Прејди на содржината

Андреа Камбјазо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Андреа Камбјазо
Лични податоци
Роден на 20 февруари 2000(2000-02-20)(24 г.)
Роден во Џенова, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001810000001,81 м
Позиција одбрана, среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 27
Младинска кариера
Џенова Џенова
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2017-2022 Џенова Џенова 26 (1)
2017-2018Албисола Албисола 21 (0)
2018-2019Савона Савона 32 (2)
2019-2020Алесандрија Алесандрија 17 (0)
2020-2021Емполи Емполи 7 (0)
2022- Јувентус Јувентус 33 (2)
2022-2023Болоња Болоња 32 (0)
Репрезентација
2021-2023 Италија Италија 21 8 (0)
2024- Италија Италија 2 (0)

Андреа Камбјазо (роден на 20 февруари 2000 година, во Џенова) — италијански фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Јувентус и на италијанската репрезентација.

Технички карактеристики

[уреди | уреди извор]

Лев бек, кој може да игра и по десната страна, подобен за позицијата страничен дефанзивец во одбрана од 4 или 3 играчи.[1][2] Покрај тоа, тој може да игра странично и како играч од средниот ред во 4-4-2 формација,[1][2][3] и, доколку е потребно, како централен играч од средниот ред.[1] Технички, тој покажува склоност кон офанзивната фаза на играта, во која се истакнува со асистенции што може да им ги пружи на соиграчите; брз и добар во прогресија, има добра промена на темпото, индивидуална техника и не се плаши да влегува во дуели.[1][2]

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Роден во Џенова, Камбјазо израснал во младинскиот сектор на истоимениот клуб.[4] За сезоната 2017-2018, тој бил позајмен на Албисола, во Серија Д, за којa одиграл 21 натпревар и на крајот од првенството изборил промоција во Серија Ц.[5] Следната година бил испратен на позајмица во Савона, повторно во Серија Д. Во оваа прилика, тој го постигнал својот прв гол во кариерата, уште на своето првенствено деби за Савона, во победата со 4-1 на домашен терен над Боргаро. Сезоната ја завршил со 32 настапи и 2 гола.

На 2 август 2019 година, тој трета сезона по ред заминал на позајмица, овојпат во Алесандрија во Серија Ц.[6] Своето деби за клубот го имал на 25-ти истиот месец, во натпреварот со кој била отворена сезоната против Гоцано. Во дресот на Алесандрија во сезоната 2019-2020, која останала не завршена до крај поради пандемијата на КОВИД-19, собрал 17 настапи.

Во сезоната 2020-2021, Камбјазо бил позајмен на Емполи, во Серија Б.[7] Поради присуството на неговата позиција на Фабијано Паризи и Алекса Терзиќ,[3] тој добил можност од тренерот Алесио Дионизи да игра само во 7 првенствени натпревари, но иако како спореден играч сепак помогнал во освојувањето на првенството и последователната промоција во Серија А.[2]

После четири години позајмици, тој се вратил во Џенова за сезоната 2021-2022 и го имал своето деби во Серија А на 21 август, на 21-годишна возраст, во натпреварот од првото коло на првенството во кое грифоните загубиле со 4-0 од Интер на стадионот Џузепе Меаца.[4] Играјќи редовно како стартер во Џенова уште од самиот почеток на сезоната[4] на 29-ти истиот месец тој го постигнал својот прв гол во елитната дивизија во Италија, во поразот на домашен терен со 2-1 од Наполи.[8] Првата сезона во Серија А во кариерата, ја завршил со 26 настапи и еден гол, оставајќи многу добар впечаток. Сепак и покрај позитивната сезона на личен план, истата за неговата екипа завршила разочарувачки со испаѓање во Серија Б.

Настапите понудени во неговата прва сезона во Серија А му го привлекле вниманието на Јувентус, кој го купил на 14 јули 2022 година за сума од 8,5 милиони евра плус бонуси;[9] во исто време, клубот од Торино за следната сезона го позајмил на Болоња,[10] каде брзо се наметнал во стартните единаесет[11] и придонесува за позитивнaтa сезона на Болоња која го завршила првенството во средината на табелата.[12]

Откако се вратил во Јувентус во летото 2023 година, тој го имал своето деби во црно-белиот дрес на 20 август, во победата со 0-3 на гостувањето кај Удинезе, забележувајќи асистенција за третиот гол кој го постигнал Адријан Рабио.[13] Својот прв гол за клубот од Торино го постигнал на 28 октомври истата година, проследувајќи ја топката во мрежата во последните секунди за победата со 1-0 на домашен терен против Верона;[14] потоа на 4 јануари 2024 година, го постигнал својот прв гол во Купот на Италија, во победата со 6-1 над Салернитана во осминафиналето.[15] Подоцна, со Јувентус го освоил Купот на Италија, по победата со 1-0 над Аталанта, за која тој асистирал за одлучувачкиот гол на Душан Влаховиќ.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

