Гент
Гент Ghent Gand Gent | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Поглед на Гент од катедралата Сент Баво со Гентската камбанарија и црквата Свети Никола | |||
Земја | Белгија | ||
Заедница | Фламанска | ||
Област | Фламанска | ||
Покраина | Источна Фландрија | ||
Округ | Гент | ||
Управа | |||
• Градоначалник (список) | Матијас де Клерк | ||
Површина | |||
• Вкупна | 156,18 км2 (6,030 ми2) | ||
Население (2018-01-01)[1] | |||
• Вкупно | 260.341 | ||
• Густина | 17/км2 (43/ми2) | ||
Пошт. бр. | 9000–9052 | ||
Повик. бр. | 09 | ||
Мреж. место | www.gent.be |
Гент (холандски: Gent; француски: Gand) — град и општина во Фламанската Област на Белгија. Претставува главен и најголем град во покраината Источна Фландрија и е втора по големина општина во Белгија, по Антверпен. Градот бил основан како населба во сливот на реките Шелда и Лаје, и во доцниот среден век станал еден од најголемите и најбогатите градови во северна Европа, со околу 50.000 жители во 1300 година.
Гент е пристаниште и универзитетски град. Општината е сочинета од градот Гент, но и од околните градови: Афсне, Дестелдонк, Дронген, Гентбрухе, Ледеберг, Маријакерке, Мендонк, Остакер, Синт Амандсберг, Синт Денијс Вистрем, Синт Краус Винкел, Вонделгем и Звијнарде. Со 262.219 жители, во почетокот на 2019 година, Гент е вториот најголем белгиски град според бројот на населението. Површински, Гент, сосе околните области се простира на 1205 квадратни километри. Во моментов градоначалник на Гент е Матијас де Клерк.
Историја
[уреди | уреди извор]Археолошки докази прикажуваат човечко присуство во подрачјето на сливот на Шелда и Леи што датираат од Каменото и Железното време.[2]
Поголемиот број историчари веруваат дека старото име за Гент, „Ганда“, е потекнува од келтскиот збор ганда, што значи слив. Други извори го поврзуваат името на градот со непознато божество наречено Гонтија.
Нема пишани документи за римскиот период, но археолошките истражувања потврдуваат дека подрачјето на Гент бил населен во оваа доба.
Среден век
[уреди | уреди извор]Во рамките на округот Фландрија, градот се развивал и од 11 век, станал мал град-држава. До 13 век, Гент бил најголемиот град во Европа северно од Алпите, веднаш по Париз; тој бил поголем од Келн и Москва. Во градските ѕидини живееле 65.000 луѓе. Камбанаријата и кулите на катедралата Свети Баво и црквата Свети Никола се само неколку од објектите препознатливи за хоризонтот на градот.
Реките течеле во област каде што многу земјиште било периодично поплавувано. Ваквото земјиште било идеално за одгледувањето на овци, чија волна била употребувана за изработка на текстил. Во средниот век Гент бил водечки град за производство на текстил.
Индустријата за волна, основана во Бриж, придонела за создавање на првата европска индустриска зона во Гент во средниот век. Трговската зона била толку развиена, што дополнителна волна морало да се увезува од Шкотска и Англија. Ова било една од причините за добри односи на Фландрија со Шкотска и Англија.
Рано модерно време
[уреди | уреди извор]Градот закрепнал во 15 век, кога Фландрија била обединета со соседните провинции под водство на војводите од Бургундија. Високите даноци довеле до бунт, по што следела Битката кај Гавере во 1453 година, во која Гент претрпел ужасен пораз од војската на Филип Добриот. Во ова време центарот на политичко и општествено значење во Ниските Земји почнал да се префрла од Фландрија (Бриж-Гент) во Брабант (Антверпен - Брисел).
Во 1500 година, Јована I Кастиљска го родила Карло V, кој станал цар на Светото Римско Царство и крал на Шпанија. Иако роден во Гент, тој го казнил градот и со побуната во Гент од 1539 година, ги обврзал градските благородници да шетаат боси пред царот со јамка околу вратот.
Кон крајот на 16 и 17 век градот доживува уништување поради Осумдесетгодишната војна. Со оваа војна завршува улогата на Гент како центар со меѓународно значење.
