Прејди на содржината

Џесика Симпсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џесика Симпсон
Џесика Симпсон на настап во 2011
Роден(а)Џесика Ен Симпсон
10 јули 1980(1980-07-10)(44 г.)
Абилен, Тексас, САД
Занимање
  • Пејачка
  • глумица
  • моден творец
Активен период1993–денес
ОрганизацијаThe Jessica Simpson Collection
Сопружник
Деца3
РодниниЕшли Симпсон (сестра)

Џесика Ен Симпсон (англиски: Jessica Ann Simpson; родена на 10 јули 1980)[1] ― американска пејачка, глумица и претприемач. Во 1997 година Симпсон потпишала договор со Columbia Records и во 1999 година го објавила нејзиниот прв студиски албум, Sweet Kisses.

Покрај музичката кариера, Симпсон во 2005 година ја лансирала модната колекција Џесика Симпсон. Брендот имал приходи од преку 1 милијарда долари и е најуспешен бренд лансиран од славна личност во историјата. Таа, исто така, водела неколку реалити телевизиски серии и глумела во неколку филмови.

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

1980–1998: Детство и почетоци на кариерата

[уреди | уреди извор]

Џесика Симпсон е родена на 10 јули 1980 година во Абилен, Тексас,[1] а детството го поминала во Далас и Вако.[2] Џесика има помлада сестра, Ешли, која во 2004 година започнала своја музичка кариера.[3] Џесика и нејзиното семејство често се селеле поради работата на нејзиниот татко како баптистички министер. Претежно живееле во Тексас, но неколку години поминале и на Средниот Запад.[4]

Уште како дете почнала да пее во црковен хор. На 12-годишна возраст Симпсон била на аудиција за телевизиското шоу „Клубот на Мики Маус“; ја извела песната „Amazing Grace“ и танцувала на „Ice Ice Baby“.[4] Поминала неколку рунди и стигнала во полуфиналето во кое биле пласирани и музичари како: Бритни Спирс, Кристина Агилера и Џастин Тимберлејк.[4] Симпсон испаднала во полуфиналето и продолжила да настапува во нејзиниот црковен хор, а подоцна била откриена од директор на мала христијанска издавачка куќа.[4]

Нејзиниот прв албум, Jessica, останал необјавен откако банкротирала нејзината издавачка куќа Proclaim Records банкротираше.[5] [6] Албумот Jessica бил испратен до многу издавачки куќи и продуценти, а Џесика била повикана на неколку аудиции.[4] Таа го привлекле вниманието на Томи Мотола, кој тогаш бил во брак со Мараја Кери и директор на Колумбија Рекордс.[4] Тони Мотола бил човекот кој од Џесика Симпсон направил поп-ѕвезда.[4] Симпсон го ангажирала нејзиниот татко за нејзин менаџер; а нејзината мајка станала нејзин стилист.[7] На божиќна забава во 1998 година, Симпсон се запознала со пејачот од 98 Degrees, Ник Лешеј, и започнале врска.[4]

1999–2001: Пробив на музичката сцена со првите музички изданија

[уреди | уреди извор]
Симпсон во јануари 2001 година, на првата инаугурација на Џорџ В. Буш

Првиот студиски албум на Симпсон, Sweet Kisses, бил објавен на 23 ноември 1999 година.[8] Sweet Kisses бил хит во САД и се искачил на 25-то место на американската топ-листа за албуми, Билборд 200. Албумот бил сертифициран за двојно платинест од Здружението на музичките сниматели на Америка (RIAA) за продадени над два милиони примероци.[9] Нејзин прв сингл од тој албум бил „I Wanna Love You Forever“, кој станал платинест и се искачил на 5-то место на топ-листата за синглови. Вториот сингл бил дуетот „Where You Are“ со нејзиното момче и иден сопруг, Ник Лашеј. Трет и последен сингл од албумот била денс-нумерата „I Think I'm in Love with You“.[10]

