по неговиот успех во одржувањето на статус кво и Хабсбуршкото влијание во меѓународните односи.[2] Ниеден Хабсбуршки министер за надворешни работи после него немал таква позиција во царството, ниту пак имал толкаво влијание врз европските надворешни работи.[3]

Историчарите, ерата на Метерних ја сметаат како период на стабилност: Австриското Царство не влегло во војна, а немало ни некои радикални внатрешни реформи.[7] Ова било период на економски раст и просперитет во Австриското Царство.[7] Населението во Австрија до 1843 година се зголемило на 37,5 милиони. Имало урбана експанзија и населението во Виена ја достигнало бројката од 400.000 жители. За време на ерата на Метерних, Австриското Царство, одржувало стабилна економска политика и успеало да го избалансира буџетот, и покрај тоа што по Наполеоновите војни имало голем дефицит.[8]

Карл фон Шварценберг и царевите на Австрија, Прусија и Русија по битката кај Лајпциг, 1813 година

Револуциите од 1848 година

[уреди | уреди извор]

Од март 1848 до ноември 1849 година, во Царството се појавиле бројни револуционерни движења, од кои повеќето биле од националистички карактер. Исто така, либералните и (во помала мера) социјалистичките струи почнале да се спротивставуваат на долгогодишниот конзервативизам во империјата. Иако повеќето од револуциите биле угушени, направени биле некои внатрешни промени; меѓу позначајните реформи се: укинување на крепосништвото, укинување на цензурата и ветувањето дадено од Фердинанд I од Австрија, дека уставот ќе се спроведува насекаде во царството.

Битката кај Комаром за време на Унгарската револуција, 1849 година

Баховите години

[уреди | уреди извор]
Австрискиот цар Франц Јосиф со своите војници во битката кај Солферино, 1859 година

По смртта на принцот Феликс од Шварценберг во 1852 година, министерот за внатрешни работи, баронот Александар фон Бах, во голема мера ја диктирал политиката во Австрија и Унгарија. Бах ја централизирал административната власт во Австриското Царство, но ги поддржал и реакционерните политики кои ја намалувале слободата на печатот и се оневозможувале јавните судења. Со конкордатот од август 1855 година, на Римокатоличката црква ѝ се дало контрола над образованието и семејниот живот. Овој период во историјата на Австриското Царство ќе стане познат како ера на нео-апсолутизмот, или Бахов апсолутизам.

Сепак, Бах ги смекнал своите идеолошки ставови (освен нео-апсолутизмот) што довело до пораст на економските слободи во 1850-тите. Биле укинати внатрешните царински давачки, а селаните биле ослободени од феудалните обврски.

Во својство на водач на Германскиот Сојуз, Австрија со доброволци учествувала во Првата Шлезвишка војна (1848–1850).[6]

Сардинија склучила сојуз со Франција за освојување на Ломбардија-Венеција. Во вооружениот конфликт во 1859 година Австрија била поразена, и со Договорите од Вилафранка и Цирих, Ломбардија ѝ се одзема на Австрија (освен делот источно од реката Минсио, т.н. Мантовано).[9]

По 1859 година

[уреди | уреди извор]

Со Уставот од 1861 година се создал Дом на лордовите (Herrenhaus) и Дом на пратеници (Abgeordnetenhaus). Но, повеќето националности во монархијата останале незадоволни.

По втората војна со Данска во 1864 година, Холштајн потпаднал под Австриска, Шлезвиг и Лауенбург под пруска управа. Но, внатрешните проблеми продолжиле.[10]

По поразот на Австрија во Австро-пруската војна од 1866 година и распаѓањето на Германскиот Сојуз, бил усвоен Австроунгарскиот компромис од 1867 година. Со овој чин, Кралството Унгарија и Царството Австрија како два посебни ентитети се здружиле на еднаква основа и се создала Дуалната монархија Австроунгарија.

Составни земји

[уреди | уреди извор]
Австриското Царство, помеѓу 1816 и 1867 година
Етнографски состав на Австриското Царство (1855)

По Виенскиот конгрес од 1815 година, во склоп на Австриското Царство влегувале следниве крунски земји:

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. October Diploma
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Sked, Alan. The Decline and Fall of the Habsburg Empire, 1815–1918. London: Longman, 1989. Print.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Jelavich, Barbara. The Habsburg Empire in European Affairs: 1814–1918. Chicago: Rand Mcnally, 1969. Print.
  4. Tuncer, Huner. "Metternich and the Modern Era." ARTS-CULTURE -. Daily News, 6 September 1996. Web. 24 March 2015.
  5. 5,0 5,1 Sofka, James R. "Metternich's Theory of European Order: A Political Agenda for 'Perpetual Peace'." The Review of Politics 60.01 (1998): 115. Web.
  6. 6,0 6,1 Handbook of Austria and Lombardy-Venetia Cancellations on the Postage Stamp Issues 1850–1864, by Edwin MUELLER, 1961.
  7. 7,0 7,1 Crankshaw, Edward. The Fall of the House of Habsburg. New York: Viking, 1963. Print.
  8. "History of Austria, Austria in the Age of Metternich." History of Austria, Austria in the Age of Metternich. N.p., n.d. Web. 24 March 2015.
  9. Mueller 1961, Historical Data, p.H5.
  10. Mueller 1961, p.H6.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]