Ќафасан
Изглед
Ќафасан | |
---|---|
Поглед на Ќафасан во Албанија од македонска страна преку Охридското Езеро | |
Надм. вис. | 1.234 м |
Пат | Е852 |
Место | Албанија - Македонија |
Ќафасан (во постари извори: Ќафасхан;[1] албански: Qafë Thanë) — граничен премин меѓу Албанија и Македонија.
Ова е крајната точка на патот Е852 (Охрид - Струга - Ќафасан) и претставува превој меѓу најјугоисточните делови на планината Јабланица и Охридското Езеро. Превојот се наоѓа на надморска височина од 1.234 метри. Најблиските населени места од албанската страна е селото Лин на истоимениот полуостров во општината Поградец од Горичката и селото Прењас во истоимената општина од Елбасанската област.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Чернев, Бойчо Кралев. През в. Кръстец за Албания, - във: Войнишки сборник на шипченци 1915-1917, Редактирал Тодор Христов, София 1917, с. 141.
41°05′24″N 20°36′27″E / 41.0900° СГШ; 20.6074° ИГД
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија за место во Албанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |