УНДП
| |||||
Тип | Програма | ||||
Акроними | УНДП | ||||
Челник | Аким Штајнер | ||||
Статус | активна | ||||
Основана | 1965 г. | ||||
Мрежно место | www.undp.org | ||||
Парент организација | Економски и социјален совет[1] | ||||
Wikimedia Commons |
United Nations | ||||
Портал | ООН Портал |
---|
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) претставува глобална развојна мрежа на Обединетите нации. УНДП функционира како управен одбор внатре во самото Генерално собрание на Обединетите нации. Администраторот на УНДП е третиот по ред највисоко рангиран член на Обединетите нации веднаш по Генералниот секретар и заменикот на Генералниот секретар на Обединетите нации.
Со седиште во Њујорк, УНДП е целосно финансирана од страна на земјите-членки кои даваат донации. Организацијата има отворено свои канцеларии во 166 земји, каде што работи со локалните влади за изнаоѓање на решенија за глобалните и локалните развојни предизвици. Во прилог на ова, на меѓународно ниво, УНДП им помага на земјите во остварување на Милениумските развојни цели. УНДП им пружа стручни консултации, обука и ограничена помош на земјите во развој, а особено на најнеразвиените земји. Со цел остварување на Милениумските развојни цели и поттикнување на глобалниор развој, УНДП се залага за намалување на сиромаштијата, ХИВ/СИДА, исто така за демократско управување, енергетика и животна средина како и за превенција од криза и нејзино надминување. УНДП како организација се залага и за заштита на човековите права и еманципацијата на жените е застапена во сите нејзини програми.
Освен тоа, УНДП објавува годишен Извештај за човеков развој. Како дополнение на глобалниот Извештај, УНДП издава и регионални, национални и локални Извештаи за човеков развој.
Историја
[уреди | уреди извор]УНДП е основана во 1965 година со здружување на Проширената програма за техничка поддршка и Специјалниот фонд на Обединетите нации. Во 1971 г. и двете организации беа преименувани во УНДП.
Буџет
[уреди | уреди извор]Во 2005г. вкупниот буџет на УНДП изнесуваше околу 4 милијарда долари. Од таа целосна сума, неограниченото финансирање достигна околу 921 милион долари. Забележителните донации достигнуваа висина дури до 2 милијарди долари, а ресурсите за поддршка на земјите и нивните сопствени програми за развој изнесуваа 1 милијарда долари.
Надлежности
[уреди | уреди извор]УНДП има свои канцеларии и персонал во 166 земји, каде што работи со владите и локалните општини на изнаоѓање решенија за глобални и национални развојни предизвици. УНДП ги поврзува и координира глобалните и национални напори за постигнување на целите и националните развојни приоритети на одделните земји. УНДП главно се залага за решавање на пет развојни предизвици: Демократско управување- УНДП ги поддржува националните демократски транзиции преку пружање на стратегиски консултации и техничка поддршка, подобрување на институцискиот и поединечен капацитет кај земјите, пружање на соодветно образование на населението и воведување на демократски реформи, промовирање на преговори и дијалог, и размена на успешни искуства меѓу земјите. УНДП исто така ги поттикнува постоечките демократски институции на дијалог, национални дебати и изнаоѓање на консензус за националните управни програми.
Намалување на сиромаштијата- УНДП им помага на земјите за развивање на стратегии за борба против сиромаштијата преку добивање на поголем пристап до економските можности и ресурси, поврзување на програмите за сиромаштијата со посериозните цели и политики на земјите, како и обезбедување на право на глас за сиромашните. УНДП се залага и за воведување на реформи во трговијата, во склоп на тоа и за даночни олеснувања и странски инвестиции. На национално ниво, ги спонзорира пилот-проектите за развој, ја промовира улогата на жените во развојот, и ги координира напорите меѓу владите, невладините организации и странските спонзори. На овој начин, УНДП работи со локалните власти и владите за да им овозможи на осиромашените луѓе да започнат свои бизниси и да ја подобрат нивната економска состојба.
Превенција на криза и нејзино надминување -УНДП работи на намалување на ризикот од вооружени конфликти и катастрофи, и го промовира предвременото надминување на настанатата криза. УНДП во склоп на своите програми за намалување на ризикот ги вклучува и напорите за спречување на пролиферацијата на мало и лесно оружје, изнаоѓање на стратегии за намалување на штетите настанати при природни катастрофи, и програми кои ја поттикнуваат примената на дипломатијата и го спречуваат насилството. Програмите за надминување на кризата вклучуваат: разоружување, демобилизација, реинтеграција на поранешните борци, програми за реинтеграција на раселени лица, повторно воведување на основните служби, како и преодни правни системи за земјите што закрепнуваат од војната.