Нејзиниот втор студиски албум, Iresistible бил издаден во мај 2001 година.[11] Iresistible бил успешен како нејзиниот прв албум; од RIAA добил сертификат за „Златна плоча“ за продадени 500 000 примероци.[12] За да го промовира албумот, Симпсон тргнала на заедничка турнеја со Destiny's Child и Нели насловена како Total Request (2001).[13] [14] Таа подоцна ја напуштила турнејата за да започне своја турнеја, DreamChaser Tour (2001); турнејата била откажана по нападите од 11 септември.[15]

2002–2005: Брак со Ник Лашеј и уште поголем успех

[уреди | уреди извор]

Ник и Џесика се венчале на 26 октомври 2002 година, а свадбената церемонија се одржала во Остин.[16] Во 2002 година Симпсон, исто така, започнала да работи на нејзиниот трет студиски албум. Водечкиот сингл од албумот, „Sweetest Sin“ (2003), се однесувал на губењето на невиноста на Симпсон со Лашеј.[17] Во 2003 година, Симпсон и Лашеј започнале реално шоу на MTV, Штотуку венчани: Ник и Џесика.[18] Шоуто, кое се занимавало со нивниот брак и првенствено со снимањето на третиот студиски албум на Симпсон, било премиерно прикажано на 19 август 2003 година.[19] [20] Шоуто веднаш станало феномен на поп-културата и му помогнало на брачниот пар да стане познат.[21] [22] Серијата се емитувала три сезони до 2005 година.[22]

Симпсон и нејзиниот тогашен сопруг Ник Лашеј на сликањето за публицитет за MTV Video музичките награди во 2004 година

Третиот студиски албум на Симпсон, In This Skin (2003), бил објавен истиот ден кога премиерно било прикажано реалното шоу <i id="mwASY">Штотуку венчани: Ник и Џесика</i>, при што шоуто послужило како промотивна алатка за албумот. Симпсон го издала „With You“ како втор сингл од албумот во октомври 2003 година.[23] За да ја зголеми продажбата на албуми, In This Skin бил реиздаден во март 2004 година како колекционерско издание,[24] [25] [26] а на него биле вклучени и преработки на хитот од 80-тите „Take My Breath Away“ и „Angel“ од Роби Вилијамс.[27] Повторното издавање драматично помогнало во продажбата на нејзините албуми; In This Skin бил продаден во три милиони примероци во САД.[28]

Во април 2004 година, Џесика Симпсон лансирала своја козметичка линија, Jessica Simpson Desserts by Jessica Simpson.[29] Истиот месец Симпсон и Лашеј глумеле во сопственото естрадно шоу на ABC под наслов The Nick and Jessica Variety Hour.[30] Во тоа време, Симпсон и нејзиниот сопруг почнале да гостуваат во Шоуто на Ешли Симпсон, хронологија за почетокот на музичката кариера на нејзината сестра на Џесика.[31] Четвртиот студиски албум на Симпсон, збирка песни со божиќна тематика насловен како ReJoyce: The Christmas Album бил објавен на 23 ноември 2004 година.[32] Во февруари 2005 година, Симпсон и Шиндер ја лансирале козметичката линија Dessert Treats, слична на нивната претходна линија, но наменета за помлада публика. Двете линии биле откажани по низа тужби.[33]

Симпсон ја лансирала колекцијата Џесика Симпсон во 2005 година.[34] Компанијата растела со текот на годините, а во 2014 година било објавено дека имала вкупна продажба од 1 милијарда долари.[35] Симпсон првата филмска улога ја имала во филмската адаптација на Војводите од Хазард (The Dukes of Hazzard, 2005),[36] но нејзината глума наишла на негативни критики и таа била номинирана за „Златна малина“ за најлоша глумица; сепак филмот бил хит на кино-благајните и заработил над 111 милиони долари.[37] За да го промовира филмот, Симпсон ја снимила песната „This Boots Are Made For Walkin“, преработка на песната од Ненси Синатра.[38] Симпсон поднела барање за развод во декември 2005 година, а за причина ги навела „непомирливите разлики“.[39] Разводот бил окончан на 30 јуни 2006 година.[40]

