Прејди на содржината

Општина Пиран

Координати: 45°29′N 13°37′E / 45.483° СГШ; 13.617° ИГД / 45.483; 13.617
Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Пиран
Občina Piran, Comune di Pirano
општина
Грб на Општина Пиран
Местоположба на општината во Словенија
Местоположба на општината во Словенија
Земја Словенија
СедиштеПиран
Управа
 • ГрадоначалникЏенио Задкович
Површина[1]
 • Вкупна44,6 км2 (172 ми2)
Население (2020)[2]
 • Вкупно17.676
 • Густина40/км2 (100/ми2)
Час. појасCET (UTC+01)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02)
Мреж. местоpiran.si

Општина Пиран (словенечки: Občina Piran, италијански: Comune di Pirano) — општина во областа Приморска, југозападна Словенија. Седиште е крајбрежниот град Пиран.[3] Во 2020 г. населението броело 17.676 жители.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]

Општината се граничи со Хрватска на југ и општините Изола и Копер на исток. Преку Трстјанскиот Залив гледа во Италија. Земјиштето е прилично ниско, при што највисоката точка Баретовец при Падни е висока само 289 м.[4]

Населени места

[уреди | уреди извор]

Покрај општинското седиште Пиран, општината ги опфаќа и следните населени места:

Двојазичен знак на словенечки и италијански.

Општината е двојазична, во која словенечкиот и италијанскиот се службени. Денес бројот на италијански говорници е мал, за разлика од почетокот на XX век. Според австрискиот попис од 1910 г. селата во подрачјето на денешната општина биле мешани; во едни (како Свети Петер и Падна) живееле речиси исклучиво Словенци, додека пак во други (Сечовље и Сеча) скоро сите говореле само италијански. Во целина, на тој попис 85,1 % од населението биле италијански говорници, а 15,2 % биле Словенци.

  1. „Občina Piran“. Statistični urad Republike Slovenije. Архивирано од изворникот на 2021-12-17. Посетено на 2 април 2020.
  2. 2,0 2,1 „Prebivalstvo po naseljih, podrobni podatki, Slovenija, 1. januar 2020“. Statistični urad Republike Slovenije. 8 јуни 2020. Посетено на 8 јуни 2020.
  3. Vzpostavitev lokalne samouprave v Republiki Sloveniji v številkah. Ljubljana: Statistični urad Republike Slovenije. 2007. стр. 95. Архивирано од изворникот на 2020-10-02. Посетено на 2 април 2020.
  4. „Predstavitev“ (словенечки). Piran.si. Архивирано од изворникот на 2012-08-13. Посетено на 2 април 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]