На 30 август 2021 година, тој го добил својот прв повик во италијанската репрезентација под 21 година, од тренерот Паоло Николато,[8] но дебитирал неколку месеци подоцна, на 12 ноември, играјќи како стартер во натпреварот добиен со 2-0 во Даблин против Ирска, во квалификациите за Европското првенство 2023.[16] Откако Италија се квалификувала, Камбјазо бил повикан да ја претставува својата земја на споменатото првенство кое се одржало во Грузија и Романија.[17] За време на првенството забележал еден настап, заменувајќи го Раул Беланова во третиот натпревар од групната фаза, против Норвешка, кој aѕурините го загубиле со 1-0 и со тоа ја потпишале својата елиминација.[18]

Во ноември 2023 година, тој за првпат бил повикан во сениорската репрезентација од селекторот Лучано Спалети, за квалификациските натпревари за Европското првенство 2024 против Македонија и Украина,[19] но и во двата останал неискористена замена; неговото деби, сепак се случило на 21 март 2024 година, кога излегол на теренот како стартер во пријателскиот натпревар на аѕурите во Форт Лодердејл против Венецуела.[20]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
21-3-2024 Форт Лодердејл Венецуела Венецуела 1 – 2 Италија Италија Пријателска - заменет 74'
24-3-2024 Харисон Еквадор Еквадор 0 – 2 Италија Италија Пријателска - влегол во игра 88' добил жолт картон во 89-тата минута 89'
Вкупно Настапи 2 Голови 0

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 15 мај 2024.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2017-2018 Италија Албисола Д 21+3[21] 0 КИ-Д 1 0 - - - - - - 25 0
2018-2019 Италија Савона Д 32+1[22] 2 КИ-Д 3 0 - - - - - - 36 2
2019-2020 Италија Алесандрија Ц 17 0 КИ+КИ-Ц 1+1 0 - - - - - - 19 0
2020-2021 Италија Емполи Б 7 0 КИ 2 0 - - - - - - 9 0
2021-2022 Италија Џенова А 26 1 КИ 2 0 - - - - - - 28 1
2022-2023 Италија Болоња А 32 0 КИ 2 0 - - - - - - 34 0
2023-2024 Италија Јувентус А 33 2 КИ 5 1 - - - - - - 38 3
Вкупно во кариерата 172 5 17 1 - - - - 189 6
Албисола
2017-2018 (група E)
Емполи
2020-2021
Јувентус
2023-2024
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Marco Baridon (29 јуни 2022). https://www.juventusnews24.com/cambiaso-juve-chi-e-esterno-genoa-obiettivo-curiosita-storia-carriera-dybala-caratteristiche/. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Stefano Fonsato (4 јули 2022). „Juventus, chi è Andrea Cambiaso: una favola alla Moreno Torricelli. In 3 anni dalla D con l'Albissola ad Allegri“.
  3. 3,0 3,1 Tommaso Carmignani (2020-12-02). „Cambiaso e Parisi, adesso l'Empoli si affida a loro due“.
  4. 4,0 4,1 4,2 „La passione del nonno, la gavetta in D e ora l'azzurro: chi è Cambiaso, sorpresa del Genoa“. Посетено на 2021-11-29.
  5. „Albissola 2010: un miracolo in Liguria stile Leicester, dalla Promozione alla Serie C in 3 anni“. 9 мај 2018. Посетено на 21 септември 2021.
  6. „Alessandria Calcio: Andrea Cambiaso arriva in prestito dal Genoa“. 2 август 2019.
  7. „Andrea Cambiaso è un nuovo calciatore dell'Empoli“. 21 септември 2020.
  8. 8,0 8,1 „Da raccattapalle al primo goal in Serie A: chi è Andrea Cambiaso“. 29 agosto 2021. Архивирано од изворникот на 7 март 2023. Посетено на 31 август 2021. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  9. „Cambiaso è un nuovo giocatore della Juventus“. 14 јули 2022.
  10. „Andrea Cambiaso al Bologna“. 15 јули 2022.
  11. Dario Saltari (2023-02-28). „Thiago Motta ha fatto suo il Bologna“.
  12. Mirko Mazzali (2023-05-17). „Serie A. Bologna, Cambiaso: "Siamo ancora in corsa per l'ottavo posto".
  13. „Udinese - Juventus | La Sintesi“. 2023-08-20.
  14. „Juventus-Hellas Verona | La sintesi“. 2023-10-28.
  15. „Coppa Italia | Juventus-Salernitana | La sintesi“. 2024-01-04.
  16. „Qualificazioni europee. Grande vittoria dell'Italia a Dublino, firmata dai gol di Lucca e Cancellieri“. 2021-11-12. Посетено на 2021-11-13.
  17. „Ufficializzata la lista dei 23 convocati per il Campionato Europeo, c'è anche Gnonto“. 13 јуни 2023.
  18. „L'Italia perde 1-0 con la Norvegia e viene eliminata dall'Europeo, ai quarti Francia e Svizzera“. 2023-06-28.
  19. „La prima volta di Cambiaso e Colpani. "L'emozione di leggere il nostro nome nella lista dei convocati, l'ingresso a Coverciano: bellissimo". 2023-11-15.
  20. „L'Italia esulta con Retegui, il 2-1 al Venezuela porta la firma dell'attaccante del Genoa“. 2024-03-21.
  21. Скудето Серија Д.
  22. Плејоф.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]