2006–2009: Нови албуми и нови филмски улоги

[уреди | уреди извор]

Во март 2006 година таа се разделила со Columbia Records и потпишала нов договор за снимање со Epic Records.[41] Симпсон и стилистот Кен Павес лансирале линија за производи за убавина на Home Shopping Network во 2006 година.[42]

Симпсон во јуни 2008 година

Нејзиниот петти студиски албум, A Public Affair (објавен на 26 август 2006 година), дебитирал на петто место на Билборд 200.[43] Од албумот биле објавени два сингла: „A Public Affair“ и „I Belong to Me“ (2006).[44] Симпсон глумела заедно со Дејн Кук и Дакс Шепард во комедијата Вработен на месецот (2006), објавен во октомври.[45] Филмот добил негативни критики и лошо поминал на кино-благајните.[46]

Од август 2006 до мај 2007 година, Симпсон била во врска со пејачот Џон Мајер.[47] [48] За време на врската честопати се разделувале и се миреле, но врската дефинитивно завршила на почетокот од јуни 2007 година. Долго време по нивното раскинување, Симпсон ја опишала врската со Мајер во нејзините мемоари од 2020 година, Отворена книга.[47]

Во ноември 2007 година, Симпсон започнала да се забавува со Тони Ромо, квотербек од Далас Каубојс. Врската завршила во јули 2009 година.[49] За време на врската, Симпсон глумела во филмот Амбициозна русокоса (Blonde Ambition; 2007)[50] и во филмот Private Valentine: Blonde &amp; Dangerous (2008).[51] Симпсон соработувалс со Parlux Fragrances за да го лансира нејзиниот прв мирис, Fancy, во 2008 година.

Шестиот студиски албум, Do You Know бил објавен на 9 септември 2008 година. Албумот бил нејзин прв обид да заплови во кантри-музиката. Албумот дебитирал на прво место на американската топ-листа за кантри-албуми и на четврто на американскиот Билборд 200. Добил мешани критики од музичките критичари.

2010–денес: Мајчинство, втор брак и насочување кон претприемништво

[уреди | уреди извор]
Симпсон во октомври 2010 година

Документарната серија на Џесика Симпсон, Цената на убавината, започна да се емитува на VH1 во март 2010 година. Во документарната реална серија, Џесика Симпсон со нејзините пријатели Кен Павес и Кејси Коб патувале низ светот „за да запознаат жени, да ги проучуваат месните моди, начинот на диета и режимите за убавина“, а сето тоа во обид да се истражи значењето на вистинската убавина во различни култури.[52] [53] [54] Премиерната епизода привлекла еден милион гледачи.[55] [56] Во 2010 година таа го издала компилацискиот албум Playlist: The Very Best of Jessica Simpson.[57] Симпсон подоцна потпишала нов договор за снимање со eleveneleven и Primary Wave Music и почнала да работи на нејзиниот седми студиски албум со божиќна тематика.[58] Таа го издала Happy Cristmas на 22 ноември 2010 година. Во мај 2010 година Симпсон почнала да се забавува со пензионираниот НФЛ играч, Ерик Џонсон; тие ја објавиле нивната свршувачка во ноември истата година.[59]

Наскоро, Симпсон заедно со Никол Ричи била ментор во реалити телевизиската серија на NBC Модна ѕвезда.[60] Во серијата група дизајнери се натпреварувале во дизајнирање облека, а судиите секоја недела елиминирале по еден натпреварувач.[61] Кон крајот на 2011 година Џесика Симпсон потврдила дека е бремена.[62] На 1 мај 2012 година, таа родила ќерка[63] [64] [65] и истата година лансирала линија за облека за трудници.[66] Подоцна објавила парфем, Vintage Bloom, кој бил инспириран од мајчинството.[67] Во декември 2012 година таа потврдила дека очекува второ дете со Џонсон.[68] Симпсон родила син на 30 јуни 2013 година.[69] Таа лансирала линија за декорација на спална соба.[70] Симпсон и Џонсон се венчале во јули 2014 година во Монтесито, Калифорнија.[71]