Животна средина и енергетика- УНДП се залага да ги покрене и прашањата поврзани со животната средина, со цел да им помогне на земјите во развој постепено да се развиваат и во тој поглед. УНДП работи со земјите на зајакнување на нивниот капацитет за да ги покренат глобалните прашања поврзани со животната средина, преку обезбедување на иновативни политички консултации и поврзувајќи се со партнери вклучени во проектите кои се однесуваат на развојот на животната средина со што им се овозможува на сиромашните одржлива егзистенција.
ХИВ / СИДА- ХИВ / Сидата е голем проблем во денешното општество и УНДП се залага да им помогне на земјите да го спречат понатамошното ширење и да го намалат нејзиното влијание. Стратегијата на УНДП во поглед на животната средина е насочена кон делотворна употреба на водата, пристап до служби за енергетика, правилно управување со имот (борба против опустинувањето и деградација на имотот) зачувување и одржлива употреба на биоразновидноста како и политика којашто ќе го регулира ширењето на штетни загадувачи и супстанции кои ја уништуваат озонската обвивка. Извештај за човеков развој Од 1990г. УНДП го издава Извештајот за човеков развој, врз основа на Индексот на човековиот развој ( ИЧР ).
Координативна улога на Обединети нации
[уреди | уреди извор]УНДП игра важна координативна улога во активностите на ООН на полето на развојот. Тоа всушност го спроведува преку своето раководство со Групата за развој на ООН и преку Трајниот координативен систем.
Разоружување и контроверзија
[уреди | уреди извор]Во средината на 2006г. според Inner City Press, а подоцна и според The New Vision Архивирано на 14 февруари 2007 г., УНДП ги прекина своите програми за разуружување во Карамоџа, во регионот на Уганда, како одговор на кршење на човековите права во паралелните присилни програми за разоружување спроведени од страна на Народните одбранбени сили на Уганда.
Група за развој на Обединети нации
[уреди | уреди извор]Групата за развој на Обединетите нации ( УНДГ ) е основана од страна на Генералниот секретар во 1997г. со цел подобрување на ефикасноста програмите за развој на ООН на национално ниво. УНДГ ги поврзува сите оние агенции кои се занимаваат со проучување на економскиот развој. Со Групата претседава администраторот на УНДП. УНДП исто така го сочинува и Секретаријатот на Групата. УНДГ развива политики и процедури со што им се овозможува на членките на агенциите да работат заедно и да ги анализираат проблемите на државата, да планираат стратегии за поддршка, да имплементираат програми за поддршка, да ги следат резултатите и да се борат за промени. Со овие иницијативи се зголемува влијанието на ООН, помагајќи им на земјите во процесот на достигнување на Милениумските развојни цели, вклучуваајќи го тука и намалувањето на сиромаштијата. Повеќе од 25 агенции на ООН се членки на УНДГ. Извршниот одбор го сочинуваа четирите „ земји- основачи ”: УНИЦЕФ, УНФПА, ВФП ( WFP ) и УНДП.
Постојан координативен систем
[уреди | уреди извор]Постојаниот координативен систем ги координира активностите на сите оние организации на Обединетите нации коишто се занимаваат со проучување на економскиот развој. Постојаниот координативен систем има за цел да ги поврзе различните агенции на ОН со што би се подобрила ефикасноста и делотворноста на оперативните активности на национално ниво. Постојаните координатори, коишто ги финансира, именува и управува УНДП, ги координираат тимовите на Он во повеќе од 130 земји и се назначени претставници на Генералниот секретар за развојни операции.
Критика
[уреди | уреди извор]УНДП е критикуван од страна на својот персонал и владата на САД поради финансиски нерегуларности во Северна Кореја. Артјон Шкуртај ( Artjon Shkurtaj ) тврди дека тој самиот пронашол фалсификувани американски долари во сефот на УНДП, додека пак вработените биле исплаќани со евра. УНДП негираше постоење на какво било незаконско дело или нечисти сметки.[2]
Администратор
[уреди | уреди извор]Администраторот на УНДП поседува дипломатски статус на Генерален потсекретар на ОН. И покрај тоа што Администраторот често се смета како трет по ред највисок службеник во ОН ( веднаш по Генералниот секретар на ООН и заменик Генералниот секретар на ООН ) сепак ова никогаш официјално не е прифатено. Покрај неговите надлежности како шеф на УНДП, Администраторот исто така претседава и со Групата за развој на ООН.