19 век
[уреди | уреди извор]Во XVIII и XIX век, текстилната индустрија во Гент повторно зема замав. Ливен Боувенс, шверцувајќи ги индустриските и фабричките машински планови надвор од Англија, ја донел првата машина за механичко ткаење на европскиот континент во 1800 година.
20 век
[уреди | уреди извор]Гент бил окупиран од Германците во двете светски војни, но избегнал тешко уништување. Во Втората светска војна, градот бил ослободен од страна на британската 7-ма оружена дивизија „Пустински стаорци“ и од локалните белгиски борци, на 6 септември 1944 година.
Географија
[уреди | уреди извор]Со сплотувањето на општините во 1965 и 1977 година, градот бил составен од следниве подрачја:
- Гент
- Мариjакерке
- Дронген
- Вонделгем
- Синт-Амандсберг
- Остакер
- Дестелдонк
- Мендонк
- Синт-Крaус-Винкел
- Ледеберг
- Гентбрухе
- Афсне
- Синт-Денејс-Вестерм
- Звiјнарде
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Клима
[уреди | уреди извор]Климата во оваа област има блага разлика меѓу високите и ниските нивоа, а во текот на целата година е врнежливо.
Climate data for Ghent (1981–2010 normals, sunshine 1984–2013) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Month | Jan | Feb | Mar | Apr | May | Jun | Jul | Aug | Sep | Oct | Nov | Dec | Year |
Average high °C (°F) | 6.2 (43.2) |
7.0 (44.6) |
10.8 (51.4) |
14.5 (58.1) |
18.1 (64.6) |
20.6 (69.1) |
23.0 (73.4) |
22.9 (73.2) |
19.7 (67.5) |
15.3 (59.5) |
10.1 (50.2) |
6.5 (43.7) |
14.7 (58.5) |
Daily mean °C (°F) | 3.4 (38.1) |
3.8 (38.8) |
6.8 (44.2) |
9.4 (48.9) |
13.2 (55.8) |
15.9 (60.6) |
18.1 (64.6) |
17.9 (64.2) |
14.9 (58.8) |
11.2 (52.2) |
7.0 (44.6) |
4.0 (39.2) |
10.6 (51.1) |
Average low °C (°F) | 0.7 (33.3) |
0.4 (32.7) |
2.7 (36.9) |
4.5 (40.1) |
8.3 (46.9) |
11.1 (52.0) |
13.2 (55.8) |
12.8 (55.0) |
10.2 (50.4) |
7.2 (45.0) |
3.9 (39.0) |
1.5 (34.7) |
6.4 (43.5) |
Average precipitation mm (inches) | 70.7 (2.78) |
56.2 (2.21) |
61.5 (2.42) |
50.6 (1.99) |
63.1 (2.48) |
74.3 (2.93) |
77.4 (3.05) |
84.2 (3.31) |
74.2 (2.92) |
81.7 (3.22) |
82.7 (3.26) |
82.2 (3.24) |
858.8 (33.81) |
Average precipitation days | 12.6 | 10.8 | 12.0 | 10.1 | 11.1 | 10.5 | 10.3 | 10.0 | 10.9 | 12.1 | 13.4 | 13.0 | 136.8 |
Mean monthly sunshine hours | 61 | 79 | 123 | 172 | 204 | 196 | 209 | 196 | 144 | 118 | 66 | 50 | 1,618 |
Source: Royal Meteorological Institute [3] |
Туризам
[уреди | уреди извор]Архитектура
[уреди | уреди извор]Сообраќај
[уреди | уреди извор]Како еден од најголемите градови во Белгија, Гент има високо развиен транспортен систем.
Патен сообраќај
[уреди | уреди извор]Автомобилски, градот е достапен преку два автопата:
- Е40 го поврзува Гент со Бриж и Остенде на запад, а на исток со Брисел, Лувен и Лиеж.
- Е17 го поврзува Гент со Синт-Никлас и Антверпен на север, а со Кортријк и Лил на југ.
Исто така Гент има две обиколници:
- R4 ја поврзува периферијата на Гент со градот и околните села, а исто така води до патиштата E40 и E17.
- R40 ги поврзува различните центри на центарот меѓу себе и обезбедува пристап до главните авении.