Таа родила ќерка на 19 март 2019 година.[72]

На 2 февруари 2020 година, Симпсон ги објавила нејзините мемоари Отворена книга, тие биле на врвот на списокот на најпродавани книги од Њујорк Тајмс.[73] [74] Во книгата, таа раскажала за нејзиниот брак со Ник Лашеј, нејзината врска со музичарот Џон Мајер, сексуалната злоупотреба која ја доживеала во детството, зависноста од алкохол и лекови на рецепт и притисокот што го чувствувала да изгуби тежина.[74] [47] Како дел од книгата биле објавени шест нови нејзини песни.[74] [75]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Sweet Kisses (1999)
  • Irresistible (2001)
  • In This Skin (2003)
  • ReJoyce: The Christmas Album (2004)
  • A Public Affair (2006)
  • Do You Know (2008)
  • Happy Christmas (2010)
  1. 1,0 1,1 „Jessica Simpson Biography“. Fox News. March 25, 2015. Посетено на March 8, 2020.
  2. „Jessica Simpson Interviews“. Radiofree.com. Посетено на October 4, 2012.
  3. „Joe Simpson interview: 'I'm not an easy person to be with'. Telegraph.co.uk. October 15, 2011. Архивирано од изворникот на January 11, 2022.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 4,7 . New York City. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  5. Donovan, Kevin P. (December 5, 2008). „Jessica Simpson Mulls Religious Studies“. The Christian Post. Посетено на September 13, 2014.
  6. „Jessica Simpson“. Yahoo!. April 20, 2011. Архивирано од изворникот на October 26, 2012. Посетено на April 3, 2014.
  7. „BIOGRAPHY: Jessica Simpson Lifetime“. Lifetime UK. Архивирано од изворникот на February 2, 2017.
  8. „Jessica Simpson - Sweet Kisses (CD, Album) at Discogs“. discogs. November 23, 1999. Посетено на November 3, 2016.
  9. Празен навод (help)
  10. „Jessica Simpson Where You Are Single Charts“. Billboard.com. Архивирано од изворникот на September 6, 2014. Посетено на September 13, 2014.
  11. „Jessica Simpson: Irresistible“. AllMusic.
  12. Jessica Simpson Recording Industry Association of America
  13. Moss, Corey (April 26, 2001). „Destiny's Child To Headline 'TRL' Roadshow“. MTV. MTV Networks (Viacom). Архивирано од изворникот на 2009-02-20. Посетено на June 2, 2011.
  14. Reid, Shaheem (July 19, 2001). „Destiny's Child, Eve, Nelly Get The Kids Riled On 'TRL' Tour Opener“. MTV. Архивирано од изворникот на 2010-03-25. Посетено на June 2, 2011.
  15. D'Angelo, Joe (July 10, 2001). „Jessica Simpson Plans Trek With Eden's Crush, Youngstown“. MTV. Архивирано од изворникот на April 27, 2010. Посетено на February 21, 2011.
  16. Silverman, Stephen M. (October 28, 2002). „Lachey and Simpson Become Mr. and Mrs“. People. Архивирано од изворникот на April 29, 2007. Посетено на August 7, 2008.
  17. "Making the Video" Sweetest Sin/Shut Up (TV episode 2003)“. IMDb. July 8, 2003. Посетено на February 13, 2011.
  18. „Newlyweds - Nick & Jessica - The Final Season : DVD Talk Review of the DVD Video“. Dvdtalk.com. Посетено на February 27, 2015.
  19. „Most Watched Newlyweds: Jessica and Nick“. ABC News. Посетено на February 27, 2015.
  20. „Newlyweds - Nick & Jessica: Final Season : DVD Talk Review of the DVD Video“. Dvdtalk.com. Посетено на February 27, 2015.
  21. Празен навод (help)