Иден Администратор
[уреди | уреди извор]Администраторот е именуван од страна на Генералниот секретар на ООН.[3] По завршувањето на мандатот на Кемал Дервиш ( Kemal Dervish ), на 15 август 2009, како следен кандидат за функцијата Администратор се појавува името на Хелен Кларк(Helen Clark ), поранешен премиер на Нов Зеланд[4][5] . Нејзината кандидатура е силно поддржана од страна на владата на Нов Зеланд, Австралија, народите на Тихиот Океан и премиерот на Велика Британија,Гордон Браун. Претседателот на САД, Обама и државниот секретар Хилари Клинтон, кандидираа неколку Американци за оваа функција, меѓутоа никој од нив нема толку голем рејтинг како Хелен Кларк. Петте земји кои ќе се најдат на УНДП масата ќе имаат тешка одлука при нивниот избор. Тие се Иран ( претседавач ), Хаити, Србија, Холандија и Танзанија.
Сегашен Администратор
[уреди | уреди извор]На 5 мај 2005 г. Генералното Собрание на Обединетите нации, коешто го сочинуваат 191 земја, едногласно за Администратор на УНДП го избра Кемал Дервиш, поранешниот турски министер за финансии и висок претставник на Светската банка. Дервиш официјално го почна својот четиригодишен мандат на 15 август 2005г.
Помошник Администратор
[уреди | уреди извор]Сегашен помошник Администратор на УНДП е Ад Мелкерт( Ad Melkert ), Холанѓанец, именуван на 1 март 2006г. За време на состаноците на Групата за развој на ООН, со кои заседава Администраторот, во улога на претставник на УНДП се јавува помошникот Администратор.
Претходни Администратори
[уреди | уреди извор]Првиот администратор на УНДП бил Пол Хофман( Paul G. Hoffman ), попознат како поранешен спроведувач на Маршаловиот план. Еден од неговите следбеници е Бредфорд Морс ( Bradford Morse ), поранешен републикански конгресмен од Масачусетс. Неговиот следбеник е Вилијам Дрејпер ( William Draper ), успешен финансиски шпекулатор и пријател на Џорџ Буш, за време на чиј мандат системот на ОН доживеа огромни резултати меѓу кои беше и објавувањето на Извештајот за човеков развој. Следниот УНДП Администратор, Марк Малок Браун ( Mark Maloch Brown ), поранешен потпретседател на Светската банка, бил шеф на персоналот на Генералниот секретар на ООН, Кофи Анан. Подоцна, тој беше именуван за заменик на Генералниот секретар на ООН. До доаѓањето на новиот Генерален секретар Бан Ки Мун, Малок Браун беше именуван за директор на хеџ фондот ( приватен фонд со ризичен капитал ), сопственост на Џорџ Сорош ( George Sorosh ), успешен и снаодлив унгарски капиталист.
Амбасадори на добра волја
[уреди | уреди извор]УНДП, заедно со останатите агенции на ОН, има долга список на волонтери и ја има поддршката на многутте значајни личности како што се Амбасадорите на добрата волја или младите мисионери коишто ги промовираат клучните политики и цели на УНДП. Според мрежното место на УНДП: „Нивната слава помага да се зајакне итната и универзална порака за побрз човеков развој и меѓународна соработка, а со тоа и да се забрза процесот на исполнување на Милениумските развојни цели ”. Глобалната амбасада [1] поседува целосна список на Амбасадори на добра волја на УНДП како и на Амбасадори на добра волја на други организации на ОН.
Глобални амбасадори
[уреди | уреди извор]- Надин Гордимер
- Мисако Коно
- Роналдо
- Зинедин Зидан
- Хокон Магнус (норвешки престолонаследник)[6]
- Дидје Дрогба
- Марија Шарапова
- Анџелина Џоли
- Ланг Ланг (пијанист)[7]
Регионален амбасадор на добра волја
[уреди | уреди извор]Почесен амбасадор за човеков развој
[уреди | уреди извор]- Princess Basma Bint Talal of Jordan-принцезата Басма Бинт Талал од Јордан
Почесен советник за спорт и развој
[уреди | уреди извор]Млади мисионери
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Background Guide;: Executive board of the United Nations Development Programme (UNDP) (PDF), UN-USA, Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-06-14, Посетено на 2007-12-13 (from internet archive)
- ↑ UN denies firing 'whistleblower', BBC News, July 7, 2007, Посетено на 2007-12-13
- ↑ Post of the UNDP Administrator, Архивирано од изворникот на 2009-02-27, Посетено на 2009-03-11
- ↑ Clark gets UN job, Посетено на 2009-03-27
- ↑ Former New Zealand PM Clark confirmed in top UN post
- ↑ „His Royal Highness Crown Prince Haakon“. Royal House of Norway. 9 април 2008. Посетено на 16 ноември 2008.
- ↑ Official Website
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Игор Јанев, UN and the international financial and economic organizations, publ. Institute of Political Studies, Belgrade, 2004.
|