Железница
[уреди | уреди извор]Општина Гент се состои од пет железнички станици :
- Гент-Сент-Питерс: меѓународна железничка станица со железнички врски со Бриж, Брисел, Антверпен, Кортријк, други белгиски градови и Лил. Станицата, исто така, нуди директна врска со аеродромот во Брисел - Завентем.
- Гент-Дампорт станица: меѓуградска железничка станица со врски со Синт-Никлас, Антверпен, Кортријк и Еокло.
- Гентбрухе: обласна железничка станица помеѓу двете главни железнички станици, Синт-Питерс и Дампорт.
- Вонделгем: обласна железничка станица со врски со Еколо еднаш на час.
- Дронген: обласна железничка станица во селото Дронген, која има директна врска до Бриж.
Јавен превоз
[уреди | уреди извор]Гент има широка мрежа на линии за јавен превоз, управувана од De Lijn.
- Линија 1: Фландрија Експо - Синт-Питерс-станица - Коренмаркт (центарот на градот) - Вонделгем - Евергем
- Линија 2: Zwijnaarde Bibliotheek - Sint-Pieters-Station - Zonnestraat (центарот на градот) - Брабантдам - Zuid - Melle Leeuw
- Линија 4: UZ - Sint-Pieters-Station - Muide - Korenmarkt (центарот на градот) - Zuid - Moscou
- Линија 21: Zwijnaarde Bibliotheek - Sint-Pieters-Station - Zonnestraat (центарот на градот) - Zuid - Melle Leeuw (сплотена во линија 2)
- Линија 22: Кутер - Биљокехоф - Синт-Питерс-станица - Зоннестрат (центарот на градот) - Зуид - Гентбрург (споен во линија 2)
Автобуси
[уреди | уреди извор]- Линија 3: Mariakerke - Korenmarkt (центарот на градот) - Dampoort - Gentbrugge (порано тролејбус линија, видете ја сликата подолу)
- Линија 5: Ван Беверенлајн - Синт-Џејкобс (центарот на градот) - Зуид - Хевелпоорт - Ниув-Гент
- Линија 6: Watersportbaan - Zuid - Dampoort - Meulestede - Wondelgem - Mariakerke
- Линија 8: АЗ Син-Лукас - Синт-Џејкобс (центарот на градот) - Зуид - Хејвелпорт - Артеделдепарк
- Линија 9: Mariakerke - Malem - Sint-Pieters-Station - Ledeberg - Gentbrugge
- Линија 17/18: Дронген - Малем - Коренмаркт (центарот на градот) - Демпорт - Остаккер
- Линија 38/39: Блаармерсен - Еккерм-Коренмаркт (центарот на градот) - Дампорт - Синт-Амандсберг
Спорт
[уреди | уреди извор]Во белгиската прва фудбалска дивизија Гент го претставува клубот КАА Гент, кој за првпат во својата историја, станал белгиски фудбалски шампион во 2015 година. Друг фудбалски клуб од Гент е ГРЦ Гент-Зеехвен, актуелен во четвртата белгиската дивизија. Фудбалските натпревари на Летните олимписки игри во 1920 година биле одржани во Гент.[4]
Шест дена Гент, шестдневната велосипедска трка, се одржува секоја година, на велодромот Кујпек во Гент. Во друмскиот велосипедизам, градот е домаќин на традиционалната трка Omloop Het Nieuwsblad.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Гент е збратимен со:
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Wettelijke Bevolking per gemeente op 1 januari 2018“. Посетено на 9 март 2019.
- ↑ „History of Gent“. www.gent.be. Архивирано од изворникот на 18 August 2005. Посетено на 5 May 2006.
- ↑ "Klimaatstatistieken van de Belgische gemeenten" (PDF) (in Dutch). Royal Meteorological Institute. Retrieved 29 May 2018.
- ↑ FIFA Confederations Cup - Olympic Football Tournament Antwerp 1920 - FIFA.com [{{{1}}} Архивирано] на {{{2}}}.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 „Ghent Zustersteden“. Stad Gent (холандски). City of Ghent. Архивирано од изворникот на 2013-07-28. Посетено на 20 July 2013.
- ↑ „European networks and city partnerships“. Nottingham City Council. Архивирано од изворникот на 25 June 2012. Посетено на 20 July 2013.
- ↑ „Wiesbaden's international city relations“. Посетено на 24 December 2012.