  22. 22,0 22,1 Levy, Ariel (2004). "Queen of the Boob Tube" Blender.com (Retrieved January 30, 2007) Архивирано на 31 март 2009 г.
  23. „Jessica And Nick Plan Duets Album, Say No To Sonny And Cher - Music, Celebrity, Artist News“. MTV. December 17, 2003. Архивирано од изворникот на 2011-06-29. Посетено на February 24, 2012.
  24. „In this skin (reissue+2tracks) : Jessica Simpson - Pop | Archambault“. Archambault.ca. March 9, 2004. Архивирано од изворникот на August 18, 2016. Посетено на November 20, 2013.
  25. Hira, Nadira A. (March 1, 2004). „New Releases: Jessica Simpson“. MTV. Архивирано од изворникот на 2012-02-09. Посетено на November 20, 2013.
  26. „Jessica Simpson OK with 'ditsy blonde' label“. Houston Chronicle. July 12, 2004. Посетено на November 20, 2013.
  27. „Previous Album Sales Chart“. HITS Daily Double. Архивирано од изворникот на September 6, 2014. Посетено на February 24, 2012.
  28. „Jessica Simpson's country career hits sour note“. Today. April 4, 2009. Архивирано од изворникот на May 7, 2019. Посетено на May 7, 2019.
  29. „Jessica Simpson's Line Of Edible Cosmetics Was The Best Thing About The 2000s“. Buzzfeed.com. April 9, 2015.
  30. „ABC to air 'The Nick & Jessica Variety Hour' special on April 11“. Reality TV World. Посетено на March 23, 2004.
  31. "Ashlee Simpson out of Jessica's shadow", Associated Press (MSNBC), August 17, 2004.
  32. Friedman, Roger (January 31, 2008). „Jessica Simpson in Dolly Parton Duet?“. Fox News Channel. Архивирано од изворникот на October 19, 2012. Посетено на October 4, 2012.
  33. Telfer, Tori (August 28, 2014). „Whatever Happened to Jessica Simpson's Dessert Beauty Line? A Bunch Of Lawsuits, Apparently“.
  34. Lieber, Chavie (September 30, 2015). „Jessica Simpson, America's Retail Queen“. Racked.
  35. Henning, Kristen (February 18, 2014). „FN Spy the Magazine: Jessica Simpson Soars“. Women's Wear Daily. Архивирано од изворникот на March 21, 2014. Посетено на February 21, 2014.
  36. „Johnny Knoxville interview for Dukes Of Hazzard“. December 28, 2007. Архивирано од изворникот на December 28, 2007. Посетено на March 20, 2012.
  37. „Top August Opening Weekends at the Box Office“. Boxofficemojo.com. Посетено на March 20, 2012.
  38. „People's Choice Award winners“. USA Today. January 11, 2006. Посетено на August 7, 2008.
  39. „Jessica Simpson Files for Divorce“. People. December 16, 2005. Посетено на July 6, 2014.
  40. „Jessica Simpson, Lachey divorce final“. USA Today. June 30, 2006. Посетено на August 7, 2008.
  41. „Jessica Simpson leaves Columbia for Epic“. Today.com. March 25, 2006.
  42. Edgar, Michelle (March 26, 2006). „Simpson and Pavés Doing Hair“. Women's Wear Daily.
  43. [[[:Предлошка:BillboardURLbyName]] "Jessica Simpson – Chart history"] Billboard Hot 100 for Jessica Simpson
  44. . New York City. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  45. 'Employee of the Month' to film in Nm“. Albuquerque Business First. Albuquerque, New Mexico: Advance Publications. January 5, 2006. Посетено на December 9, 2013.
  46. „Employee of the Month (2006)“. boxofficemojo.com.
  47. 47,0 47,1 47,2 Carroll, Leah (February 5, 2020). „Jessica Simpson Takes The Narrative Back From John Mayer, Who Seems To Be Even Worse Than We All Thought“. Refinery29.
