Џанкарло Берчелино
Џанкарло Берчелино | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 9 октомври 1941 | ||
Роден во | Гатинара, Италија | ||
Држава | Италија | ||
Висина | м | 1,83||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 1970 (30 години) - како играч | ||
Младинска кариера | |||
Боргосезија | |||
Јувентус | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1960–1969 | Јувентус | 154 | (10) |
1960–1961 | → Алесандрија | 36 | (2) |
1969–1970 | Бреша | 22 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
1963 | Италија 21 | 6 | (1) |
1965–1968 | Италија | 6 | (0) |
Раководител на екипите | |||
1978 | Гатинара | ||
1978–1980 | Боргосезија | ||
1980–1982 | Косатезе | ||
* Ажурирано на: 21 октомври 2019 ** Ажурирано на: 21 октомври 2019 |
Џанкарло Берчелино (италијански: Giancarlo Bercellino; роден на 9 октомври 1941, во Гатинара) — поранешен италијански фудбалски тренер и фудбалер, играч од одбраната.
Тој бил Европски шампион со италијанската репрезентација на првенството во 1968 година.
Џанкарло Берчелино понекогаш се среќава и како Берчелино I за да се разликува од неговиот брат Силвино, кој исто така бил фудбалер.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Тој е син на Терезио Берчелино, фудбалер кој играл во Серија А кон крајот на 1930-тите години.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Тој ја започнал својата кариера под водството на неговиот татко Терезио, кој во тој период бил тренер на Боргосезија. Сепак, три години подоцна тој бил забележан од скаути на Јувентус, и бил ангажиран од страна на клубот од Торино. Својата професионална кариера ја започнал на позајмица во Алесандрија, во Серија Б, во сезоната 1960-1961, додека веќе следната година се нашол во почетната постава на Јуве во Серија А, забележувајќи го своето деби на 27 август 1961 година во ремито 1-1 со Мантова.
Тој останал во Јувентус до 1969 година, правејќи впечатливо партнерство во центарот на одбраната заедно со Ернесто Кастано. Во август 1965 година, тој го освоил својот прв трофеј со клубот, Купот на Италија. Две години подоцна, на крајот на сезоната 1966-1967 тој го освоил своето прво и единствено скудето.
Во 1969 година Берчелино се преселил во Бреша, а во ноември 1970 година клубот се договорил со Лацио за позајмица на играчот, кој сепак никогаш не го облекол "бјанкочелестиот" дрес заради разни договорни проблеми и проблеми со членството; тој се посветил на семејниот бизнис и ја завршил својата фудбалска кариера на возраст од 30 години.
Потоа, сепак тој се вратил во фудбалот и бил тренер на неколку аматерски клубови во Пиемонт.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Своето деби за италијанската репрезентација, Берчелино го направил на 1 мај 1965 година во победата со 4-1 над Велс во пријателски натпревар. Потоа тој одиграл неколку натпревари во квалификациите за Европското првенство 1968. Конечно, тој бил меѓу играчите повикани од страна за селекторот Валкареџи за самото Европско првенство 1968 година на кое Италија била шампион. Тој одиграл само еден натпревар на турнирот во полуфиналето против СССР кое по 120 минути игра без постигнат гол (0-0) на крајот Италија го добила после фрлање на паричка.
Хронологија на репрезентативни настапи
[уреди | уреди извор]Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
1-5-1965 | Фиренца | Италија | 4 – 1 | Велс | Пријателска | - | ||
1-11-1967 | Козенца | Италија | 5 – 0 | Кипар | Квал. за Евро 1968 | - | ||
18-11-1967 | Берн | Швајцарија | 2 – 2 | Италија | Квал. за Евро 1968 | - | ||
23-12-1967 | Каљари | Италија | 4 – 0 | Швајцарија | Квал. за Евро 1968 | - | ||
6-4-1968 | Софија | Бугарија | 3 – 2 | Италија | Квал. за Евро 1968 | - | ||
5-6-1968 | Неапол | Италија | 0 – 0 прод. | Советскиот Сојуз | Евро 1968 - Полуфинале | - | ||
Вкупно | Настапи | 6 | Голови | 0 |
Титули
[уреди | уреди извор]Клупски
[уреди | уреди извор]Јувентус
[уреди | уреди извор]- Серија А : 1
- Куп на Италија : 1
Репрезентативни
[уреди | уреди извор]Италија
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Marco Sappino (ноември 2000). Dizionario del calcio italiano. 1. Baldini & Castoldi. стр. 69.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Џанкарло Берчелино“ на Ризницата ? |