Прејди на содржината

Османлиска архитектура

Од Википедија — слободната енциклопедија

Османлиската архитектура е архитектура на која била создадена во времето на Османлиското Царство. Нејзиното време започнува во Бурса и Едрене во текот на 14 век и 15 век. Оваа архитектура е во голем степен наследник на архитектурата на селџуците, има големо влијание од Иран и исламските традиции на мамелуците, како и византиската архитектура.[1][2][3] Скоро петстотини години, византиската архитектура служела како модел за многу од османлиските џамии.[3] Како севкупност, османлиската архитектура низ историјата е запишана како мешавина од архитектурни традиции на Средоземното Море и Блискиот Исток.[4] Исламската архитектура, која долго време се темелела на обични градби со опширни декорации, била променета од османлиската архитектура, која најмногу се заснова на религијата. Во Македонија, особено во Скопје и во Битола, може да се најдат некои од најдобрите примери на Отоманската архитектура надвор од денешна Турција.

Рана архитектура

[уреди | уреди извор]

Во родната си Средна Азија, Турците живееле во куполи, како минипалати. Тие палати подоцна повлијаеле на архитектурата на Османлиите. Кога селџуците први престигнале во Иран, од нив произлегла архитектурата на старите традиции. Селџуците изградиле и нови видови на структурни елементи, како медресата. Првата позната медреса е Низамијах која датира од 11 век и била изградена од страна на Низам ал-Мулк, трите медреси во Нишапур, Тус и Багдад. Друга област во која придонеселе селџуците во архитектурата се сводовите и мавзолеите.

Од 12 век датираат итн. каравансараите. Нивните градби обично се изработени од тула, а внатрешните и надворешни ѕидови од декоративен материјал, направени од смеса на вар, прав, гипс и мермер.

Рана османлиска архитектура

[уреди | уреди извор]

Со создавањето на Османлиското Царство, годините од 1300 до 1453 година ја сочинуваат т.н. рана османлиска архитектура, кога отоманското искуство е во период на барање на нови идеи во архитектурата. Тој период е сведок на три типа на џамии: диференциран, единичен и subline-angled џамии. Џамијата Хаџи Озбек во Изник е пример за османлиската еднократна џамија. Куполниот архитектурен стил еволира од Бурса и Едрене. Џамиите во Бурса и Одрин биле првите кои биле изградени од страна на Османлиите, претежно со една купола. Падот на Цариград и префрлањето на престолнината на Османлиското Царство од Едрене во Цариград предизвикала голема промена во архитектурниот стил на империјата. Градба која била изградени во периодот на преместувањето на престолнината е Џамијата Бајазид II, која се смета исто така за раниот период од развојот на османлиската архитектура, потоа Фатих џамија, Топкапи-сарај и други.

Класичен период

[уреди | уреди извор]

Во времето на класичниот период, една од главните одлики е неразделноста односно споеноста на внатрешниот двор со џамијата. Главен архитект од тоа време е Синан (1492-1588). Синан создал една нова ера не само во османлиската архитектура туку и во светската, создавајќи вкупно 334 градби во различни градови. Првата позначајна градба му била џамијата Шехзаде од 1548 година, Сулејмановата џамија од 1557 година, и Селимовата џамија во Едрене.

Во времето на султан Ахмед III (1703-1730), османлиската архитектура, благодарение на врските си со Франција започнала да попаднува под влијание на барокот и рококото, кои веќе биле популарно развиени во Западна Европа. Се претпоставува барокната архитектура била разработена од страна на селџуците.[5][6] Пример за тоа е џамија Дивриги која денеска спаѓа во Списокот на светско културно и природно наследство на УНЕСКО. Честопати овој период се нарекува и селџукски барок. Од овде тој се појавил и во Италија и Франција.

Црквите во Османлиското Царство

[уреди | уреди извор]

По Падот на Цариград и преземањето на градот од страна на Османлиите, многу цркви и манастири, изградени со византиски стил, биле претворени во џамии. Една од најпознатите такви е Света Софија во Истанбул. Во Македонија, Света Софија во Охрид и црква посветена на Архангел Михаил во Штип биле претворени во џамии. Џамијата на Султан Мурат во Скопје може да се изградени врз урнатините на црквата на Свети Георгиј. Јени џамија во Битола, исто така, беше изграден на местото на една црква. Во овие случаи не е сигурно дека црквите биле уништени, всушност, од страна на Османлиите. Исто така можно е дека тие веќе биле руинирани на почетокот на Отоманското владеење и дека градителите на џамии направија само употребата на "свето место". Според османлиската практика, на местото на една црква може повторно да се користат кога тоа не се користи за повеќе од 40 години. И покрај општиот исламски ограничувања на црквата зграда, таму биле изградени одреден број на нови цркви во Македонија под отоманска власт. Примерите вклучуваат црквата Св Ѓорѓи во Младо Нагоричане и манастирската црква (Светите Архангели) во Кучевиште.

Османлиски барок

[уреди | уреди извор]

Основни и најпознати градби во Османлиското Царство во т.н. текот на Османлиски барокот се: џамијата Зејнеп Султан, Џамија Лалели, Гробот Фатих.

Доцен период

[уреди | уреди извор]

Џамијата Нусретије и џамијата Ортаќој, гробот на Султан Махмуд, Беглербеговскиот дворец, Долмабахче се најпознатите градби од тој период. Архитекти од тој период биле Балијан и неговото семејство. Џамијата Пертевнивел Султан, училиштето Хидарпаша, Лилели Харикзедеган се најпознатите градби од т.н. касен период од османлиската архитектура.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. Necipoğlu, Gülru (1995). Muqarnas: An Annual on Islamic Art and Architecture. Volume 12. Leiden : E.J. Brill. стр. 60. OCLC 33228759. Посетено на 2007-08-20.
  2. Behrens-Abouseif, Doris (1989). Islamic Architecture in Cairo: An Introduction. Leiden ; New York : E.J. Brill. стр. 29. ISBN 9004086773. Посетено на 2007-08-20.
  3. 3,0 3,1 Rice, John Gordon; Robert Clifford Ostergren (2005). „The Europeans: A Geography of People, Culture, and Environment“. The Professional geographer. 57 (4). ISSN 0033-0124. Посетено на 2007-08-20.
  4. Grabar, Oleg (1985). Muqarnas: An Annual on Islamic Art and Architecture. Volume 3. Leiden : E.J. Brill. ISBN 9004076115. Посетено на 2007-08-20.
  5. Hoag, John D (1975). Islamic architecture. London: Faber. ISBN 0571148689.
  6. Aslanapa, Oktay (1971). Turkish art and architecture. London: Faber. ISBN 0571087817.