  48. „Jessica Simpson Dating History“. Zimbio.
  49. DiNunno, Gina (July 13, 2009). „Tony Romo and Jessica Simpson Call It Quits?“. TV Guide. New York City: NTVB Media. Посетено на July 13, 2009.
  50. . New York City. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  51. October 30, 2008.
  52. „Jessica Simpson Working on New Reality Show“. Yahoo Celebrity. Архивирано од изворникот на May 31, 2009. Посетено на September 13, 2014.
  53. „It's Official! Jessica Simpson Lands Another Reality Show“. Yahoo Celebrity. Архивирано од изворникот на June 26, 2009. Посетено на September 13, 2014.
  54. „Jessica Simpson: Heidi's Plastic Surgeries Are Nothing Compared To Brazilian Women“. Yahoo Celebrity. Архивирано од изворникот на January 23, 2010. Посетено на September 13, 2014.
  55. Martin, Denise (March 17, 2010). „Are viewers over Jessica Simpson? Ratings are in for her VH1 show 'The Price of Beauty'. Los Angeles Times. Посетено на April 14, 2012.
  56. „Jessica Simpson's VH1 Show Bombs; Is Beat by History Channel Show“. Us Weekly. March 17, 2010. Посетено на April 14, 2012.
  57. „Jessica Simpson Talks John Mayer, Mom Jeans Backlash and a New Album In Allure: Cover Story“. MTV. February 16, 2010. Архивирано од изворникот на May 4, 2010. Посетено на February 21, 2011.
  58. [1] Архивирано на {{{2}}}.
  59. „Jessica Simpson Engaged to Eric Johnson“. People. November 14, 2010. Посетено на November 14, 2010.
  60. „Dos diosas juntas en un nuevo reality show“. infobae. Архивирано од изворникот на July 23, 2011. Посетено на September 13, 2014.
  61. „Nicole Richie to team up with Jessica Simpson on NBC's Fashion Star“. People. Посетено на September 13, 2014.
  62. „PIC: Jessica Simpson Confirms Pregnancy!“. Usmagazine.com. October 31, 2011.
  63. „Jessica Simpson Gives Birth to Baby Girl Maxwell Drew Johnson!“. Smart Checklist e-Mag. Архивирано од изворникот на September 24, 2013. Посетено на November 1, 2013.
  64. „It's a Girl for Jessica Simpson!“. People. May 1, 2012. Посетено на May 1, 2012.
  65. Празен навод (help)
  66. „Jessica Simpson launches a maternity clothes line on huffington post“. HuffPost. May 14, 2012. Посетено на September 13, 2014.
  67. „Jessica Simpson parfum Vintage Bloom on ultrafragrance.com“. Архивирано од изворникот на September 6, 2014. Посетено на September 13, 2014.
  68. „Report: Jessica Simpson Pregnant Again!“. November 28, 2012.
  69. Празен навод (help)
  70. Lockwood, Lisa (September 14, 2013). „Jessica Simpson Adds Home Category“. Women's Wear Daily.
  71. Tan, Michelle (July 5, 2014). „Jessica Simpson & Eric Johnson 'Overwhelmed with Complete Happiness' at Their Wedding“. People. Посетено на July 5, 2014.
  72. Gonzalez, Sandra (March 20, 2019). „Jessica Simpson welcomes new daughter“. CNN. Atlanta, Georgia: Turner Broadcasting Systems.
  73. „Unit Sales Down 3.2% in Early February“.
  74. 74,0 74,1 74,2 McCarthy, Tyler (February 17, 2020). „Jessica Simpson thanks fans for tell-all memoir becoming a bestseller: 'This is a moment for all of us'. Fox News. New York City: News Corp.
  75. Gawley, Paige (February 4, 2020). „Jessica Simpson Drops Six New Songs: Inside Her New Music“. Refinery29.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]